Тој е најплатениот фудбалер на светот, еве на што ги троши парите (фото)

Еден од најдобрите фудбалери на светот секако е Лео Меси, а со таа титула оди и убавата количина на пари кои тој ги заработува, а со самото тоа и ги троши.

Според листата на Форбс, тој е вториот најплатен спортист, а првиот најплатен фудбалер на светот.

Само во оваа година заработил веќе 11 милиони долари, а во 2017 година потпишал нов договор кој му носи уште 80 милиони годишно, пишува „Бизнис инсајдер“.

Vuelta a casa/ going back home

A post shared by Leo Messi (@leomessi) on

Овој фудбалер, како и многу спортисти, живее и од реклами, а додатните 27 милиони долари ги заработува токму преку нив. Со Адидас има доживотен договор, а договори има и со брендовите „Геторејд“, „Мастеркард“ и „Пепси“.

A post shared by Leo Messi (@leomessi) on


Живее во Кастелдефелс, во близина на Барселона, вози автомобил вреден 200.000 долари, сопственик е на куќа во Аргентина во која израснал, а иако во неа никој не живее, редовно го плаќа нејзиното одржување. Повремено ужива во луксузните летувања.

Поседува приватен авион, а минатата година се ожени со љубовта од своето детство Антонела Рокузо со која има три деца. Пораснале заедно во Аргентина и семејствата отсекогаш им биле блиски, пренесува Index.hr.

Направен е модел од неговата нога кој е продаден за пет милиони долари, а сите пари биле донирани за санација на штетата од цунамито во Јапонија.

Не придава многу значење на социјалните мрежи, а иако е присутен на Инстаграм, профилот му е прилично “аматерски“.

Disfrutando el último día en antigua

A post shared by Leo Messi (@leomessi) on

Борел повтори дека Рафа не смее да биде нападнат

Го повика Израел да се вклучи во мировниот процес.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел денеска изјави дека партнерите на Израел и соседните земји имаат заеднички став дека градот Рафа на југот од Појасот Газа не смее да биде нападнат и ја повика израелската влада конструктивно да се вклучи во политичкиот мировен процес.

Борел на Х напиша дека меѓународната заедница, исто така, едногласно бара итно ослободување на сите заложници кои ги држи Хамас во Појасот Газа.

Тој истакна дека Израел не може да го уништи Хамас по цена на убиени илјадници палестински цивили и оти понатамошното раселување на повеќе од милион ранливи Палестинци би било „погубно“.

- Ја повикуваме владата на Израел да ги послуша повиците на меѓународната заедница и конструктивно да се вклучи во политичкиот мировен процес, наведе Борел. /МИА

Тухел го критикуваше Ким за примените головите на дуелот со Реал

„Беше премногу алчен и агресивен“.

Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел го посочи Ким Мин за неговиот настап на натпреварот против Реал Мадрид.

Баерн вчеравечер одигра нерешено со мадридскиот клуб во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите (2:2).

- Тој двапати беше премногу алчен. При првиот гол против Винисиус премногу рано тргна во дуел па Тони Крос го искористи тоа со додавање. Вториот гол – за жал, тоа беше уште една негова грешка. Ние бевме петмина тие двајца. Немаше потреба да се брани толку агресивно против Родриго и без потреба направи пенал. Токму кога Ерик Дајер сакаше да помогне, Ким го фаулира Родриго. За жал, со оглед на квалитетот на противникот, овие грешки се казнуваат. Но, мораме да продолжиме понатаму, рече Тухел.

Реваншот во Мадрид е закажан за 8 мај. /МИА

Блинкен го посети Керем Шалом, преминот за хуманитарна помош меѓу Израел и Газа

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска го посети Керем Шалом, преминот за хуманитарна помош од Израел до Појасот Газа.

За време на посетата на Блинкен, десетина камиони чекаа да влезат во Појасот Газа додека неколку израелски тенкови беа паркирани во близина.

Посетата на американскиот државен секретар доаѓа во момент кога Израел изрази намера да изврши копнен напад врз Рафа, град на неколку километри од Керем Шалом, кој сега е дом на околу 1,5 милиони Палестинци, од кои огромното мнозинство се раселени поради војната. /МИА

притисни ентер