Штрајк во два дистрибутивни центри на Амазон- ќе доцнат ли божикните подароци?

Работниците во два дистрибутивни центри во Германија стапија во штрајк во знак на поддфршка на колективните преговори за зголемување на платите и подобри услови за работа.

Работниците во дистрибутивниот центар во Лајпциг би требало да се во штрајк до 24 декември , а оние во Верне до утревечер, порачаа од синдикатите.

Од таму предупредуваат дека е можно божикните подароци да не стигнат навреме , а додаваат и дека е можно штрајкот да се рашири. Од комапнијата Амазон , пак тврдат дека штрајкот нема да влијае врз испораката на подароците за Божик и дека само околу 350 работници одговорија на повикот за штрајк.

Синдикатот од Верде , втор најгоем во Германија со околу 2 милиона членови веќе пет години врши притисок врз Амазон да ги почен колективните преговори за нивните 16 000 работници во Германија заедно со дистрибуртивната мрежа и поштенските услуги. Амазон ги отфрла тврдењата на синдикатот со одговор дека е логистичка компанија и дека платите на нивните вработенис е во врвот на таа дејност.

Истакнуваат дека им плаќаат прекувремени часови на работниците , бонуси за исполнување на нормите , како и дека осигуруваат обуки за работниците .

Просечната плата во оваа компанија е 10, 78 евра на час и може да достигне до просечни 2 400 евра месечно , заедно со бонусите коис е добиваат на секои две години.

„Алах Акбар“ на улиците на Хамбург: Муслиманите бараат калифат и шеријат (ВИДЕО)

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека ќе има „последици“ откако исламистичкиот митинг во Хамбург наиде на осуда од политичарите ширум земјата.

Повеќе од илјада луѓе учествуваа на демонстрациите во северниот германски град во саботата, држејќи плакати со пароли како „калифатот е решението“ и повикувајќи на воведување на шеријатскиот закон. Толпата извикуваше „Алаху Акбар“ и „нема Бог освен Алах“.

Властите тврдат дека протестот бил организиран од луѓе блиски до организацијата наречена Муслиман интерактив, која ја отфрла демократијата и е класифицирана како екстремистичка од германските разузнавачки служби. Организацијата објави видео од митингот на Х со порака: „Не слушајте ги лажговците“.

Според германските медиуми, лидер на организацијата е 25-годишниот Џо Ададе Боатенг, познат и како Рахим Боатенг, кој студира на Универзитетот во Хамбург. Боатенг има профили на Инстаграм и ТикТок, каде што споделува содржини поврзани со исламот насочени кон младите муслимани во Германија.

„Сосема е јасно дека сите исламистички активности мора да се решат користејќи ги можностите на нашата уставна држава. Верувам дека мора внимателно да ги разгледаме конкретните последици од она што го видовме таму“, рече Шолц. Тој додаде дека прекршувањето на законот мора да се гони.

Германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер вчера вети дека ќе преземе „остри мерки против исламистичката терористичка пропаганда и омраза кон Евреите“. „Ако сакате калифат, дојдовте на погрешно место“, рече таа.

Министерот за правда Марко Бушман посочи дека на оние кои не го признаваат уставниот поредок на Германија треба да им се ускрати правото да престојуваат во Германија. „Оној што го претпочита калифатот пред уставно-правната држава, може слободно да емигрира“, порача Бушман преку платформата „Икс“.

Директорот на полициската управа во Хамбург, Франк Шнабел, се бранеше од обвинувањата дека имало превид кога била дозволена саботната исламистичка поворка. „Нашиот устав, кога станува збор за правото на собирање и изразување мислења, им дозволува на екстремистите да протестираат“, рече Шнабел.

Властите во Хамбург во моментов испитуваат дали слоганот „Калифатот е решение“, со оглед на тоа што тоа е и повик за воведување на шеријатскиот закон, кој е против човековите права, може да биде кривично гонет.

Спречен е терористички напад во Истанбул- уапсени се судуммина осомничени

Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја денеска соопшти дека во Истанбул се приведени седуммина осомничени за подготовка на терористички напад во име на терористичката група Исламска држава.

Тој на платформата Х изјави дека експлозивите запленети при апсењето можеле да предизвикаат експлозија од „големи размери“.

Според неговите зборови, во истанбулскиот кварт Бејкоз е приведен К.

Јерликаја неодамна објави дека од 1 јуни 2023 година до 22 април годинава биле приведени речиси 3.000 осомничени за соработка со Исламската држава.

Столтенберг ненајавено пристигна во Украина: Не го исполнивме ветувањето, оружјето ќе пристигне

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска за време на ненајавената посета на Украина изјави дека земјите членки на таа алијанса не ги исполниле ветувањата за воена помош за Киев во последните месеци.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска за време на ненајавената посета на Украина изјави дека земјите членки на таа алијанса не ги исполниле ветувањата за воена помош за Киев во последните месеци, но вети дека сега ќе се зголемат испораките на оружје и муниција.

„Ќе бидам многу искрен со претседателот Зеленски и во парламентот и ќе кажам дека сојузниците во НАТО не го исполнија она што го ветивме во последните месеци. САД потрошија шест месеци за да се договорат за пакетот, а европските сојузници не ја доставија муницијата што ја ветивме Но, сега сум убеден дека тие ќе ги променат работите“, рече тој во возот со кој отиде во Киев.

Тој рече дека очекува други „нови обврски“.

„Тоа ќе направи разлика - исто како што недостатокот на поддршка направи разлика“, рече тој, алудирајќи на неуспесите на Украина на бојното поле, според Ројтерс.

Тој исто така изјави дека „Русите платиле висока цена за маргинална територијална придобивка“ и оцени дека Украина сепак може да ги „сврти работите“.

„Не е доцна Украина да надвладее и затоа е толку итно сојузниците од НАТО да го сторат она што го ветивме и да ги претворат тие обврски во вистински испораки на оружје и муниција“, рече тој.

Столтенберг се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски, а треба да се обрати и во парламентот.

Ова е негова трета посета на Украина од почетокот на војната.

притисни ентер