Совети од РСБСП за безбедно ноќно возење

Возењето во ноќни услови носи многу предизвици, потенцијални закани и опасности од аспект на безбедно одвивање на сообраќајот.

Возењето во ноќни услови носи многу предизвици, потенцијални закани и опасности од аспект на безбедно одвивање на сообраќајот и токму затоа Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) советува за полесно справување со предизвиците од ноќното возење.

- Најголем предизвик кај ноќното возење е слабата видливост на патот и околината. Една студија во САД покажува дека од една третина до една половина од сите возила имаат слабо или погрешно насочени фарови и светла. Затоа, доколку патувате во ноќни услови, задолжително проверете дали светлата и фаровите работат со максимална ефикасност, велат од РСБСП.

За подобра видливост, помало напрегање и помал замор при возењето во ноќни услови, светлата, фаровите, ретровизорот, ветробранските стакла и страничните стакла, секогаш треба да бидат максимално чисти.

Од РСБСП посочуваат возачите со сериозни проблеми со видот најдобро е да не учествуваат во сообраќајот, особено во ноќни услови и во услови на дожд кога видливоста е значително загрозена.

- Според англиските оптичари околу 90 отсто од реакцијата на возачот зависи од видот. Затоа, секогаш кога возите, а особено кога возите во ноќни услови, доколку имате проблем со видот, задолжително користете ги оптичките помагала, велат од РСБСП.

Оттаму посочуваат дека возачите доколку имаат проблеми со видот и доколку користат оптички помагала, пред да започнат со патувањето, да почекаат неколку минути во автомобилот очите да се прилагодат на темнината.

Според англиската асоцијација на оптичари, прилагодувањето на темнината значително ќе ја подобри способноста за гледање во мракот.

- Возачите кои имаат проблеми со видот, во услови на ден и силно сонце, пожелно е редовно да користат очила за сонце и на тој начин полесно ќе се прилагодат за возење во услови на темнина, посочуваат од РСБСП.

Оттаму додаваат дека и намалувањето или елиминирањето на пушењето е особено важно затоа што чадот од пушењето ја намалува визуелната способност на возачот.

- Согласно ЗБСП користењето на светла во Република Македонија е задолжително и дење и ноќе и таа обврска треба секогаш да се почитува. Доколку некогаш ги немате вклучено светлата и се прашувате дали е доволно темнина да ги вклучите светлата, тоа значи дека првите симптоми за намелена видливост се веќе присутни и треба веднаш да ги вклучите светлата, истакнуваат од РСБСП.

За поглема безбедност секој возач, секогаш треба да внимава на дозволената брзина, но во услови на ноќ, брзото возење повеќекратно го зголемува ризикот од предизвикување сообраќајна незгода.

- Користете ги долгите светла, но истовремено бидете внимателни и не ги заслепувајте возачите кои доаѓаат од спротивен правец. Исто така, создавајте си навика да не гледате директно во светлата на возилата што доаѓаат од спротивната страна или во светлата што се наоѓаат во околината. Гледањето директно во изворот на светлината ја намалува визуелната способност на возачот и ги изморува очите. Внимавајте на рефлексиите и на индиректните извори на светлина како издувните гасови на возилата пред вас, очите на животните, вировите вода на коловозот итн. Голема е можноста погрешно да ве наведат и да донесете погрешна одлука како возач, велат од РСБСП.

Возењето во ноќни услови, најчесто е спротивно на биоритамот на организмот и предизвикува замор и поспаност кај возачот, особено во периодот од 02:00 до 07:00 часот наутро. Затоа, доколку возите ноќе, правете почести паузи за одмор, вежби, краток сон.

Од РСБСП советуваат до возачите за полесно да се справат со заморот, да консумираат повеќе течности, да разговараат со сопатниците, да пропуштаат свеж воздух во возилото и да дишете длабоко.

Посебно апелираат при возење во ноќни услови да се внимава на животните на патот, бидејќи тие се активни во тој период од денот и ризикот за нивна појава е поголем. /МИА

Параглајдерист преживеал пад од 30 метри- камерата го снимила ужасот (ВИДЕО)

Јутјуберот Ентони Вела го тестирал леталото над државниот парк во Аризона кога доживеал несреќа.

Тој објави видео од инцидентот на популарната платформа, откако падна на земја од околу триесетина метри, врескајќи и плачејќи.

Ентони некако повикал помош.

„Тој звучеше очајно, го повика диспечерот и рече дека се урнал со својата летечка машина“, беше објавено.

