Оваа психолошка состојба се јавува кога постојано сте изложени на стрес.
Експертите велат дека постојаното слушање или справување со туѓите трауматични ситуации може да остави трајни последици на вас, бидејќи тоа значи преземање на туѓите страдања.
-Кога постојано сочувствувате со другите, физички и емоционално се исцрпувате. Постојаното изложување на проблеми може негативно да влијае на менталното здравје и благосостојба на поединецот - вели Џејд Џејмс, психотерапевт.
Истражувањето на Британското здружение за советување и психотерапија покажа дека луѓето кои страдаат од емоционална исцрпеност доживуваат промени во расположението и депресија. Последиците можат да бидат и физички, вклучувајќи замор, несоница, недостаток на апетит и главоболки. Симптомите можат да влијаат и на социјализацијата, бидејќи може да се оддалечите од блиските, велат експертите.
Треба да побарате помош ако почувствувате некој од следниве симптоми:
-Беспомошност и чувство на немоќ
-Чувство на отуѓеност, рамнодушност и емоционална дистанцираност
-Губење интерес за активности во кои некогаш сте уживале
-Неможност да ги извршувате секојдневните задачи/губење на продуктивноста
-Промени во расположението
-Депресија
-Анксиозност
-Чувство на напнатост
-Замор
-Несоница или други нарушувања на спиењето, на пример, кошмари
-Занемарување на грижата за себе
-Социјална изолација
-Недостаток на апетит
-Главоболки
-Неможност да го одвоите професионалниот живот од личниот
Психолозите тврдат дека поголема е веројатноста да ја развиете оваа состојба ако сте во улога во која им помагате на другите. Ова значи дека оние кои работат во емоционално интензивни полиња, како што се домовите за стари лица, болниците и единиците за ментално здравје се изложени на поголем ризик.
Стручните лица советуваат да побарате емоционална поддршка и да одржувате здрави односи надвор од работното место за да си олесните емоционално.