Собранието на 11 февруари ќе го ратификува протоколот за НАТО, на 12-ти ќе се распушти

 Претседателот на Собранието Талат Џафери планира на 11 февруари да закаже седница со единствена точка на дневен ред – ратификација на Протоколот за членство на Република Македонија во НАТО. 

Следниот ден, на 12 февруари, би требало да се одржи последната седница на која ќе биде распуштен сегашниот пратенички состав, и распишани предвремените парламентарни избори на 12 април.

Од кабинетот на Џафери информираат дека до 11 февруари се очекува протоколот да биде ратификуван во Шпанија, последната од 29-земји членки кои досега го немаат направено тоа. Ако дотогаш не заврши процедурата во Шпанија, ратификацијата во македонското Собрание би била донесена со одложено дејство.

На 12 февруари, пак, ќе се одржи седницата за распуштање на Собранието. Џафери очекува седницата да заврши истиот ден имајќи предвид дека сите партии се согласни за одржување избори на 12 април.

Генералштаб на Украина: Русите интензивно напаѓаат во правец кон Бахмут и Авдеево

 Во изминатите 24 часа руските сили интензивно напаѓаа во правец кон Бахмут и Авдеево, соопшти Генералштабот на вооружените сили на Украина.

Наведено е дека во изминатиот ден се регистрирани 115 конфликти.

Според украинскиот Генералштаб, 33 руски напади биле одбиени на правецот Бахмут, а 24 на правецот Авдеевски.

Се додава дека повеќе од 110 населени места во Чернихив, Суми, Харков, Луганск, Доњецк, Запорожје, Дњепропетровск, Херсон и Николаев биле под артилериски оган од руските сили.

Приведен грчки државјанин поради давање поткуп

На граничен премин Табановце вчера околу 13 часот полициски службеници  лишиле од слобода 49 годишен Грк  поради сомнение за сторено кривично дело „давање поткуп“, соопштиј а од МВР.

- При пасошка и гранична контрола на возилото „Форд“ со германски национални ознаки, кое го управувал, тој во својата патна исправа ставил пари како поткуп. Парите биле одземени со потврда за одземени предмети, а лицето било предадено на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка, се појаснува во соопштението.

„Гответе со Дракче“ - Плескавица со компир

Во понеделник (29.04.2024) во емисијата гостин ни беше Јане Рафајловски.

Состојки за денешниот рецепт:

500 гр. компири

3 лажици брашно

1 главица кромид

сол и зачини по желба

масло за пржење

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

притисни ентер