Средба Пендаровски-Мас: Силна поддршка од германска страна за отворање на преговори за членство

Претседателот Стево Пендаровски, денеска го прими министерот за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Хајко Мас, кој престојува во работна посета на земјава.

На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, кои беа оценети како пријателски односи исполнети со доверба и взаемно почитување, соопшти Кабинетот на претседателот.

Претседателот Пендаровски истакна дека Северна Македонија високо ја цени поддршката од Германија за нејзините аспирации за членство во Европската унија и во НАТО. Во тој контекст, Пендаровски го истакна значењето на комплетирањето на процедурата за ратификација на протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО од страна на Германија.

Пендаровски на министерот Мас му се заблагодари за силната поддршка од германска страна за отворање на пристапни преговори за членство на Македонија во Европската Унија, за искажаната солидарност со државата по последниот Европски совет, како и за фактот што Германија го држи прашањето за проширувањето во фокусот на агендата на ЕУ.

На средбата претседателот Пендаровски истакна дека и покрај отсуството на одлука, на последниот Европски Совет, за почеток на пристапните преговори на Македонија со Унијата, европската интеграција останува наша стратешка цел. Претседателот изрази очекување дека наскоро ќе се дефинира новата методологија за водење на пристапните преговори и ќе биде донесена одлука за почеток на пристапните преговори со Македонија. За нашата држава, истакна претседателот Пендаровски на средбата, не постои друга одржлива алтернатива, освен полноправното членство во ЕУ.

Костадиновска-Стојчевска: Танцот со својата креативност ја афирмира македонската култура

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска го честита Светскиот ден на танцот, денот кога танцот се слави како моќ на човечкиот дух, на уметничкото творештво и на значењето на танцовата сцена во обликувањето на модерната уметност.

„Министерството за култура го потврдува својот придонес кон сцената и останува партнер во афирмацијата на македонскиот танцов идентитет“, рече министерката Костадиновска-Стојчевска, додавајќи дека танцот како креативна универзална уметност ја одразува и ја промовира македонската култура која има значајна историја на танци низ чие постоење се рушеле предрасуди и ограничувања.

Министерката Костадиновска-Стојчевска изрази уверување дека заедничките проекти го унапредуваат културниот дијалог и ја носат слободата на уметноста.

Дафина Стојаноска: Теарце е македонски непокор

Вчера, заедно со носителката на листата во ИЕ 6 од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, во посета на Теарце беа и техничките министри Панче Тошковски и Ѓоко Велковски. 

Остварија средби со жителите кои добија ветер во грб и беа задоволни од тоа што имаа можност да разговараат за нивната живеачка и опстанок во овие краишта. Тие биле и се македонскиот непокор. Остануваат во родните краишта, но овојпат очекуваат многу поголема поддршка од централната власт, бидејќи оваа сосема ги заборави.

Дизелот и Еуросупер БС 98 поевтинуваат за 0,5 денари

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС 98 ќе биде 89,50 денари за литар, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе се продава за 75,50, а Екстра лесното масло 1 (ЕЛ-1) за 75,50 денари.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), од полноќ се намалуваат за 0,50 денaри по литар, а цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 останува иста, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС 98 ќе биде 89,50 денари за литар, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе се продава за 75,50, а Екстра лесното масло 1 (ЕЛ-1) за 75,50 денари.

За 2,107 денари поскапува Мазутот М-1 НС и еден килограм ќе лини 46,661 денари.

притисни ентер