Тој е апсолутен крал на Инстаграм

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо и официјално го зазеде првото место на Инстаграм , откако ја победи пејачката Селена Гомез.

Со вкупно 144 милиони следбеници на Инстаграм , Роналдо стана најпопуларна јавна личност на глобалната мрежа. Пред само неколку недели тој беше далеку зад Селена Гомез , но неговиот трансфер од Реал во Јувентус вреден 100 милиони евра , придонесе за зголемување на популарноста и бројот на следбениците на Инстаграм.

И на другите социјални мрежи Роналдо е мега популарен. На Фејсбук го следат 122 милиони пријатели , додека Гомез има 61 милион.

На Роналдо не му се рамни ниту големите спортски ѕвезди од НБА како Леброн Џејмс , Стефан Кари или Конор Мекгрегор , кои имаат далеку помалку следбеници од него на социјалните мрежи.

ССМ ја објави минималната синдикална кошничка за мај- 60 090 денари се потребни за да се помине

Втор месец по ред, минималната синдикална кошничка ја надминува психолошката граница од 60 000 денари. 

Иако споредбено со месец април, во мај таа се намалила и тоа за само 122 денари, сепак на едно четири члено семејство за да го преживее месецот му се потребни 60 090 денари. А со изнајмен стан од 60 квадрати, пак на едно семејство месечно трошоците му се зголемуваат за околу 15 илјади денари.

Според пресметките на ССМ намалување на трошоците во мај граѓаните имале кај: хигиенските материјали, транспортот, храната и пијалаците - кои за еден месец според пресметките се намалени за 511 денари. Минимално зголемување на цените има кај трошоците за комуникации, здравје, образование. А исти останале трошиците за вода, струја, греење.

Дел од граѓаните кои ги анектиравме велат се е поскапено, но мора да се преживее, секое пазарење велат е се поскромно. Некој пак сметаат дека ваквите пресметки не се добри и со нив само се созадава паника.

„Какви и да се мора да јадеме. Дигаат паника малце, помалце е... иначе мора да се јаде...“

„Многу тешко многу тешко, јас и сопругот сме пензионери не се малку ама тешко...Еве на пазар бев сега, вчера шатлиџанот беше 80 денес е 70 ако тоа нешто значи, друго нема овошјето е доста скапо.“

„Мали пензии, високи цени.... и стално има покачување, по 5 по 10 денари...

„Тешко за преживување. Нема се да земеме, еве влеговме, не можеме се да земем, нешто земавме, нешто само погледнавме и тоа.. “

Од јануари до сега минималната синдикална кошничка е зголемена за речиси 50 евра. Дел од основните прехрамбени производи откако беше укината мерката замрзнати цени нагло скокнаа.

Изминатиов месец, граѓаните се пожалија и на високи цени на овошјето и зеленчукот, а од пекарската индустрија ја анализираат состојбата на Блискиот Исток и војната во Украина, како причини кои би можеле да влијаат и на цената лебот.

Маринакис: Во никој случај нема да ги ратификуваме меморандумите

Портпаролот на грчката влада Павлос Маринакис и во најновото интервју за Тв Скај, упатил критики до Сириза за одлуката да ги донесе меморандумите од Преспанскиот договор во Парламентот.

Тој го повторил ставот дека владата е против носењето на овие меморандуми.

Палевски се очекува да биде донесен пред судија на претходна постапка

Во секој момент се очекува пред судија на претходна постапка во Кривичнииот суд да биде донесен од затворот во Шутка, првоосомничениот за убиството на Вања и Панче, Љупчо Палевски Палчо.

Таму е Елизабета Дамјановска Спасеновска.

Бети се очекува Палевски да се изјасни за притворот кој му беше одреден во отсуство?

Во видеото погледнете го целиот извештај.

притисни ентер