Ременски врши увид во доказите за обвинението за „Меѓународен сојуз“

Неколку часа трае увидот во доказниот материјал од страна на почесната претседателка на невладината на Боки 13, Меѓународен сојуз, Фросина Ременски,која заедно со Јовановски е осомничена во посебна постапка. Official facebook: https://www.facebook.com/Kanal5Televizija/ Web: http://kanal5.mk/ Copyright: OnAir Media Group

Анкета: Повеќето граѓани веќе одлучиле како ќе гласаат

Дел од граѓаните велат дека веќе имаат одлучено за кого ќе го дадат гласот на осми мај.

Оние што ги анкетиравме, сметаат дека кампањата нема да влијае на нивната одлука.

Хоспитализиран таткото на Новак Ѓоковиќ, Срѓан!!

Срѓан,таткото на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ итно е примен во болница! 

Таткото на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ денеска е примен во Ургентниот центар! Информацијата ја пренесе Курир, а според Информер, таткото на првиот светски рекет го повредил рамото и затоа бил хоспитализиран!

Според информациите, повредата на Срѓан Ѓоковиќ настанала откако паднал додека ги хранел птиците. Во таа прилика тој паднал од столот и ги повредил рамото .

Во раните попладневни часови е примен на одделението за ортопедија и се чувствува добро.

- Точно е дека Срѓан Ѓоковиќ е примен во болница. Моментално е на ортопедско поради повреда на рамото. Во моментов се следи состојбата и се вршат сите потребни испитувања - вели извор на Информер запознаен со целиот случај.

Никој од семејството Ѓоковиќ се уште не се изјаснил за овој настан.

Во Драчево на Цветници осветен 63 метарски крст

Токму на Цветници, на само една недела пред најголемиот верски празник Велигден, Кисела Вода и Скопје добија уште едно гигантско верско обележје, се освети 63 метри високиот крст во Драчево, во „Паркот на Бранителите“. 

Симболот на кој бил распнат Исус Христос, денеска е симбол на љубовта, мирот и благосостојбата, порача Г.г Стефан кој го водеше осветувањето на овој нов православен објект во главниот град.

На денот кога Исус Христос за последен пат влегов во Еурасалим, на една недела до неговото воскресение, овој крст претставува најголема молитва кон Бога, кажа Тодор Петров од светскиот македонски конгрес и инвеститор, додека пак градоначалникот на Кисела Вода – Орце Ѓеорѓиевски порача дека погледот кон небото во Драчево повеќе нема да биде ист.

За драчевчани овој симбол претставува еден убав ден за православието, обединувањето, љубовта и благосостојбата, како еден предевсник за Велигден кој е се поблиску.

63 метарскиот крст е 12ти најголем во светот и втор во Македонија, по милениумскиот на планината Водно.. Има распон од 34 метри, конструкцијата му е челична и се темели врз 12 шипови, плус 4 кои одат 16 метри во длабочина поради статика, а излеани се и 720 тони бетон од кои најмногу се под земја.

притисни ентер