Промовирана необјавена драма од Антон Панов

Синоќа во Струмица беше промовирана досега необјавената драма во пет слики „Вероника Самарак" од македонскиот драмски писател, Антон Панов.

Во Центарот за култура, што го носи неговото име, пред мал број почитувачи на неговото дело, за подзаборавената драма на Панов се осврна драматургот, Ацо Гогов.

-Ова никогаш досега објавена драма на Антон Панов и никогаш неизведена на театарска сцена се вклопува, пред се, во одбележувањето на 50 години од неговата смрт. На 28 август 1968 година тој го заврши својот живот, тука во Струмица. Ова книга е негова втора драма по „Печалбари" и е пишувана од 1936 до 1938 гоина. На почетокот и го дал насловот „Стега", а во 1951 година писателот повторно ќе се зафати со драмата и ќе направи нејзина темелна преработка и ќе и даде нов наслов-„Вероника Самарак", рече драматургот Гогов, кој додаде дека ракописотот бил пронајден во библиотеката на драмски текстови и ракописи на Струмичкиот театар.

За „Вероника Самарак" зборуваше професорот Мишел Павловски, кој во своето обраќање истакна дека ракописот на Панов нуди многу теми за размислување.

-Многу ми е драго што книгата се појавува во печатено издание, бидејќи ние зборуваме за драма и не треба да заборавиме дека таа е основа на една друга уметност која се вика театар и мислам дека би требало да биде предизвик да се види како ќе функционира драмата на сцена. Според мое длабоко убедување на театарската сцена, во едно современо толкување, би функционирала многу подобро отколку во своето печатено издание, рече професорот Мишел Павловски.

Антон Панов за време на својот живот напишал вкупно шест драмски дела и еден ракопис од афоризми. По „Печалбари", „Вероника Самарак" е негово второ издадено дело, а покрај првиот драмски текст на сцената на Струмичкиот театар е одиграна и претставата „Пиликатник" во 1996 година, која нема печатено издание.

Издавач на делото е Здружението за култура и уметност „Сцена" од Струмица, а финансиски е помогнато од општина Струмица.

Фото: Буенос Аирес доби 60 годишна Мисица

Откако беше објавено дека Алехандра Мариса Родригез стана Мис Универзум Буенос Аирес Алехандра на 60 години, цел свет сега зборува за неа.

Убавата Алехандра по професија е новинарка и адвокатка. Таа ја освои титулата за најубава жена во милионскиот Буенос Аирес, со што се квалификуваше за натпреварот Мис Универзум Аргентина.

Алехандра доби можност да се натпреварува на изборот за Мис Универзум откако старосната граница, која беше во сила од 1958 година, беше укината на крајот на 2023 година. Тоа значеше дека изборот за Мис веќе не е резервиран само за девојки на возраст од 18 до 28 години. Според новиот закон сега се бара само учесничките во изборот да бидат полнолетни. Алехандра во новиот закон ја видела можноста за учество пријавила и на крајот победила многу помлади девојки.

Сега таа ја открива тајната на нејзиниот одличен изглед.

- Неопходно е да се живее здраво, да се јаде добро, да се занимаваш со физичка активност - изјави таа за локалната телевизија Ел Трече и додаде:

- Она што се трудам е да постам повремено, мислам дека многу помага. Потоа се трудам да јадам органска храна, многу овошје, многу зеленчук и користам добри креми.

Мицкоски: Силјановска Давкова го победи Пендаровски со историска разлика од 183 илјади гласа

Силјановска Давкова го победи Пендаровски со историска разлика од 183 илјади гласа разлика, сите оние кои се претставуваат како опозициски гласови да кажат кого ќе поддржат во вториот изборен круг.

„Идниот претседател Гордана Силјановска Давкова победи во сооднос поголем од 2-1 со историска разлика од 183 илјади гласа во однос на нејзиниот против кандидат Стево Пендаровски. Тоа е историски резултат и резултат кој нас не обврзува бидејќи народот со право има големи очекувања и очекува дека идната влада на коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ треба да испорача брзи резултати“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Демир Хисар.
Претседателот Мицкоски истакна ветува дека ќе има брзи резултати.
„Од мое име и од името на коалицијата можам да ви ветам дека брзи резултати ќе има, имаме програма наречена Платформа 1198, во таа платформа, во тој документ се содржани решенија за потребите на граѓаните на Македонија бидејќи тие го најдоа своето место во таа изборна програма како резултат на неколку месечна, годишна комуникација која ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ја имаше преку организирање трибини, посети лице во лице, разговори. Сето она кое е содржано таму е навистина решение за реалните потреби на секој граѓанин во Македонија“, вели Мицкоски.
Претседателот Мицкоски продолжи и додаде:
„Вистинското прашање е дали некој овде во Демир Хисар видел програма на нашите политички противници и дали некој знае како се вика таа програма на нашите политички противници. Ние веќе ја поминавме Македонија еве веќе 25 ден од оваа кампања и претпоставувам дека нема граѓанин, нема човек во Македонија кој не знае дека ние молиме за поддршка за Македонија да биде повторно горда и твоја. Дали некој знае која е пораката на нашите политички противници освен ако се земе дека сите тие се тепаат да ги искористат двете магични букви ЕУ само тоа“, кажа Мицкоски.
Претседателот Мицкоски истакна дека една работа е сигурна после 8 мај, а тоа е дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ ќе имаат 61 пратеник, а Гордана Силјановска Давкова ќе е идниот претседател. Тој упати апел масовно на 8 мај да се излезе и да се заокружи бројот 2.
„Една работа е сигурна после 8 мај, а тоа е дека коалицијата „Твоја Македонија“ ВМРО-ДПМНЕ ќе имаат 61 пратеник и Гордана Силјановска Давкова е идниот претседател, се останато е лага. Сите оние кои се претставуваат како анти владини опозициски гласови или гласачи или политичари четири дена молчат што ќе ги советуваат гласачите кои во првиот круг го дадоа гласот за нив, што ќе прават во вториот круг на гласање. Ќе излезат да гласаат, нема да излезат да гласаат, ако излезат да гласаат што ќе ги советуваат за кого да гласаат за Стево Пендаровски или за Гордана Силјановска Давкова, ајде да ги слушнеме ајде сите да ги повикаме 4 -5 дена молчите а се претставувате како опозициски кандидати, кажете го вашиот став да го слушнат граѓаните во Македонија да видиме кој е вашиот совет бидејќи сепак неколку десетици илјади луѓе гласаа и за нив“, дециден е Мицкоски.

Со Почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Кралот Чарлс се враќа на јавните должности

Откако се појавија вести дека состојбата на британскиот крал Чарлс се влошила и плановите за неговиот погреб биле избрзани, Бакингемската палата објави дека кралот се враќа на јавните должности.

Кралот Чарлс ќе се врати на јавните должности следната недела откако неговиот третман за рак имаше позитивен ефект. 75-годишниот монарх добива амбулантна нега и е виден само неколку пати откако ја објави својата состојба во февруари, кога се повлече од ангажманите кои вклучуваа јавно говорење.

Изворите рекоа дека кралот сè уште има рак и ќе продолжи да се лекува.

- Програмата за лекување на Неговото Височество ќе продолжи, но лекарите се доволно задоволни од досегашниот напредок што сега кралот може да продолжи со низата јавни должности. Претстојните ангажмани ќе бидат приспособени таму каде што е потребно за да се минимизираат сите ризици за континуираното закрепнување - изјави портпаролот на Бакингемската палата.

притисни ентер