Тимоти Шаламе го урна рекордот на Џон Траволта, стар 45 години

Тимоти Шаламе се прослави со улогата во драмата Call Me By Your Name од 2017 година и за само седум години стана најбараниот млад актер во Холивуд.

Неговите успеси се еден по друг, а според порталот Дексерто, Шаламе штотуку го соборил рекордот што го држел само еден актер пред него.

Имено, благодарение на главните улоги во филмовите Dune: Part Two, чија премиера беше на почетокот на месецот и Wonka, чија премиера беше во декември, Шаламе се појави во два блокбастери по ред за помалку од осум месеци.

Пред него тоа му успеало само на Џон Траволта, најбараниот актер од 70-тите. Траволта се појави во светскиот хит Saturday Night Fever во декември 1977 година, а шест месеци подоцна ја играше главната улога во мјузиклот Grease, што многумина го сметаат за најдобар филмски мјузикл на сите времиња.

Saturday Night Fever заработи над 237 милиони долари во кината, додека Брилијантин заработи над 366 милиони долари. Вкупните трошоци за снимање на овие два филма биле помалку од десет милиони долари.

Мјузиклот Wonka на Шаламе заработи 628 милиони долари, додека Dinah: Part Two, кој се уште е во кината, досега има заработено 494 милиони долари. Експертите предвидуваат дека вториот дел на Дина би можел да достигне добивка од една милијарда долари.

По два блокбастери по ред, Шаламе моментално глуми во биографскиот филм A Complete Unknown, базиран на животот на Боб Дилан.

Македонија се соочува со недостаток на сирупот „Оспен“

Со месеци го нема сирупот Оспен за деца како и дел од лековите за алергија и астма, алармираат педијатрите и родитилеите.

Педијатарката Мира Атанасова вели дека во одредени состојби каде поради зголемено АСО кај децата од бактериска инфекција и со препорака на реваматолог дека детето треба да пие Оспен сируп.

Родителите често заминуваат во други земји или нарачуваат да им се купи сирупот, бидејќи ретко кога може да се најде во Македонија. Доктор Атанасова вели дека поради одредена здравствена состојба оспенот е повеќе од потребен.

Во разговор со МАЛМЕД рекоа дека разговарале со производителот во наредниот период да има сируп Оспен. ОД МАЛМЕД објаснуваат дека дефицит со овој сируп има во цела Европа.

Вработените во фондот за здравство утре излегуваат на протест

Вработените во фондот за здравство утре повторно излегуваат на протест.

Целта како што велат е да го изразат незадоволството дека не добиле усогласување на платите со растот на минималецот. Дополнително, бараат да се донесе и вредносен бод, за да се зачуваат тие плати што ги имаат. Велат дека се разочарани од односот на управниот одбор на фондот, бидејќи членовите според нив, не сакале да изгласаат порамнување на платата.

На протестот според Деаноски ќе се бара и разрешување на управниот одбор кој обвинува дека е против барањата на вработените.

Доколку утрешниот протест на вработените во ФЗОМ не вроди со плод, синдикалците најавија штрајк од 1. Јуни. Инаку, ова не е првпат да има проблеми во Фондот за здравство. Во февруари, вработените два дена штрајкуваа поради најавата од Управниот одбор дека платите ќе им бидат намалени за 21 процент. Сепак, до такво нешто не дојде.

Предизборни калкулации околу составот на идната влада

Откако ги прозваа дека за да му се допаднат на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ се откажале и од условот за уставни измени, албанските опозиционери ги повторија нивните барања за  учество во новата влада. 

Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши порача дека коалицијата „Вреди“ е доследна на ставот за усвојување на уставните измени и тоа во конкретен рок, како и дека претседателот на државата треба да се избира во Собранието. Според Гаши, тие се обврзани да бидат дел од идната влада во која ќе водат важни институции од секторот за внатрешни работи. Со ВМРО-ДПМНЕ, вели, се уште не разговарале за темата уставни измени, но оти за тоа е потребен поширок консензус и дебата.

Позициите од кои не планираат да се откажат ги повтори и потпретседателот на ДУИ, Османи - усвојување на уставните измени, почитување на договорите како и ветинг, се условите за коалицирање на „интегративците“. На Мицкоски му одговори дека тој не одлучува кој ќе биде претставник на Албанците во новата влада туку народот, а скандирањето „УЧК“ од лидерот на ДУИ Ахмети на митинг среде Скопје, според Османи, е реакција на националистичката реторика од Мицкоски која ги иритирала Албанците.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на митинг синоќа од Битола упати порака до Мала Речица, како што рече, да не праќаат емисари да го премислат, бидејќи партнерот за новата влада ќе го бара во албанската опозиција, а на ДУИ време и е за опозиција и одговорност.

Отворена врата за коалицирање Мицкоски остави и за движењето ЗНАМ на Максим Димитриевски и во партиите со кои ќе споделуваат исти принципи и вредности и чии гласови ги очекува на контото на Силјановска Давкова во вториот круг од претседателските избори.

притисни ентер