Рено до 2031 година планира нови седум електрични модели

Откривајќи ги плановите на темата за транзиција кон гамата на електрични автомобили, францускиот производител Renault до 2031 година ќе лансира седум нови електрични модели.

Сите ќе се произведуваат во новата дивизија Ampera, а Renault има големи очекувања за електрифицираните верзии на легендарните Four и Five, и конечно прифатливата Twingо EV – најавено за 2026 година.

Пред неколку недели Renault официјално го објави формирањето на новата европска дивизија, Ampere, која ќе ги произведува идните електрични модели на француската марка. Сега производителот од Булоњ-Биланкур ги откри новите планови за електрификација на својата палета. Имено, новиот план се состои од лансирање на седум електрични модели до 2031 година. Од нив, два модели ќе бидат од новата генерација. Сите нови модели ќе ги произведува нова дивизија - Ampere, а ќе се базираат на две наменски платформи, дизајнирани од темел. Тоа се архитектури AmpR Small (CMF-BEV) и AmpR Medium (CMF-EV).

Во исто време, Renault вели дека нивните идни електрични модели ќе бидат дистрибуирани во сегментите A, B и C. Французите очекуваат сегментот на субкомпактен и компакт да претставува 75% од пазарот на електрични возила до 2030 година. Првиот електричен модел во оваа нова гама веќе е лансиран во 2022 година. Тоа е Renault Megane E-Tech. По него ќе биде лансиран новиот Scenic E-Tech кој ќе дебитира на пазарот во 2024 година. Исто така, по овие два модели, во 2024 година ќе пристигне новиот електричен Renault 5 EV, потоа Renault 4 EV од 2025 година и Renault Twingo EV во 2026 година. Дополнителни два нови електрични модели ќе бидат лансирани во 2027 и 2028 година како замена за Megane E-Tech и Scenic E-Tech.

Покрај новите модели на Renault, Ampere ќе произведе два електрични модели за Alpine, потоа новата генерација на Nissan Micra, како и електричен SUV за Mitsubishi. Овде е важно да се напомене дека Ampere ќе ги поддржи и плановите за електрификација на Dacia со помош на нови софтверски системи.

Повеќето од споменатите модели ќе се произведуваат во Франција, во фабриките во Дуаи и Mобеж. Куќиштата за батерии и сродните компоненти ќе се произведуваат во Руиз, додека електричните погони ќе се склопуваат во Клеон. Рено наведува дека производствениот капацитет во овие фабрики ќе се зголеми од 400.000 на 620.000 возила годишно до 2028 година. Така, Renault сака да продаде 300.000 електрични автомобили до 2025 година и милион такви автомобили до 2031 година.

Со поделбата на Ampere, Renault планира да ги намали трошоците за производство за 40% до 2028 година. Трошоците за производство на батерии ќе бидат пониски за 50%, додека трошоците за електричните мотори ќе се намалат за 25%. Ќе се намали и цената на платформите. Трошоците за производство на каросеријата ќе бидат помали за 15 отсто, а трошоците за логистика за дури 50 отсто. На овој начин, Renault сака да постигне паритет меѓу електричните модели и оние со класични мотори до крајот на 2028 година.

Проектираните приходи се предвидува да се зголемат од 2,8 милијарди евра во 2023 година на 10 милијарди евра во 2025 година и дополнително да надминат 25 милијарди евра до 2031 година..

Мицкоски:ДУИ секогаш, буквално секогаш кога краде највеќе, се прикрива со етнички теми

Кога Ахмети вели дека Македонците немале паметници, тоа значи дека не знае каде да погледне, денес 28 април, најзвучно се говорат имињата на 8 бранители кои ги положија животите 2001 година во Вејце убиени во заседа

ДУИ секогаш, буквално секогаш кога краде највеќе, се прикрива со национални и етнички теми. А денес тие се прикриваат зад завесата Европа. И додека устите им се полни со Европа, а Ковачевски понизно ги слуша и коленичи пред Ахмети, него го слушаме среде Скопје како скандира УЧК, УЧК, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митинг во Битола.

„Тие зборови кажани од овој човек извалкан со тежок криминал и крвави раце облечен во одело кое не му ги пере гревовите, се навреда и за Албанците кои ги краде најмногу, и за нас Македонците. И кога Ахмети вели дека Македонците немале паметници, тоа значи дека тој само не знае каде да погледне. А овде Битола раѓала јунаци со храбри срца кои своите животи ги поклонувале пред олтарот на слобода за нашата татковина. И има многу такви, стотици и илјадници, но денес 28 април, најзвучно се говорат имињата на 8те бранители меѓу кои четворица битолчани, македонски херои кои ги положија животите таа 2001 година во Вејце, ѕверски убиени во подла заседа“, кажа Мицкоски.

Мицкоски укажа дека токму тие бараа херои.