Неговиот пријател пристигнал за неколку минути, а властите „во живо“ ги следеле драматичните моменти, пренесува Дејли Стар.

Диспечерот го прашал пријателот дали жртвата имала повреди или крвари, а Ентони тврдел дека е добро. За жал згрешил, бидејќи подоцна било откриено дека има неколку скршеници.

На пат кон болница ѝ се јавил на сопругата и ѝ рекол: „Колабирав, ми се скрши раката. Ќе бидам добро, љубов, не грижи се“.

Исплашената жена одговорила: „Што сакаш да кажеш, не грижи се?“.

Се верува дека инцидентот бил предизвикан од дефект на моторот, а Јутјуберот ги предупредил луѓето тројно да го проверат секој дел пред да полетаат.

Доктор имал интимни односи со жени во ординацијата, додека пациенти чекаат на ред

На лекарот кој се снимал себеси за време на интимните односи во ординација, додека пациентите го чекале својот ред, му се заканува крај на кариерата.

Том Плимер (40) се појави во ТВ шоуто „Први средби“ уште во 2018 година, а снимката наводно ѝ ја покажал на својата колешка од Свиндон. Потоа ѝ испратил на медицинска сестра 197 експлицитни фотографии откако таа била „принудена во врска со него“.

Трибуналот кој се занимава со жалби против лекарите откри дека способноста на д-р Плимер за професионална работа била нарушена поради недолично однесување, пишува Дејли Меил.

Членовите на трибуналот слушнале дека тој наводно поканил две жени на лекар, кои ги запознал преку Интернет, а потоа водел љубов со нив во работното време.

Се тврди дека имал интимни односи со најмалку шест жени во канцеларијата, а на поранешните љубовници им испраќал контроверзни фотографии додека пациентите го чекале својот ред.

За време на неговото појавување пред трибуналот, д-р Плимер се извинил за неговото „одвратно однесување“.

Тој претходно беше прогласен за виновен по повеќе обвиненија, меѓу кои и шетање по извршена операција со откопчани панталони, испраќање експлицитни видеа, како и ставање рака на колешка на гениталиите.

Против него е поднесена дополнителна пријава за полови дејствија во ординација.

Медицинската сестра тврди дека започнала „пријателство“ со докторот по „двосмислените пораки за чоколадното зајаче“. Тој наводно ѝ се доверил дека е зависник од секс и разменил 5.000 пораки со неа.

Една порака наводно гласела: „Можам ли да ти дозволам да влезеш во некоја тајна? Ти си мојата омилена“.

Плимер ѝ покажал 197 фотографии и видеа на кои тој има односи со други жени, било кажано на Трибуналот.

Лекарот минатата недела изјави дека „се опоравува од зависноста“ со поддршка од пријатели и зема лекови. Тој признава дека испраќал експлицитни видеа на жени, но тврди дека сѐ било со согласност.

Трибуналот допрва треба да донесе конечна одлука за овој случај.

Полицијата ги растера студентите пред елитната Сорбона на пропалестински протести (ВИДЕО)

Полицијата растера десетици демонстранти кои денеска кампуваа во дворот на Универзитетот Сорбона во Париз за да протестираат против војната во Газа, изјави тамошен студент.

Протестите се случија три дена по протестите на елитниот универзитет Сајнс По во главниот град и следеа антиконфликтни собири во кампусите низ Соединетите држави, објави Франс24..

„Имаме секаква причина, како на Јеил, Колумбија, Сајнсс По... да го осудиме она што го гледаме дека се случува“, рече студент, кој се претставил само како Леонард, на друг митинг пред влезот на Сорбона.

Универзитетот, еден од најстарите во светот, ги затвори своите згради за време на мирните протести. Студентите извикуваа „Слободна Палестина“ и ја повикаа институцијата да го осуди Израел. Вкупно 253 заложници беа заробени во напад на Хамас врз јужен Израел на 7 октомври. Според израелските податоци, членовите на Хамас во нападот убиле околу 1.200 Израелци.

Израел возврати со наметнување опсада на Газа и воздушен и копнен напад. Според здравствените власти во Газа, израелската војска убила најмалку 34.488 Палестинци во тие напади.

Неколку француски политичари, меѓу кои и Матилд Пано, која ја предводи левичарската група пратеници на ЛФИ во Националното собрание, ги повикаа поддржувачите на социјалните мрежи да се приклучат на протестите во Сорбона.

притисни ентер