Шилегов: Загубивме голем другар, драг пријател, спортска легенда и идол на многу генерации

Градоначалникот Петре Шилегов денеска присуствуваше и се обрати на  комеморативната седница за Благоја Георгиевски-Буштур, во организација на Кошаркарската федерација на Македонија, Националниот олимписки комитет и Градот Скопје. 

-Скопје претрпе голема загуба со згаснувањето на живот на нашиот драг Благоја Георгиевски-Буштур. Буштур бешееден од најдобрите македонски кошаркари на сите времиња. Како таков остави јасен и силен белег во историјата на македонскиот спорт. Целата кариера, од првите чекори до последниот натпревар ја помина во својот Работнички. Тој беше миленик на навивачите и со секој натпревар одново ги освојуваше срцата на скопјани - изјави Шилегов.

Тој ги потсети присутните на неговите освоени 2 златни медали во поранешна СФРЈ, како и на прогласуването на Буштур за најдобар спортист во Македонија и за најдобар спортист на Град Скопје со добивањето на златната значка од Југословенскиот сојуз за физичка култура во 1972 година.

-Се сеќавам дека имав неполни 15 години во далечната 1984 кога Буштур го одигра последниот официјален натпревар меѓу КК Работнички и репрезентацијата на Југословенските ветерани во салата во Градскиот парк. Тоа беше еден спектакуларен меч кога скопската публика му приреди едно незаборавно збогување, токму такво какво што заслужи. Исто така, се сеќавам, во една прилика... (нешто лично, ако има...) Почитувани пријатели од неговото потесно и пошироко семејство, бидете храбри во поднесувањето на големата загуба. Нашите срца и мисли се со вас. Бидете горди со вашиот татко, сопруг, роднина. Неговите дела вечно ќе сведочат за неговата големина како човек, како врвен спортист и како урбана легенда и идол на многу генерации. Драг пријателе Буштур, почивај во мир и нека ти е вечна славата – кажа Шилегов пред присутните на комеморацијата на Буштур.

На комеморацијата присуствуваа поранешни соиграчи на популарниот Буштур, голем број сегашни и поранешни кошаркари, кошаркарски работници, како и спортски работници од земјава и од странство, стои во соопштението од Град Скопје.

„Мојот сопруг е вистински фраер, сите ме прашуваат како го освоив“ (видео)

Нејзиниот одговор воодушеви многу жени...

Нејзината тајна е во огромната самодоверба со која може да освои кого било.

Хејзел Мекбрајд неодамна крена голема прашина на социјалните мрежи со објавата на видео на кое таа е со својот сопруг, кого многу дами го сметаат за привлечен. Меѓутоа, Хејзел видно ја истакнува својата самодоверба и се шегува на сметка на изгледот на својот сопруг. Иако нејзиниот став привлече големо внимание, многумина ја прашуваа колку е тешко една жена да се справи со вака привлечен сопруг.

Хејзел не крие дека нејзиниот партнер е исклучително згоден, додека многумина неа би ја опишале како девојка со просечен изглед. Меѓутоа, наместо да се чувствува несигурно покрај згодениот маж, таа истакнува дека се чувствува одлично во своја кожа и дека е многу задоволна од својот изглед.

Хејзел исто така истакнува дека „неговиот карактер“ е просечен, додека нејзиниот е „генијален“ и дека заедничката смисла за хумор е она што ги поврзува.

Нејзината искреност и став станаа пример за многумина кои крај себе имаат згоден партнер и се борат со самодовербата. Приказната на Хејзел докажува дека љубовта и самодовербата се клучни фактори за среќна и исполнета врска.

Оваа млада жена доби бројни коментари со поддршка и воодушевување по објавувањето на видеото. Хејзел ја следат над 57.000 лица на Тикток, таа стана многу популарна поради својата автентичност и искреност во своите објави на социјалните мрежи. Секогаш добива коментари на бројните видеа со сопругот.

- Во принцип, твојот сопруг изгледа одлично, но и ти не си воопшто просечна со тие зелени очи!

- Не е сè во убавината, луѓе!

- Харизматична, интелигентна и духовита жена вреди повеќе од 10 мисици!

- Вие сте прекрасен пар.

-Навистина е прав фраер, ако не е тајна, има ли браќа?

@hazelmcbrideauthor Trying to turn him into any and all fantasy men #acotar #rhysandacotar #sarahjmaas #acotarbooktok #booktok #sjm #fantasyman #hothusband ♬ Made You Look - Meghan Trainor

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

притисни ентер