Седма титула за кошаркарите на МЗТ Скопје

Кошаркарите на МЗТ Скопје А. се нови шампион на Македонија. 

Сино белите од населбата Аеродром по трет пат во финалната серија го совладаа бранителот на тронот Работнички и заслужено стигнаа до нов шампионскиот трофеј.

Вечерва на домашен терен кошаркарите на МЗТ Скопје во интересен натпревар со 85 – 78 го совладаа ослабениот вечен ривал Работнички за триумф во финалето од 3-0 во победи.

Подолгата клупа на металците и вечерва беше клучна за конечниот епилог на третиот финален дуел. Ослабениот Работнички, Докузовски играше со само седум кошаркари, повторно попушти во финишот и дозволи МЗТ Скопје по седми пат во клупската историја да го освои шампионскиот пехар.

Најефикасни во редовите на новиот шампион се Иве Иванов со 23 и Медфорд и Дамјан Стојановски со по 16 односно 12 кошеви. Кај Работнички најпрецизни со по 17 поени се искусените Чековски Костов.

Французинот Гобер четврти пат најдобар дефанзивец во НБА

 Францускиот центар Руди Гобер по четврти пат во кариерата е прогласен за најдобар одбранбен играч на сезоната во НБА лигата.

Кошаркарот на Минесота освои 433 гласови, а неговиот сонародник Виктор Вембањама, најдобриот дебитант во елитното натпреварување, беше втор со 245.

На третото место се пласираше Бем Адебајо од Мајами, пред Ентони Дејвис од ЛА Лејкерс и Херб Џонс од Њу Орлеанс.

Со своето четврто признание Гобер се израмни со НБА легендите Дикембе Мутомбо и Бен Валас.

Во Куманово за претседателските избори, излезеноста до 11 час.e 11,72 за парламентарните е 12,8

Во Куманово за претседателските избори, излезеноста до 11 часот e 11,72 за парламентарните е 12,87 отсто

Според податоците на Држвната изборна комисија, во Куманово за претседателските избори, излезeноста до 11 часот e 11,72 за парламентарните е 12,87 отсто. Во Липково според ДИК излезеноста за претседателските е 1,76 за парламентарните, 7,33 отсто. Во Старо Нагоричане пак за претседателските е 11,76, додека за парламентарни изнесува 11,99 проценти.

Во Куманово според податоците на ОИК право на глас за претседателските избори имаат 93.508, додека за парламентарни 93.635 избирачи кои гласаат на 167 места.

Во Липково, за претседателските избори евидентирани се 26.030 гласачи, за парламентарните 26.024 гласачи кои гласаат на 36 избирачки места соопштија од ОИК Липково.

Во Старо Нагоричане има 3.043 гласачи за претседателски, а за парламентарни 3.046 кои гласаат на кои гласаат на 38 избирачки места од кои две се споени, односно ги опслужуваат 36 избирачки одбори.

Јавниот сервис на БиХ го укина сигналот на ентитетската телевизија поради неподмирени долгови

Сигналот на РТВ на Федерацијата Босна и Херцеговина беше исклучен за целата програма, освен за давање услуги за продукција на Дневник и вести.

Управниот одбор на државната радиотелевизија Радиотелевизија на Босна и Херцеговина (БХРТ) од денеска привремено ги укина услугите на ентитетскиот јавен радиодифузен сервис Радио-телевизија на Федерацијата Босна и Херцеговина (ФБиХ) поради, како што наведоа, неподмирени долгови.

Сигналот на РТВ на Федерацијата Босна и Херцеговина беше исклучен за целата програма, освен за давање услуги за продукција на Дневник и вести.

Во Босна и Херцеговина има три јавни радиодифузери - БХРТ, РТВ на Федерацијата на БиХ и РТВ Република Српска.

Законот за јавниот РТВ систем бара од субјектите радиодифузери да плаќаат дел од средствата што ги собираат од данокот на РТВ на нивната територија на сметката на БХРТ.

Тоа значи дека ентитетскиот јавен радиодифузен сервис е должен да плати на БХРТ 50 отсто од приходот од наплатата на надоместокот.

Според соопштението на БХРТ, долговите на РТВФБиХ кон овој радиодифузер изнесуваат повеќе од еден и пол милион марки (750.000 евра).

притисни ентер