Собранието расправаше за аерозагадувањето и за набавка на инвертер клима уреди

Собранието денеска на седница расправаше за Предлог-одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите.

Во дебатата на пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и владејачката СДСМ упатија меѓусебни обвинувања за состојбата со загадувањето.

Заменик-министерката за финансии Ширет Елези образложи дека целта на предложената одлука е да се субвенционираат граѓаните за набавка на инвертер клима уреди со високи перформанси во Град Скопје, Битола, Тетово и Кичево во износ од 620 милиони денари, како и дополнителни средства во износ од 90 милиони денари за откуп на акции за целосна државна сопственост на АД ГА- МА.

Парите се обезбедени од „ЕСМ", но преку централниот буџет ќе бидат префрлени на општините, а потоа на крајните корисници. Мерката што ја најави Владата како дел од активностите за справување со проблемот со загадувањето треба да ја искористат 10.000 домаќинства, од кои 5.200 во Скопје, по 2.500 во Битола и Тетово и 800 во Кичево.

Власта и опозицијата со спротивставени ставови за Предлог-одлуката. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ посочија дека три години се гледаат неуспешните обиди на власта за да се регулира или да се намали загадувањето во државата. Со ова, истакнаа, не се решава загадувањето и од од оваа мерка нема да добијат ништо учениците, трудниците, луѓето со срцеви проблеми, пензионерите, туку само партиските активисти во овие четири општини.

Димитар Стевананџија од ВМРО-ДПМНЕ рече дека ова е уште еден од низата непопуларни и противуставни закони кои не се во интерес на граѓаните. Посочи дека се изделуваат само четири општини кои, како што рече, би имале привилегии и предложи да се повлече ова законско решение.

– Ова е уште еден понижувачки обид за предизборен поткуп затоа што никој ги нема регулирано или пак ние не ги знаеме критериумите како ќе се делат инвертерите, рече Стевананџија, додавајќи дека се остава простор за сомнеж. Според него, досега неколку пати жителите на Прилеп биле дискриминари, а ова е врвот на дискриминацијата.

Хари Локвенец од СДСМ во реплика рече дека се определуваат мерки за сите граѓани во државата, а за тоа зошто не е во оваа група градови и Прилеп информира дека во подготовката на буџетот за следната година се предвидени четири милиони денари за субвенционирање инвертер клими.

– Не само во Прилеп, туку и во сите останати градови во општинските буџети каде има можност се определени средства кои се трошат за спречување на загадувањето. Загадувањето не е од вчера, не од денеска. Разликата меѓу годините назад и ова сега е во тоа што отворено се зборува за загадувањето, и Владата, извршната власт и Министерството за финансии одредуваат средства за борба против загадувањето, рече Локвенец и додаде дека во минатото парите се трошеле на непродуктивни инвестиции.

Тој апелираше да не се извртуваат работите, да не се спинуваат информации и лажни вести, со кои, како што рече, се обидувате предизборно да добиете поени кај граѓаните.

Во дискусијата се вклучија повеќе пратеници. ВМРО-ДПМНЕ ја обвини власта дека се работи за популистичка мерка, инстант решение пред избори, за предизборна манипилација на граѓаните. Сметаат дека е потребен серозен пристап за оваа тема, да се направат план и програма, да се зголеми капацитетот на институциите кои се занимаваат со загадувањето. Според нив, граѓаните знаат дека ништо не е исполнето и оти опозицијата нема визија за овој сериозен проблем. Власта, според нив, е неспособна, дискриминира, потрфрлила во сите сфери, а најмногу во екологијата и во аерозагадувањето.

Собранието ќе продолжи со работа по редовната пауза од еден час, кога ќе се гласа за оваа Предлог-одлука.

Тенисерка доби 9 милиони долари отштета поради сексуално злоставување (ВИДЕО)

Поротата на Федералниот суд во Флорида ѝ додели на тенисерката Кајли Мекензи отштета од 9 милиони долари, откако таа ја обвини Тениската асоцијација на Соединетите Американски Држави (USTA) дека не ја заштитила од тренерот .

Поротата на Федералниот суд во Флорида ѝ додели на тенисерката Кајли Мекензи отштета од 9 милиони долари, откако таа ја обвини Тениската асоцијација на Соединетите Американски Држави (USTA) дека не ја заштитила од тренерот за кого рече дека сексуално ја нападнал во тренинг центар кога била тинејџерка.

