Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“за 2024

Меѓународната поетска манифестација „Анте Поповски – Антево перо“ го распиша конкурсот за доделување на наградата „Антево перо“ за 2024 година.

Наградата „Антево перо“ е во чест на творештвото на бардот на современата македонска поезија, Анте Поповски.

Наградата се доделува како исклучително македонско поетско признание за необјавена поетска книга (поетски ракопис).

Ракописите треба да бидат напишани во Times New Roman, фонт 12 и да бидат испратени во електронски формат pdf или word на електронската адреса: [email protected] заклучно со 05 август 2024 година. Комисијата својата одлука ќе ја соопшти кон крајот на август 2024 година.

Покрај наградата „Антево перо“, се доделуваат и придружни награди, „Антев златник“ и „Антев часовник“. Комисијата го задржува правото да не ги додели придружните награди.

На конкурсот можат да се јават сите автори кои имаат необјавен поетски ракопис на македонски јазик, без разлика на националноста, возраста, литературниот „стаж“ или државата во која живеат.Со оглед на тоа што покрај наградата „Антево перо“, на Конкурсот се доделува и наградата „Антев часовник“, Комисијата препорачува творците кои се помлади од 25 години, да наведат дека спаѓаат во оваа категорија на автори. Напоменуваме дека возраста воопшто нема да влијае на Комисијата при распределба на наградите. Доколку Комисијата оцени дека некој од младите автори има збирка која заслужува да ја добие наградата „Антево перо“, возраста воопшто нема да биде елиминаторен услов.

Наградата се состои во непрофитно објавување на поетскиот ракопис, со назнака на името на наградата на корицата од книгата, и со отстапување на комплетниот тираж (300 примероци) на авторот.

Книгата ќе биде квалитетно претставена и промовирана со посебен осврт од истакнат македонски литературен творец во рамките на Mеѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски - Антево перо“.

Најочекуваниот филм: Се снимаше со децении, режисерот вложил свои 120 милиони долари

Во пресрет на синоќешното отворање на 77. Кански филмски фестивал, пристигна трејлер за еден од најочекуваните филмови, кој е и во главната натпреварувачка селекција на Кроазета - „Мегалополис“ на познатиот Френсис Форд Копола.

- Нашиот нов филм „Мегалополис“ е најдоброто дело што сум ја имал привилегијата да режирам – рече Копола.

Светската премиера на овој филм, на кој познатиот американски режисер работеше со децении, е закажана за четврток на 77. Кански филмски фестивал. И во пресрет на премиерата на „Croisette“, конечно беше објавен првиот трејлер за епскиот спектакл.

Копола го напиша сценариото за овој филм пред четириесет години. И уште од осумдесеттите години на минатиот век се обидуваше да го протурка до големите холивудски студија, но тоа не му беше овозможено.

А легендарниот режисер кој стои зад трилогијата „Кум“ или реализацијата на „Апокалипса денес“ и „Прислушување“ ги презеде работите во свои раце и во филмот вложи дури 120 милиони долари од сопствените пари.

Во синопсисот на „Мегалополис“, толку долгоочекувано и вистинско остварување, се зборува дека се зборува за римската епска бајка, сместена во замислена модерна Америка, објави „Варајети“.

Градот Нов Рим мора да се промени. Но, оваа промена неизбежно води до конфликт помеѓу генијалниот уметник и архитект Чезаре Катилин, кој го игра Адам Драјвер, чија аспирација е да „скокне“ во утопистичка, идеалистичка иднина, и неговиот главен противник, градоначалникот Френклин Цицеро. Тој градоначалник, кој го глуми Џанкарло Еспосито, сака да го задржи регресивното статус кво, каде сè се сведува на интереси, алчност, војување.

Извор: Аваз

Во посета на Бигорски манастир митрополитот Илија и православни верници од Финска

Во посета на Бигорски манастир престојува група од триесетина млади православни лица од Финска, предводени од митрополитот на Оулу г. Илија, од автономната црква на Финска.

- Младите поклоници дојдоа од разни места на епархијата на митрополитот, којашто се наоѓа во северниот дел на Финска. Тие ја избраа Бигорската Обител, за да се запознаат со монашкиот начин на живот. За време на престојот имаат можност да се запознаат со мисијата и со секојдневието на нашето братство, препознавајќи го автентичниот дејствителен православен дух на нашиот старец и игумен, епископ г. Партениј, и на монашките заедници под негово духовно раководство, информираше за МИА, отец Крил.

Посебно срдечна била срдбата со владиката Партениј, со кого разговарале за историјата на манастирот и за монашкиот живот.

-Всушност, желбата да се сретнат и да поразговараат со него им беше главната цел заради која допатуваа дури дотука. Одговарајќи со родителска љубов на нивната добра желба, старецот од срце им говореше за благодатниот живот во Христа, споделувајќи со нив примери од своето лично искуство. Тој исто така, им кажа прекрасни видувања и искуства за монашкото жителство. Младите со внимателност го слушаа и му поставуваа прашања, видно допрени од неговите топли и полни со доживеана мудрост зборови, додава отецот.

Заедно со нив се и јероѓаконот и епархиски секретар Артури Хирвонен и учителот по црковна музика, хорархот протопсалт Маркус Хаенинен.

Според отец Кирил, автономната црква на Финска брои околу 56.000 православни христијани. Составена е од три епархии, на чело со архиепископот г. Лав. Карактеристично и за пример е тоа што црквата е една, а во неа се црквуваат верници што зборуваат различни јазици, а со тоа и богослужбите се извршуваат на разни јазици, како: фински, руски, шведски, сами(лапонски), грчки и романски. Изминатото лето Црквата на Финска прослави 100 години од добивањето на томосот за автономија во 1923 од страна на Вселенската патријаршија, а на прославата присуствуваше и самиот патријарх г. г. Вартоломеј.

Обвинети за воени злосторства поранешниот директор и двајца чувари на затворот во Приштина

Специјалното обвинителство на Косово соопшти дека до Основниот суд во Приштина поднело обвинение за воени злосторства, во отсуство, против три лица од српска националност, со иницијали Л.Ч., П.Б. и М.И., јави дописникот на МИА од Приштина.

Според соопштението, еден од обвинетите во времето на војната бил директор на Окружниот затвор во Приштина.

„Специјалното обвинителство информриа дека обвинетиот Л.Ч., во својство на службено лице - директор на Окружниот затвор во Приштина, во периодот на вооружениот конфликт, поточно војната во Косово 1998-1999 година, во затворот во Приштина и одделението во Липјан, во соизвршителство со други службеници од овие затвори го сториле кривичното дело ‘воени злосторства против цивилното население’ од член 142 во врска со член 22 од ЗП на РСФЈ, сега инкриминиран по Член 144, 145, 146 и 147 поврзани со член 31 од КЗРК“, се наведува во соопштението.

За другите двајца се вели дека биле чувари во истиот затвор.

„Обвинетите П.Б и М.И., во својство на службени лица - стражари на затворот Приштина и паралелката во Липјан, за време на вооружениот конфликт, поточно војната во Косово 1998-1999 година, во затворот во Приштина и одделението во Липјан, во соизвршителство и со други службеници од овие затвори, сториле кривично дело ‘Воени злосторства против цивилното население’ од член 142 во врска со член 22 од ЗП на РСФЈ, сега инкриминиран по член 144, 145, 146 и 147 поврзани со член 31 од КЗРК“, се наведува во соопштението.

притисни ентер