Родители од пеколот – Ги врзувале во синџири и изгладнувале своите 13 деца (ВИДЕО)

Брачна двојка од Калифорнија е осудена за тепање , врзување со синџири , измачување и изгладнување на своите 13 деца.

Дејвид Турпин (57) и неговата сопруга Луиз (50) се изведени денеска пред судот во Риверсајд каде ја признале вината во договор со обвинителството за да добијат казна затвор од најмалку 25 години . Нема да им се суди и ќе бидат осудени на казна доживотен затвор без можност за намалување на казната, соопштиобвинителството во Калифорнија.

Родителите на осудените велат дека и двајцата биле многу религиозни , не ги пуштале децата на училиште и ги образувале дома , а секое од децата морало напамет да ја знае Библијата.

На прес конференцијата обвинителот Хестрин изјави дека станува збор за еден од најстрашните злодела што ги видел.

Минатата година полицијата упаднала во домот на семејството Тарпин , на 110 километри источно од Лос Анџелес , откако едно од децата на 17 годишна возраст успеало да побегне од дома и да ги пријави родителите.

Полицијата во домот ги нашле нејзините 12 браќа и сестри на возраст од 2 до 29 години. Некои од нив со синџири биле врзани за креветите.

Сите биле потхранети поради што им бил пореметен физичкиот изглед . Биле тепани и доколку трошат повеќе вода при миење на рацете. Сите деца биле нечисти , никогаш не биле однесени на доктор , а родителите им покажувале храна , која не им ја давале да ја јадат.

Предизборни калкулации околу составот на идната влада

Откако ги прозваа дека за да му се допаднат на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ се откажале и од условот за уставни измени, албанските опозиционери ги повторија нивните барања за  учество во новата влада. 

Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши порача дека коалицијата „Вреди“ е доследна на ставот за усвојување на уставните измени и тоа во конкретен рок, како и дека претседателот на државата треба да се избира во Собранието. Според Гаши, тие се обврзани да бидат дел од идната влада во која ќе водат важни институции од секторот за внатрешни работи. Со ВМРО-ДПМНЕ, вели, се уште не разговарале за темата уставни измени, но оти за тоа е потребен поширок консензус и дебата.

Позициите од кои не планираат да се откажат ги повтори и потпретседателот на ДУИ, Османи - усвојување на уставните измени, почитување на договорите како и ветинг, се условите за коалицирање на „интегративците“. На Мицкоски му одговори дека тој не одлучува кој ќе биде претставник на Албанците во новата влада туку народот, а скандирањето „УЧК“ од лидерот на ДУИ Ахмети на митинг среде Скопје, според Османи, е реакција на националистичката реторика од Мицкоски која ги иритирала Албанците.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на митинг синоќа од Битола упати порака до Мала Речица, како што рече, да не праќаат емисари да го премислат, бидејќи партнерот за новата влада ќе го бара во албанската опозиција, а на ДУИ време и е за опозиција и одговорност.

Отворена врата за коалицирање Мицкоски остави и за движењето ЗНАМ на Максим Димитриевски и во партиите со кои ќе споделуваат исти принципи и вредности и чии гласови ги очекува на контото на Силјановска Давкова во вториот круг од претседателските избори.

МФ-Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките

Министерството за финансии пред малку информираше дека комисијата за осигурување од автомобилска одговорност на денешната седница го разгледала извештајот за зголемените цени на осигурителните полиси за возилата. 

Од таму велат дека комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување. Пред Минситерството за финансии е Игор Манасиевски, целосниот извештај погледнете го во видеото.

Бербок повика на брзо прифаќање во ЕУ на земјите кандидати за членство од Западен Балкан

Шефицата на германската дипломатија, Аналена Бербок повика на брзо прифаќање во Европската унија на земјите кандидати од Западен Балкан по повод прославата на 20-годишнината од проширувањето на Европската унија со десет земји во 2004 година.

-Политичките и географските „сиви зони“ на Балканот или во источниот дел на ЕУ се крајно опасни. Не можеме да си дозволиме такви „сиви зони“, бидејќи за (рускиот претседател Владимир) Путин тие се покана за интервенција, за дестабилизација, напиша Бербок во авторскиот текст објавен по повод годишнината.

притисни ентер