Случајот „Скрипал“: Полицијата има осомничени и сите се Руси

Британските истражители веруваат дека откриле осомничени лица, одговорни за нападот врз поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија.

Според истражителите во нападот вмешани се „неколку Руси“.

Истражителите до тој податок дошле со детален преглед на безбедносните камери и анализа на податоци, кој влегол во Велика Британија приближно во времето на напад врз Скрипал и неговата ќерка.

Скрипал и неговата ќерка во март годинава беа отруени со нервен гас Новичок, за кој официјален Лондон тврди дека се произведува единствено во Русија. Тие двајцата неколку недели беа во болница, додека односите помеѓу Москва и Лондон се влошија.

Пред неколку дена во близина на Солсбери пронајдени се маж и жена отруени, исто така со Новичок. Даун Стурџис (44) почина во болница осум дена опо труењето, додека лекарите и понатаму се борат за животот на 45-годишниот Чарли Роули.

Според британските медиуми, Стурџис била изложена на десетпати поголема количество нервен гас од тоа што било употребено во случајот на труење на Скрипал и неговата ќерка.

Тежок маратон во Белград, победникот на маратонот ја мина целта и падна на асфалтот

Кенискиот атлетичар Гилберт Киплинг Чумба победи на Белградскиот маратон, а потоа падна на асфалтот.

Чумба постигна одлично време - 2:11.47, но се чини дека силното темпо и условите во главниот град на Србија оставија трага на неговото тело.

Кога ја мина целта како победник, Чумба колабираше на улица, по што мораа да реагираат медицинските екипикои на носилка го однесао победникот на маратонот во болница на рехабилитација.

Второто место го освои сонародникот на Чумба, Гилберт Шериот Муге со 2:12;20, додека трет беше уште еден Кениец Емануел Кипкогеи, кој се искачи на подиумот со време 2:20;41.

Ема Черуто е победничка на 37. Comtrade Belgrade Marathon, трката ја истрча навреме (2:31.31). Во полумаратонот триумфираше Мохамед Ел Гаузани од Мароко.

Белградскиот маратон, 37-ми по ред, започна во осум часот со традиционалниот почеток пред црквата „Свети Марко“. На делница од 42.195 метри тргнаа 2.000 натпреварувачи.

Ковачки: Се обврзуваме на реконструкција на пругата Велес-Кочани,....

Се обврзуваме на реконструкција на пругата Велес-Кочани, реконструкција на автопатот Катланово-Велес, нова катна гаража, реконструирање на општата болница во Велес и многу други проекти за велешани.

Ќе ги вратиме сите железнички линии во функција, ќе ја реконструираме пругата Велес-Кочани, ќе ја електрифицираме пругата Велес-Битола, ќе го реконструираме автопатот Катланово-Велес, ќе изградиме нова катна гаража во Велес, ќе ја реконструираме општата болница во Велес. Нови 26 милиони евра од проектот 250 милиони евра за општините.

Велес заслужува да се развива, Македонија заслужува да се развива, затоа ве повикувам сите заеднички да го поразиме овој ненароден режим. На 8 мај заеднички сите да излеземе и да го заокружиме бројот 2, за Гордана Силјановска Давкова за претседател и за Христијан Мицкоски за премиер за Македонија.

Драган Ковачки, носител на изборна единица 3

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Абас: Израелската армија ќе го нападне градот Рафа во наредните денови

Претседателот на Палестинската самоуправа (ПА) Махмуд Абас денеска предупреди дека израелската армија во следните неколку дена ќе започне копнена офанзива врз градот Рафа, во јужниот дел на Појасот Газа.

Рафа моментално е дом на околу 1,45 милиони луѓе, од кои повеќето претходно беа раселени од другите делови на енклавата, додека загриженоста за хуманитарната ситуација во Газа расте. Абас истакна дека САД се единствената земја која може да спречи израелски напад врз Рафа.

Палестинскиот претседател изрази загриженост поради присилното раселување на палестинското население од Западниот Брег под управа на ПА, откако израелската армија ќе „заврши со Газа“.

Тој нагласи дека ПА одбива да прифати етничко чистење на Палестинците од двете територии и додаде дека палестинската самоуправа бара да се прекине конфликтот и да се даде помош на населението.

притисни ентер