Продолжуваат археолошките истражувања на локалитетот Градиште во Кумановско

Со финансиска поддршка на Министерството за култура, стручните екипи од Музејот во Куманово и археолозите од Управата за заштита на културното наследство, ги продолжија ископувањата на локалитетот Градиште во близина на селото Младо Нагоричане, Кумановско, во близина на магистралниот пат кон Република Бугарија.

- На повеќеслојното наоѓалиште, на површина од 400 метри квадратни, откриени се голем број столбови и елементи од камена пластика кои, според археолозите, најверојатно припаѓале на луксузна градба, резиденција или палата, датирана од 3 до 4 век п.н.е. Поради раскошните наоди, археолозите претпоставуваат дека се работи за палата на локален владетел. Според некои истражувачи, можно е тука да било лоцирано дел од племето Агријани, познати по својата борбеност и прочуено во битките кои ги воделе за Александар Македонски, соопшти Министерството за култура.

Резултатите од годинашните ископувања се од особено значење, нагласува Министерството, затоа што преку добиените сознанија кумановскиот регион се вклучува во цивилизацијата која егзистирала во посочениот период во скопскиот, овчеполскиот и јужноморавскиот регион, а чиј развој се следи преку локалитетите Бразда, Исар - Студеничани, Градиште - Кнежје и Кале- Кршевица. Според динамиката за реализиција на предвидените активности, истражувањата на локалитетот Градиште, ќе продолжат до крајот на годинава.

- Локалитетот Градиште, Младо Нагоричино е познат по рекогносцирањата извршени пред околу 30 години, а уште при самото прибирање на површинскиот материјал, увидено е дека станува збор за богата населба лоцирана на левиот брег на Пчиња, која егзистирала во периодот на енеолитетот, железното време, раната антика и хеленизмот, соопшти Министерството за култура./МИА

Го удрила струја поради селфи на воз во движење: Кликовите се поважни (Вознемирувачко видео)

На социјалните мрежи кружи видео кое може да се опише како - лудост.

Гледаме млад човек на вагон, додека возот се движи, но не се знае кога и каде е снимен.Тој се насмевнува, очигледно добро се забавува позирајќи за селфи, а потоа настанува хаос.

Најверојатно дошол во контакт со електричната мрежа, се појавила искра, а момчето повеќе не се појавува во кадарот. Иако, како да се гледа дел од неговата нога на покривот на вагонот.

Нема информации што се случило потоа, па може да се погоди и да се надеваме дека не е тешко повреден.

Клипот првпат е објавен на Твитер, каде што собра 9,7 милиони прегледи и предизвика жестока дебата, пренесува Times Now News.

Еден корисник напишал: „Зошто луѓето пробуваат вакво нешто“, а друг додаде: „Можеби поради кликови на социјалните мрежи“.

Фолксваген драстично ја менува стратегијата

Марката Volkswagen планира да ја зголеми понудата на plug-in хибридни автомобили како одговор на забавувањето на побарувачката за електрични возила.

Проширувањето на портфолиото на PHEV е еден од главните приоритети на VW, изјави во средата извршниот директор Томас Шефер. Овој потег е промена на насоката од претходната стратегија на фокусирање главно на електрични возила преку линијата со ознака ID, пишува Bloomberg.

„Клиентите сега сакаат plug-in хибриди, вклучително и во Кина и САД“, рече Шефер во интервјуто на маргините на автомобилската конференција во Лондон.

Продажбата на plug-in хибриди во Европа порасна побрзо од продажбата на електрични возила претходно оваа година. Volkswagen ја менува својата стратегија за електрична енергија откако одложи некои модели и заостана во Кина, каде што доминираат локалните брендови. Минатата година, производителот се откажа од плановите за изградба на фабрика за електрични возила од 2 милијарди евра во Германија.

Со забавување на растот на електричните возила, производителите на автомобили се свртуваат кон познатите погонски единици за да ја одбранат продажбата и уделот на пазарот.

Тојота има корист од порастот на глобалната побарувачка за хибриди. Групацијата Mercedes-Benz претходно во средата соопшти дека ќе продава автомобили со мотори со внатрешно согорување подолго од очекуваното поради разочарувачката продажба на електрични возила.

Најновата хибридна технологија на VW, која се користи во модели како Passat и Tiguan, веќе нуди електричен опсег од повеќе од 100 километри, пишува HAK Revija.

Русите почнаа офанзива кон милионскиот Харков (ВИДЕО)

Руските сили денеска почнаа да користат оклопни возила за да ја пробијат границата со североисточниот украински регион Харков и силно ја гранатираа областа, објави Киев.

Да потсетиме дека Харков е вториот по големина украински град во кој сè уште живеат повеќе од милион луѓе по повеќе од две години војна.

Ова е најсилниот знак досега дека Русија сака да отвори нов фронт во војната. Руските сили напредувале еден километар во близина на пограничниот град Вовчанск. Борбите во пограничните области на регионот Харков продолжуваат. Киев таму итно испрати засилување, соопшти Министерството за одбрана.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека Русија започнала нова офанзива во регионот Харков.

Украински извори објавија, како што тврдат, снимки од руски возила кои учествувале во нападот. Камерите со дронови покажуваат уништување на руски камиони и оклопни возила утринава во Харковската област.

притисни ентер