Во тужбата, поднесена од Мекензи во март 2022 година, се наведува дека Анибал Аранда, кој бил вработен во националното раководно тело на спортот околу седум години, а подоцна бил отпуштен, ја искористил својата позиција како тренер за да добие пристап и да ги малтретира ранливите спортистки, јавува АП.

Таа, исто така, тврдеше дека УСТА од небрежност не успеала да ја заштити од сексуален напад и небрежно го задржале Аранда како тренер откако тој сексуално нападнал службеник на УСТА.

Поротата на Окружниот суд на САД вчера ѝ додели на Мекензи 3 милиони долари како компензација и додаде 6 милиони долари за казнена отштета.

Портпаролот на USTA Крис Вајдмаер најави дека синдикатот ќе поднесе жалба на пресудата.

Тој рече дека УСТА е „длабоко вознемирена“ од одлуката, вклучително и затоа што „судот пресуди дека УСТА е одговорен затоа што еден од неговите вработени, кој не е спортист, имал обврска да го пријави сопственото искуство со овој тренер на УСТА, и тоа е инцидент кој бил непознат додека USTA не го отпушти тренерот. Ова поставува нови и неразумни очекувања за жртвите“.

Наскоро е премиерата на новиот електричен автомобил на Киа (ФОТО)

Денеска Киа ја објави планираната презентација на ново електрично возило за 23 мај.

Станува збор за сериската верзија на концептот EV3 претставен минатата есен, чие име ќе го носи во производство, а ќе биде најмалиот електричен автомобил од корејскиот производител.

Некои фотографии од концептниот модел протекоа денеска, а дизајнот има стилски знаци од теренецот со средна големина EV9, како и од компактниот кросовер EV5, моментално достапен исклучиво во Кина.

Клучните детали ја вклучуваат формата на кутија и дизајнот на дневните светла што Kia ги нарекува Star Map. DRL ќе бидат додадени и на ажурираниот EV6 што треба да излезе наскоро.

EV3 е субкомпактен кросовер, сличен на Volvo EX30 и неодамна претставениот Mini Aceman. Продажбата е планирана за подоцна оваа година, а Kia претходно наведе почетна цена од близу 35.000 американски долари, иако достапноста во САД не е најавена.

EV3 најверојатно вози на флексибилната E-GMP платформа на Hyundai Motor Group која се наоѓа на EV6 и EV9, како и некои понуди на Hyundai и Genesis. За да ги намали трошоците, се смета дека Kia ја прескокна верзијата од 800 волти на платформата во корист на поевтина верзија од 400 волти. Ова ќе значи малку побавно време на полнење, иако Kia навести дека полнењето од 30-80% со помош на брзиот полнач DC сепак може да се направи за близу 30 минути.

Kia планира да има 14 ЕВ во својата глобална постава веќе во 2027 година. Компактен хечбек наречен EV4 исто така е во план, како и електричен пикап камион што ќе се продава во САД.

Си пред посетата на Србија го критикуваше НАТО за бомбардирањето на Белград во 1999 година

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска, на последниот ден од посетата на Франција и во пресрет на посетата на Србија, го критикуваше НАТО за бомбардирањето на Белград во 1999 година, пренесе Бета.

„Пред 25 години на денешен ден, НАТО флагрантно ја бомбардираше кинеската амбасада во Југославија, при што беа убиени тројца кинески новинари. Тоа никогаш не треба да го заборавиме. Кинеско-српското пријателство, создадено со крвта на нашите сонародници, ќе остане во заедничката меморија на Кинезите и српскиот народ“, изјавил Си пишува Фајненшл тајмс.

Лондонскиот весник наведува дека во Нов Белград, каде што била Амбасадата, денеска биле истакнати националните знамиња на Кина и Србија, а активистите на Сојузот на комунистичката младина на Југославија (СКОЈ) и на Новата комунистичка партија на Југославија (НКПЈ) во понеделникот беа истакнати транспаренти пред зградата на Кинескиот културен центар, која е вклучена на тоа место и на кои пишува „Добредојдовте претседателе“, „Косово е Србија - Тајван е Кина“ и улицата „Кинески жртви на агресијата на НАТО“.

Кинескиот претседател денеска ја завршува посетата на Франција и вечерва доаѓа во дводневна посета на Србија, во рамки на неговата мини европска турнеја, во која ќе ја посети само уште Унгарија.

притисни ентер