Седумдесет и шестгодишен пешак загина во Камењане

Седумдесет и шестгодишен пешак од тетовско Камењане загина откако бил удрен од автомобил управуван од малолетник.

- Сообраќајна несреќа е пријавена во 17 часот во СВР Тетово. Возило „рено клио” со тетовски таблици на регионалниот пат Тетово-Камењане управувал малолетник од Камењане и удрил во пешакот Ќ.О (76). Пешакот добил тешки телесни повреди, по што е пренесен е во клиничка болница Тетово каде дежурен лекар констатирал смрт, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Возачот е обезбеден во СВР Тетово. Увид извршиле полициски службеници на СВР Тетово во содејство со јавен обвинител. /МИА

Беќаровски чека извинување од Демири:Инпутирање на било какви национални навреди е дегутантно

Рок од 48 часа за министерот за здравство Демири јавно да му се извини на докторот од токсикологија Нико Беќаровски.

Рок од 48 часа за министерот за здравство Демири јавно да му се извини на докторот од токсикологија Нико Беќаровски, кој вчера преку статус на министертвото за здравство беше обвинет за албанофобија, во спротивно ќе следува тужба за клевета и нарушување на угледот, напиша Беќаровски под самата објава.. Тој демантира дека во било која ситуација покажал албанофобија во било каква форма, а документот со 14те потпишани лица кои воопшто и не се вработени на клиниката го нарече незаконски...

-За вакви Лаги и Клевети, инструирани од само еден лекар, ќе биде покрената кривична пријава против сите потписници. Ви благодарам што го објавивте писмото, кое ќе може да биде релевантен судски документ. Искрено се надевам дека објавата е без ваше знаење и одобрени, бидејќи со истата ми нанесовте несогледлива штета на мојот углед, базирана на лажни изјави, на незаконски архивиран документ, на кој не стои ниту едно име, за која ќе следува соодветна судска тужба кон инволвираните. Инпутирање на било какви национални навреди е најблаго наречено дегутантно,- ФБ Статус – Д-р Нико Беќаровски.

Поддршка за докторот Беќеровски стигна и од 30-тина вработени на токсикологија..

Д-р Беќаровски е врвен професионалец кој повеќе од 30 години работи ургентна медицина и спасува човечки животи без разликана етничка припадност или припадност со политичка партија, па поврзувањето на неговото име со вакви невистини за остварување на политички цели е скандалозно и некоректмно и поттикнува нетрпение по национална основа.

Само вработените и раководството знаат што се случувало и што во моментов се случува на оваа клиника, разрешувањето на директорот продолжи да ги разгорува страстите.

Канал 5 стапи во контакт и со разрешениот директор Данил Петровски. Тој вели дека е разрешен затоа што не сакал да го прекрши законот и да вработува во предизборие, што му било укажано и од страна на антикорупциска.

Во непотпишувањето на договорорите, здравство виде анти-албанство, и тврдат дека на 18-те лица ќе им бидат продолжени договорите.. Кој ќе ги потпише нивните решенија, информација нема..

Ѓурчиновски на редовната конференција на Воениот комитет на НАТО

Началникот на ГШ на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски на редовната конференција на Воениот комитет на НАТО

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски од денеска престојува во работна посета во Брисел каде што во седиштето на НАТO ќе учествува на втората годишна конференција на Воениот комитет на Алијансата во формат на началници на генералштабови, на која ќе се дискутира за повеќе стратешки прашања од значење за НАТО.

Како што информираат од неговиот кабинет, за време на престојот во Брисел, генерал Ѓурчиновски ќе има билатерални средби со командантот на силите на САД за Европа и Сојузничката команда на НАТО за операции, генерал Кристофер Каволи, со началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Италија, адмирал Џузепе Каво Драгоне и со началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Турција, генерал Метин Гурак.

Воениот комитет на НАТО на ниво на началници на генералштабови одржува два редовни состанока во текот на годината, а еднаш годишно се среќаваат во една од сојузничките земји членки.

Закани кон претседателката на уставен Кацарска–оставен нож и кревет на нејзиното гаражно место

Импровизиран кревет и кујнски нож до своето гаражно место во близина на нејзиниот дом каде што го паркира своето приватно возило пронашла претседателката на Устевн суд Добрила Кацарска. 

Случајот го пријавила во полиција од каде ја потврдуваат информацијата и за настанот го известиле јавното обвинителство.

-На 14.5.2024 г. во СВР Скопје од страна на Д.К. било пријавено дека во подрачјето на Центар во подземни гаражи, во нејзино гаражно место, биле пронајдени импровизиран кревет и кујнски нож кој бил забоден на прекинувачот за светло. Известен е надлежен јавен обвинител, предметите се подигнати за вештачење и се преземаат мерки за расчистување на случајот,- -МВР.

Од Уставниот суд велат дека Кацарска и претходно имала непријатности и во континуитет добивала закани на социјалните мрежи. Дали се работи за сериозна закана или шега, очекуваат истражните органи да спроведат истрага.

-Точно е дека претседателката на Уставен суд пријави во полиција. Има се уште закани на социјалните мрежи,- изјави – Христина Беловска – Портпарол на Уставен суд.

Добрила Кацарска беше избрана за претседател на Уставен суд во 2021, една година откако стана уставна судијка. Претходно беше судија во скопскиот кривичен суд каде судеше низа предмети кои јавноста ги следеше со голем интерес како оние кои ги отвори некогашното СЈО, но најобемниот случај што го водеше е за настаните од 27 април 2017 чија пресуда предизвика големи реакции во јавност.

притисни ентер