Синиша Варга: Вашата држава во изминатите 3 години има направено големо унапредување во здравството

Поранешниот министер за здравство во Република Хрватска и консултант на Светска Банка и СЗО, Синиша Варга учествуваше на денешната трибина Агенда 20-24 посветена на реформите во здравството.

Варга, според соопштението на СДСМ, истакна дека Македонија има направено сериозен исчекор кон подобрување на целокупната слика на здравството, здравствените услуги и услови за работа на здравствените работници.

"Можам да кажам дека вие за малку пари давате многу здравје", рече Врага зборувајќи за начините како пацитентите да бидат задоволни

"Ние и како социјалдемократи треба да одговориме на прашањето што сакаат пациентите? Сакаат добри здравствени услуги по ниски цени. И тоа е возможно да се постигне. Треба да се исфрли неефикасноста. Имаме нелогичности, лошо трошење на ресурси и тоа кажува дека има многу простор за подобрување. Тие работи и тоа како може да се подобрат", заклучи Варга.

Александар Пандов и Агим Јонуз во „Само Вистина“

Вечерва во „Само Вистина“ ќе гостуваат Александар Пандов и Агим Јонуз.

Дами и господа, вечерва во Само Вистина ќе дебатираат Александар Пандов и Агим Јонуз.

Партиски калкулации или предизборни махинации за идна влада, важи ли принципот „победник со победник“ или „кој губи има право да се лути“?

Кој ги сфати грешките, а кој ќе ја плати сметка од изневерени ветувања?

Се ќе почне од „0“ или ќе се случи политичко цунами, мајка или татко на нацијата, што ќе добиеме на 8 мај?

Ветувања или дела, кој најавува, а кој ќе ја сузбие корупцијата?

Вечерва во Само Вистина Елизабета Галевска со Александар Пандов и Агим Јонуз, по вестите во 18 часот.

Потрошил 14.000 евра за да стане куче, а сега повторно шокира со новиот кучешки костум (ВИДЕО)

Претходно пишувавме за Јапонец, кој се крие зад прекарот Токо.

Тој потрошил повеќе од 14.000 евра на костим за куче, со цел да го исполни детскиот сон и да го запознае светот од перспектива на животното.

Сега тој повторно го шокира светот, откако претстави хиперреалистичен костим на маламут од Алјаска што му овозможува да прави „нови трикови“.

Потсетуваме, Јапонците ангажираа експерти од компанијата „Цепет“ на кои им биле потребни 40 дена за реализација на проектот.

Му дале импресивен костим на овчарско куче со густо крзно и анатомски исправни екстремитети, но неговата глава била „најслабиот“ елемент.

Сега Токо претстави нова инвестиција, а костимот од Alaskan Malamute изгледа импресивно, со можност за движење на опашката и устата, пренесува Oddity Central.

Тој признава дека ја крие својата страст од пријателите, семејството и колегите на работа, плашејќи се од суд, но не планира наскоро да се откаже од хобито.

Ако ништо друго, се чини дека тој е сѐ повеќе и повеќе опседнат со кучешкиот живот секој ден.

„Жешката“ полицајка која му играше во скут на шефот доби отказ, но не за снимката (ВИДЕО)

Њујоршката полицајка Вера Мекали (26) се најде во центарот на вниманието на јавноста откако беше објавено видео на кое таа танцува во скутот на тогашниот шеф.

Оттогаш поминаа три години, а жената сега е отпуштена - од други причини, објави Дејли Стар.

По жешкото видео од забавата, Вера продолжи да работи во службата, а нејзиниот шеф бил префрлен на ново работно место.

Сепак, иако не добила отказ, по две години од егзотичното танцување, Вера била суспендирана поради мешање во апсењето на нејзиниот девер кому се обидела да му помогне кога бил запрен поради возење во пијана состојба.

Вера ги нападна полицајците од Њу Џерси затоа што го фатиле, велејќи дека „не ја завршиле добро работата“.

Како што пренесуваат американските медиуми, таа боса втрчала во станицата и врескала дека е полицајка.

Таа барала да ѝ кажат зошто мажот е уапсен.

Истрагата покажала дека полицајците направиле сѐ по протокол, а Вера била исфрлена од полициските сили.

„Тато, згрешив, се срамам што те посрамотив тебе и семејството“, му рекла Вера на својот татко и додала дека сѐ „требало да биде шега“.

„Не бев свесна дека му ја уништив кариерата, сега изгледа како лош човек, извини“, рекла поранешната полицајка.

притисни ентер