СП за кошаркарки, Франција и Кина во четвртфиналето

Кошаркарките на Франција и Кина обезбедија пласман во четвртфиналето на Светското првенство што се одржува во Турција.

За влез меѓу осумте најдобри на Мондобаскет, Франција ја победи селекцијата на Бразил со 61:48, додека Кина беше подобра од Белорусија со 67:72.

Претходно место во четвртфиналето обезбеди Канада со убедливата победа од 91:71 над Чешка.

Последниот четвртфиналист на СП ќе го дознаеме вечерва откако во Истанбул, својот дуел од оваа рунда ќе го одиграат кошаркарките на Србија и Куба.

Инаку, со освојувањето на првите места во групната фаза селекциите на: САД, Австралија, Шпанија и Турција веќе имаа директно обезбедено пласман во четвртфиналето. /МИА

Хамас ќе одговори на планот за примирје во Газа во Египет в понеделник

Висок функционер на Хамас изјави денеска дека групата ќе го даде својот одговор на последниот  предлог на Израел за прекин на огнот во Газа в понеделник во Египет.

„Делегација на Хамас предводена од Калил ал-Хаја утре ќе пристигне во Египет... и ќе го достави одговорот на движењето“ на израелскиот предлог за време на состанокот со египетските разузнавачи, рече функционерот кој одби да биде именуван во изјавца за француски медиуми.

Манчестер јунајтед подготвен да потроши 80 милиони евра за Араухо

Дефанзивецот на Барселона, Роналд Араухо е во трансфер плановите на Манчестер Јунајтед, објави денеска каталонскиот весник „Спорт“.

Според истиот извор, Манчестер Јунајтед е заинтересиран за потписот на 25-годишниот Уругваец и е подготвен да му понуди на каталонскиот клуб повеќе од 80 милиони евра за трансферот.

Во моментов Араухо води преговори за продолжување на договорот со Барселона, но според медиуми, англискиот тим е во позиција да му понуди поповолни услови.

Араухо се пресели во Барселона во летото 2018 година.

притисни ентер