Страшно: Скопско Лисиче повторно „лидер“ по загадувањето во регионов

Додека пратениците размислуваат дали ќе го изгласаат предлогот на Маја Морачанин за тотална забрана на увоз на отпад за согорување, ние полека но сигурно си „умираме“.

Швајцарскo-американската компанија IQAir / AirVisual, која сигурно и таа „користи“ уреди набавени преку „Али Експрес“, и која постојано мониторира преку 10.000 градови ширум светот, и вечерва не издигна на најсрамниот трон во регионот.

Воздухот во скопската населба Лисиче , според нивниот индикатор, е крајно нездрав и изнесува преку 180 AQI единици, и е лидер во Балканскиот регион.

Ќе почнат ли одговорните во државата и градот да побараат можеби некои алтернативни решенија за овој здравствен проблем? Ќе даде ли некое решение можеби опозицијата или само ќе се чека на решение од надлеѓните институции?
Бадилаја ќе биде секој Закон кој сега ви е камен на сопнување на сите партии, затоа што додека ги договорите и изгласате, половина популација ќе замине од Македонија, а другата половина...знаете сигурно што би можело да се случи со нив.

Господо политичари од власта, опозицијата - QUO VADIS???

„Гответе со Дракче“ - Малиџано

Во петок (26.04.2024) во емисијата гостин ни беше Вики Среброва

Состојки за денешниот рецепт:

2 модри патлиџани

2 - 3 лажици мајонез

100 гр. ореви

10 маслинки

1 главица лук

1 лажица сенф

малку сол и зачини по вкус

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Водата во Скопје е безбедна за пиење

Анализите на Секторот за санитарна контрола, направени на 149 примероци од 41 мерни места во градот, во период од 22 до 26 април, покажаа дека водата во Скопје е безбедна за пиење, соопшти ЈП Водовод и канализација.

Секторот за санитарна контрола земал 149 примероци за физичко-хемиска и 149 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 41 мерни места во град Скопје и согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.

Неформална дводневна средба на Советот за општи работи на ЕУ

Советот за општи работи на ЕУ (ГАК) денеска и утре ќе одржи неформално заседание, на кое централен настан ќе биде одбележување на 20-годишнината од големото проширување на Унијата на 1 мај 2004 година. 

Заседанието ќе започне вечерва со свеченост во Центарот за ликовни уметности „Бозар“ во Брисел со која ќе се одбележи годишнината од приемот на Естонија, Кипар, Малта, Летонија, Литванија, Полска, Словачка, Словенија, Унгарија и Чешка во Европската унија.

Работниот дел од неформалното заседание на ГАК ќе продолжи утре во чии рамки министрите или државни секретари на земјите членки на ЕУ задолжени за европски прашања ќе одржат серија работни сесии на кои ќе разговараат за процесот на проширување, вклучувајќи и за искуствата од проширувањето во 2004 година, за потребата од зајакнување на Унијата, како и инструментите на блокот за заштита на владеењето на правото.

Меѓу другото, предвидено е европските министри да одржат размена на мислења со претставници на земјите кандидати и аспиранти за членство на ЕУ за владеењето на правото во рамките на процесот на проширување.

На заседанието ќе стане збор и за важноста за почитување на владеењето на правото во рамки на Унијата, како и за потенцијални подобрувања на постоечките механизми на заштита на овој принцип и нивната ефикасност.

На состанок европските министри ќе разговараат и за иднината на ЕУ, при што се очекува да разменат мислења за потребните чекори и реформи за зајакнување на капацитетот за дејствување на Унијата.

Неформалните заседанија на Советите на ЕУ се средби на ресорните министри на кои не се носат никакви одлуки, туку само се дебатира и се разменуваат мислења за различни теми и прашања по кои треба да се решава на формалните средби или на состаноци на други тела на Унијата. /МИА

притисни ентер