Меѓу предметите во пакетот се и брендирана четка и гума за одзатнување тоалет , кој свети во темница, потоа забен конец , сет од 15 пара вештачки трепки , чоколадни бомбони со канабис и слични предмети , со вкупна вредност од околу 100 000 долари. Пакетот се нарекува ,,Сите победуваат” (Everybody wins) и е наменет за да им ја намали тагата на номинираните кои нема да добијат Оскар.
Според организаторот , целта не е да им се дадат скапи подароци , туку на номинираните да им се намали разочарувањето , па затоа подариците треба да се забавни и весели.
Откако во Калифорнија е легализирана марихуаната , организаторите на Оскар не размислуваа многу. Во пакетот се најдоа и серуми и креми со марихуана, како и годишна членска карта за клуб во Холивуд , каде може да пушат марихуана.
На пописот на подароци е и бесшумна пумпа за доење , водилка за кучиња, како и слика на портретистот Реин Вилијамс , чиии слики се ценат меѓу 10 и 20 000 долари.
Најскап дел од подарокот сепак е третманот за подмладување на холивудските ѕвезди во њујоршката клиника ,,др.Константин Васукевич” , што чини 30 000 долари.
Годинава во подарокот ќе има и ваучер за ексклузино патување на некоја авантуристичка дестинација како Амазон , Галапагос, Исланд , Костарика и Панама.
Номинираните , кои ќе останат без Оскар , ќе може и да се одмораат во Грција , да добијат вечера за двајца на органска фарма во Мексико , една недела да минат во велнес центар во Калифорнија и уште по некој викенд за опуштање и подмладување.
Меѓу најинтересните подароци годинава е и бесплатен третман за лекување фобии кај докторката Калиопе Барлис.