Александар Пандов и Агим Јонуз во „Само Вистина“

Вечерва во „Само Вистина“ ќе гостуваат Александар Пандов и Агим Јонуз.

Дами и господа, вечерва во Само Вистина ќе дебатираат Александар Пандов и Агим Јонуз.

Партиски калкулации или предизборни махинации за идна влада, важи ли принципот „победник со победник“ или „кој губи има право да се лути“?

Кој ги сфати грешките, а кој ќе ја плати сметка од изневерени ветувања?

Се ќе почне од „0“ или ќе се случи политичко цунами, мајка или татко на нацијата, што ќе добиеме на 8 мај?

Ветувања или дела, кој најавува, а кој ќе ја сузбие корупцијата?

Вечерва во Само Вистина Елизабета Галевска со Александар Пандов и Агим Јонуз, по вестите во 18 часот.

Тухел ќе паузира или ќе предводи клуб од Премиер лигата

Томас Тухел ќе паузира од кариерата или ќе предводи премиерлигашки клуб, објави новинарот Флоријан Плетенберг. Педесетгодишниот стручњак ја напушти функцијата главен тренер на Баерн.

Во исто време, клубот од Минхен на Тухел ќе му плати повеќе од 10 милиони евра.

Договорот на германскиот фудбалскиот стручњак е со важност до 30 јуни 2025 година, но ќе биде раскинат доколку тренерот се договори со друг клуб и Баерн нема да бара отштета за трансферот.

Меѓу најсериозните опции во Англија се Челзи и Манчестер јунајтед. /МИА

Одредени 30 дена притвор за врховниот судија Наке Георгиев, се бранел со молчење

Пред судија на претходна постапка врховниот судија Наке Георгиев се бранел со молчење, единствено рекол дека е наместен, потврди неговиот адвокат.

По претходна пријава од син на обвинет во предмет што се води во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, вчера во попладневните часови МВР реализираше акција во која од слобода е лишен активен врховен судија. Врз основа на доставеното Известување од МВР, БЈБ, Оддел за криминалистичка полиција, Сектор за економски криминал и корупција, предметен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело Примање награда за противзаконито влијание од член 359 од Кривичниот законик.

Според сознанијата добиени од пријавителот, првоосомничениот користејќи ја својата службена положба и претпоставено влијание лажно ветувал погодности за обвинет (татко на пријавителот) во друга постапка што се води пред Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, и лажно прикажале дека ќе извршат влијание заедно со второосомничениот.

Предметниот обвинител, вчера вечер покрај предлозите за претрес на повеќе локации, ценејќи дека се исполнети условите до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за определување на мерката притвор за првоосомничениот. Со оглед на тоа што станува збор за судија во највисокиот суд во државата – Врховниот суд кој ужива имунитет, а кој е фатен in flagranti во извршување на кривичното дело, предлогот преку Основниот кривичен суд е доставен на одлучување до Судскиот совет кој во текот на ноќта му го одзеде имунитетот, по што денеска Основниот кривичен суд Скопје ќе одлучува за предложената мерка.

Прибраните докази и извршените претреси до овој момент даваат законски основ на предметниот јавен обвинител да предложи притвор само за првоосомничениот кој е затекнат при извршување на кривичното дело, додека во однос на второосомничениот до овој момент доказите не даваат основи за да се предложи најстрога мерка за обезбедување. Истрагата продолжува до целосна проверка на сите околности и наводи, соопшти Обвинителството.

Палевски е однесен пред судија на претходна постапка, не признава вина (ВИДЕО)

Љупчо Палевски Палчо е однесен пред судија. Тој во куса изјава пред судот тврди дека има докази дека не го сторил убиството. 

По екстрадицијата од Турција тој за првпат е пред судија во рамки на истрагата за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

При спроводот во Кривичен суд тој пред новинарите кажа дека не ги сторил убиствата. Тој не одговори какви докази поседува за својата одбрана, но рече дека нема да се брани со молчење.

Палчо е во притвор во Шутка веќе шест дена, откако беше вратен од Турција.

Се очекува обвинението да биде поднесено наскоро, најдоцна до 2 јуни. Влатко Кешишов, Велибор Манев и Боре Видевски, кои веќе признале вина.

Законот предвидува дека осомничените можат да бидат задржани во притвор до 180 дена пред да биде поднесено обвинение. По поднесувањето на обвинението, тие можат да останат во притвор уште две години.

Александар Ѓорчевски, таткото на Вања, исто така е меѓу осомничените и се истражува дали имал улога во киднапирањето на неговата ќерка. Врховниот суд неодамна одлучи за него да се одреди домашен притвор.

притисни ентер