Стоилковски: Фридом Хаус го потврдува хибридниот режим на Заев и СДСМ

Три години власт на Зоран Заев - три години хибриден режим во Македонија. Оценката на Економист на почетокот на годината сега ја потврди  и Фридом Хаус.

Македонија е делумно слободна држава со владение на хибридниот режим на СДСМ. Според оценките на Фридом Хаус Македонија воопшто не исчекорила од хибриден полудемократски режим, и е во групата на држави како Украина, Молдавија, Грузија, Босна и Херцеговина. Нема поместувања ниту во организирање на избори за кои се нотирани нерегуларности, ниту има подобрување во слободата на медиумите.

Македонија нема исчекор ниту во организирање на изборен процес, ниту во транспарентноста на власта, ниту во слободата за учество во политичкиот живот, ниту во политичката култура, ниту пак во нивото на граѓански слободи. Тоа се параметрите што се мерат и одредуваат каква е Македонија под хибридниот режим на СДСМ и Зоран Заев.

Според оценката на Фридом Хаус и процентните поени Македонија има полош резултат од 2014 година, полош од 2015 и е на ниво од 2016 година. Тоа значи дека режимот спроведуван од СДСМ и Зоран Заев, воопшто нема демократско поместување.

Имајќи ги предвид нивото на корупција со секој нов тендер, нивото на судството во пупка, нивото на молчаливото обвинителство каде поднесените предмети од ВМРО-ДПМНЕ стојат во фиоки, збунетите антикорупционери кои уште разгледуваат предмети стари по една година, отворениот терор врз медиумите по поделбата на Заев и СДСМ на провладини и противници, селекцијата на новинари кои ќе поставуваат прашања во владата, полициски тормозења и пресуди за новинари кои што откриваат скандали, отворениот поткуп во изборни цели - СДСМ ја турка Македонија на чекор до авторитарен режим.

Почитувани, доста е од Вициња, Катици, Бокици, Зокици, Кикици и Фрикици. Доста е од хибриден режим и лажни ласкања. Доста е од Заевизам.

СДСМ и Заев се виновни за сите порази, измами и криминал во Република Македонија и за тоа мора да понесат одговорност.

Заев и СДСМ никогаш повеќе!

Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Хоспитализиран таткото на Новак Ѓоковиќ, Срѓан!!

Срѓан,таткото на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ итно е примен во болница! 

Таткото на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ денеска е примен во Ургентниот центар! Информацијата ја пренесе Курир, а според Информер, таткото на првиот светски рекет го повредил рамото и затоа бил хоспитализиран!

Според информациите, повредата на Срѓан Ѓоковиќ настанала откако паднал додека ги хранел птиците. Во таа прилика тој паднал од столот и ги повредил рамото .

Во раните попладневни часови е примен на одделението за ортопедија и се чувствува добро.

- Точно е дека Срѓан Ѓоковиќ е примен во болница. Моментално е на ортопедско поради повреда на рамото. Во моментов се следи состојбата и се вршат сите потребни испитувања - вели извор на Информер запознаен со целиот случај.

Никој од семејството Ѓоковиќ се уште не се изјаснил за овој настан.

Во Драчево на Цветници осветен 63 метарски крст

Токму на Цветници, на само една недела пред најголемиот верски празник Велигден, Кисела Вода и Скопје добија уште едно гигантско верско обележје, се освети 63 метри високиот крст во Драчево, во „Паркот на Бранителите“. 

Симболот на кој бил распнат Исус Христос, денеска е симбол на љубовта, мирот и благосостојбата, порача Г.г Стефан кој го водеше осветувањето на овој нов православен објект во главниот град.

На денот кога Исус Христос за последен пат влегов во Еурасалим, на една недела до неговото воскресение, овој крст претставува најголема молитва кон Бога, кажа Тодор Петров од светскиот македонски конгрес и инвеститор, додека пак градоначалникот на Кисела Вода – Орце Ѓеорѓиевски порача дека погледот кон небото во Драчево повеќе нема да биде ист.

За драчевчани овој симбол претставува еден убав ден за православието, обединувањето, љубовта и благосостојбата, како еден предевсник за Велигден кој е се поблиску.

63 метарскиот крст е 12ти најголем во светот и втор во Македонија, по милениумскиот на планината Водно.. Има распон од 34 метри, конструкцијата му е челична и се темели врз 12 шипови, плус 4 кои одат 16 метри во длабочина поради статика, а излеани се и 720 тони бетон од кои најмногу се под земја.

Мицкоски: Народот кажа, идната коалиција ќе ја предводат ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“

Изборната кампања влегува во втората половина, а со неа и постизборните комбинаторики.

За ВМРО-ДПМНЕ и за коалицијата „Вреди“ веќе нема дилеми кој треба да ја предводи новата македонска влада.

Ивана Стојановска ги има информациите.

Ивана, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ попладнево со веројатно најексплицитна порака досега?

Во видеото погледнете го целиот извештај.

притисни ентер