Руска лизгачка изведе стриптиз на мраз и освои злато (ВИДЕО)

Светската првенка во уметничко лизгање на Гран При натпреварот во Канада покажа дека има и друг начин за да се привлече публиката.

Елисавета Туткамишева го освои првото место на натпреварот со жежок настап на мразот во Квебек. Руската лизгачка , освен што технички беше беспрекорна , на песната ,,Toxic” од Бритни Спирс , изведе вистински стриптиз.

Таа беше облечена како стјуардеса , за во текот на настапот полека да ја соблекува униформата и да покаже дека уметникото лизгање на мраз може да биде жешко.

Елисавета по настапот беше ,,бомбардирана “ од коментари на социјалните мрежи , од кои повеќето позитивни.

Албанија ќе почне со производство на оружје и муниција

 Албанија ќе го реактивира производството на оружје и муниција. Предлог-законот на Министерството за одбрана, го отвора патот за тоа преку формирање државна компанија, која ќе го контролира овој сектор, објавија медиумите.

Потсетуваат дека првиот повик за воспоставување на оваа инфраструктура во земјата го упатил претседателот на Украина, Володимир Зеленски, кога во февруари годинава беше во посета на Тирана, на Самитот Украина - Југоисточна Европа, а албанската влада го поддржала повикот, додека премиерот Еди Рама најавил дека во текот на 2030 година ќе започне извозот на оружје.

-Предлогот за враќање на воената индустрија е аргументиран со геополитичките потреби на времето, каде снабдувањето со оружје стана неопходно за НАТО и за земјите што ги поддржува на воени позиции. Покрај тоа, ангажирањето во зајакнувањето на таквата индустрија може да се смета и како профитабилна активност за економијата на земјата, наведуваат медиумите.

Се очекува државното претпријатие што ќе се формира да ги врати во функција поранешните фабрики и да ги интегрира новите технологии во вооружувањето.

Ова нема да биде единственото вложување во областа на одбраната, бидејќи долгорочниот 10-годишен план има за цел зголемена мобилизација во армијата и формирање на неколку воени бази.

Во Албанија по 1970 година се изградени три претпријатија за производство на оружје и муниција, во Мјекс кај Елбасан, во Грамш и во Поличан, но во истите со децении е запрено произведстото. /МИА

Ослободени осомничените за ланската бродска несреќа во близина на Пелопонез

Деветтемина египетски државјани кои се товареа за предизвикување несреќа и за криумчарење мигранти, биле ослободени и од двете обвиненија.

Судот во грчкиот град Каламата денеска ги ослободил деветмината уапсени и осомничени за бродската несреќа со стотици загинати мигранти јужно од Пелопонез, со образложение дека не е надлежен бидејќи бродот потонал во меѓународни води, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.

Деветтемина египетски државјани кои се товареа за предизвикување несреќа и за криумчарење мигранти, биле ослободени и од двете обвиненија.

„Катимерини“ пишува дека одлуката била донесена поради недостиг на меѓународна јурисдикција, бидејќи, според судот, бродот потонал во меѓународни води, 47 наутички милји југозападно од Пилос, а според сведоштвата и достапните податоци, воопшто не влегол во грчките територијални води, ниту пак Грција била крајната дестинација.

Затоа било одлучено дека судот нема надлежност за случајот, а обвиненијата против Египќаните се отфрлени.

На средината на јуни минатата година рибарски брод, на кој е непознат точниот број на лица кои се превезувале, се преврти и потона југозападно од местото Пилос на Пелопонез, додека пловеше кон Италија.

Спасени беа 104 лица, пронајдено 81 безживотно тело, а стотици беа исчезнати.

Преживеаните, тогаш сведочеа дека на бродот имало околу 700 лица. /МИА

Макрон ќе ја посети Нова Каледонија

Францускиот претседател Емануел Макрон вечер ќе замине во посета на Нова Каледонија, која е погодена од немири, изјави денеска владината портпаролка Приска Тевенот.

Макрон „ќе замине најрано вечерва“, рече Тевенот, по повеќе од една недела немири поради плановите за реформи во гласањето на неговата влада, отфрлени од домородните Канаци. /МИА

притисни ентер