Тинејџер се испокарал со родителите, па си ископал дупка и живее таму со години (ВИДЕО)

Андрес Канто имал 14 години кога се скарал со родителите бидејќи не го пуштале да излезе надвор во тренерка.

Збеснат, тој ја искажал својата фрустрација на необичен начин и стана светски хит.

Тинејџерот го зел копачот на дедо му и почнал да копа дупка во дворот од куќата. Она што започна како „чин на гнев и инает“ се претворило во повеќегодишна опсесија со неверојатни резултати.

До 2021 година, цели шест години од борбата со неговите родители, Анрес создал подземна оаза каде што можел да го поминува времето.

До неговото скривалиште се стигнува по скали и има дневна и спална соба. Денеска признава дека не знае зошто фрустрацијата ја заменил со копање, а како одминувало времето, сѐ повеќе се посветувал на необичниот проект.

Во еден момент, тој набавил пневматска дупчалка и копал 14 часа неделно во дворот на семејната куќа во шпанскиот град Ла Романа.

„Понекогаш наидував на камења, па копањето траеше подолго“, изјавил претходно Андрес.

Како што одел сè подлабоко, тој станувал подобар и развил систем за да ја извади земјата на површината, пишува Мирор.

Таваните ги зацврстил со бетонски столбови, а целата работа проценува дека го чинела 50 евра.

Типот планира да ја прошири подземната оаза составена од две соби, парно, инсталирано Wi-Fi...

„Одлично е, имам сѐ што ми треба. Понекогаш е тешко бидејќи е влажно и нема многу воздух, но најдов мотив да продолжам да работам“, открива Андрес.

Македонски Телеком со приходи од продажба од 2.967 милиони денари во првиот квартал

 Оперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBITDA) на Македонски Телеком во првиот квартал годинава е зголемена за 4,4 проценти споредено со минатата година, а нето добивката е во пораст од 15,2 проценти.

Приходите од продажбата се зголемени за три проценти во споредба со истиот период од претходната година и изнесуваат 2.967 милиони денари, соопшти денеска компанијата.

Како што информираат, бројот на корисници на широкопојасен интернет е зголемен за 3,7 проценти и изнесува 211 илјади, а вкупниот број на интернет пристапи порасна за 3,4 проценти.

-И во мобилните комуникации се зголеми базата на корисници и достигна 1,266 милиони. Во фиксната телефонија, останавме на водечката позиција со 229 илјади корисници, информира Телеком и посочува дека со првата дигитална програма за наградување и поволности за корисниците - Magenta Moments, достигнале 160 000 корисници.

Од Македонски Телеком истакнуваат дека во однос на ширењето и инвестициите во оптичката мрежа бележат 324 илјади пристапи до оптика, што е за 15,3 проценти повеќе споредено со истиот период од претходната година.

- Најголемата 5G мрежа во Македонија продолжува да се шири и е достапна за 85 проценти од населението во Македонија со гигабитни брзини во повеќето градови. Продолжуваме да ја шириме инфраструктурата на целата територија со најновите технологии за да ги поврземе сите корисници со најдобрите услуги, стои во соопштението.

Со 151 илјада корисници на ТВ пазарот што е раст од 2,3 проценти, посочуваат дека остануваат на лидерската позиција во овој сегмент со удел од 34,4 проценти.

Генералштаб на Украина: Русите интензивно напаѓаат во правец кон Бахмут и Авдеево

 Во изминатите 24 часа руските сили интензивно напаѓаа во правец кон Бахмут и Авдеево, соопшти Генералштабот на вооружените сили на Украина.

Наведено е дека во изминатиот ден се регистрирани 115 конфликти.

Според украинскиот Генералштаб, 33 руски напади биле одбиени на правецот Бахмут, а 24 на правецот Авдеевски.

Се додава дека повеќе од 110 населени места во Чернихив, Суми, Харков, Луганск, Доњецк, Запорожје, Дњепропетровск, Херсон и Николаев биле под артилериски оган од руските сили.

Приведен грчки државјанин поради давање поткуп

На граничен премин Табановце вчера околу 13 часот полициски службеници  лишиле од слобода 49 годишен Грк  поради сомнение за сторено кривично дело „давање поткуп“, соопштиј а од МВР.

- При пасошка и гранична контрола на возилото „Форд“ со германски национални ознаки, кое го управувал, тој во својата патна исправа ставил пари како поткуп. Парите биле одземени со потврда за одземени предмети, а лицето било предадено на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка, се појаснува во соопштението.

притисни ентер