„Еве ги нашите. Марјан Божиновски 27 години, Кире Костадиновски 24 години, Бошко Најдовски 25 години, Илче Стојановски 24 години, Роберт Петковски 27 години, Бобан Трајковски 28 години, Миле Јаневски 30 години, Игор Костески 25 години... Слава им. Македонија вечно ќе го памети нивното дело за нашата слобода. И оттука испраќам порака во иднина да се внимава кога се изговараат лесно зборови кои отвораат рани кои не се залечени“, кажа Мицкоски.

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ партнерот ќе го бара во албанската опозиција, во партиите со кои ќе споделуваме исти вредности и принципи, а за ДУИ време е за опозиција и одговорност

ДУИ како политичка партија дојде на власт со приказна за човекови права, а заврши како партија која печали врз човековите права и ги краде и своите и другите. И затоа овие избори е времето кога треба да им се каже толку беше. Време е за опозиција и одговорност, рече Христијан Мицкоски претседател на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митинг во Битола.

„И една порака до ДУИ. Овие денови сум преплавен со пораки и абери кои ми ги праќаат од Речица. Па како човек секогаш сум бил директен, престанете да ми ги праќате оние емисари и курири по разно разни канали кои велат да сум размислел да направиме коалиција после изборите. Не знам дали знаете или не, но јас не сум ви Ковачевски, ниту неговиот претходник. Со мене такви договори на штета на народот и под маса немало и нема да има“, рече Мицкоски.

Мицкоски укажа дека ВМРО-ДПМНЕ партнерот ќе го бара во опозицијата, во партиите со кои ќе споделуваме исти вредности и принципи.

„Време е ДУИ да биде заменето со партии кои ќе работат за сигурна иднина на сите граѓани и со која заедно ќе се бориме за заедничката иднина“, изјави Мицкоски.

Со Почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Секси боксерка заврши во затвор поради кражба!!

Атрактивната Арабела Дел Брусо е поранешна реалити ѕвезда,  сега боксерка и девојка на американскиот фудбалер Џош Рејнолдс.

Сексапилната Арабела моментално отслужува 20-месечна затворска казна за грабеж на работно место од 52.000 долари, што го направила пред нејзината кариера во боксерскиот ринг.

На атрактивната дама зад решетки не и е лесно, а на новинарите им открила детали од траумата зад решетки и испратила писмо до медиумите.

- Претресите не само што трауматизираат, ме прават да се чувствувам понижено затоа што секој пат морам да се соблечам пред двајца чувари. Едниот стои пред мене, другиот позади. Потоа прво треба да го подигнам градникот и да ги покажам градите, а после тоа едната ми ги соблекува гаќите до колена или целосно, па морам да се наведнам, да го раширам задникот и да ја подигнам едната, а потоа другата нога. Се чувствувам несигурно, се плашам дека другите ќе дознаат кој сум. Деновите ги поминувам со наведната глава, но секој ден е потежок. Изоставив некои работи бидејќи знаев дека вработените во затворот ќе го прочитаат писмото, не сакав да знаат некои работи кои ќе ја загрозат мојата безбедност – напишала меѓудругото Арабела во писмото до медиумите.

Ковачевски: Гласањето ПРОТИВ е краткорочна казна со долгорочни последици за државата

Гласањето ПРОТИВ е краткорочна казна со долгорочни последици за државата, гласањето ЗА значи прогрес и подобра држава.

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, на вечерашниот митинг во Крушево, ги повика граѓаните пред да гласаат на 8-ми мај, убаво да размислат дали ќе дадат глас „за“ или глас „против“. Го повикувам сите граѓани да размислат кој заслужува да ја води државата, рече Ковачевски.

„Гласањето ПРОТИВ не ѝ носи добро на Македонија. Само ако гласаме ЗА може да одиме напред и да изградиме подобра држава за нашите деца, држава во која тие ќе сакаат да живеат. Со глас ПРОТИВ можеби ќе казните некого, но во исто време ќе ги казните и сопствените деца. Таа краткорочна казна може да има долгорочни последици за државата. Затоа ве повикувам масовно да гласате ЗА европска иднина. Да гласате ЗА Стево Пендаровски, за претседател и ЗА СДСМ и Коалицијата за европска иднина на парламентарните избори“, порача Ковачевски.

При тоа, Ковачевски им се заблагодари на членовите, симпатизерите и поддржувачите на СДСМ кои останале доследни на социјал-демократската идеја на партијата.

„Многу е поголемо задоволството кога ќе се измачиш во борба со својот политички и идеолошки противник, отколку да ја избереш полесната опција и да се свртиш против своите. Тоа е јалова борба, во која никогаш нема победник, а тој што се борел против своите си оди дома како најголем губитник. Затоа ние избравме да се бориме со идеи, со визија, со конкретни проекти, а не со кавга со довчерашните сојузници и истомисленици“, истакна Ковачевски.

Лидерот на СДСМ порача дека основната цел на програмата на Коалицијата за европска иднина е брзи, ефикасни и успешни преговори со ЕУ затоа што само на тој начин како држава може да обезбедиме повисок животен стандард, поефикасна борба против криминалот и корупцијата, подобро образование и здравство.

Скопје, 28 април 2024

СДСМ

притисни ентер