Тошковски: Палевски ќе биде екстрадиран во најкраток рок

Љупчо Палевски Палчо во Македонија е осомничен за двојно убиство, на 14-годишното девојче Вања Ѓорчевска и на велешанецот Панче Жежовски.

Љупчо Палевски ќе биде естрадиран во најкус можен рок, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски откако министерството за правда соопшти дека е одобрена екстра-дицијата од турските власти, а јавното обвинителство информира дека за екстради-цијата надлежно е Министерството за внатрешни работи.

„Од секторот за меѓународна полициска соработка ја добивме информацијата дека е одобрена екстра-дицијата за предметното лице. Нашите полициски службеници се во комуникација со турските колеги и се очекува во наредниот период да утврдат сѐ што е потребно од аспект палевски, лицето кое е во прогон од страна на обвинителството, да биде изнесено пред лицето на правда“, изјави Тошковски.

Љупчо Палевски Палчо во Македонија е осомничен за двојно убиство, на 14-годишното девојче Вања Ѓорчевска и на велешанецот Панче Жежовски.

За убиствата се осомничени уште 4 лица меѓу кои и таткото на убиената вања, кој минатата недела беше пуштен во домашен притвор.

Град и пороен дожд го погоди кумановскиот регион- големи штети врз насадите

Интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер попладнево го зафати поширокиот кумановски регион. Во неколку села во општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане имаше појава на град.

Од Регионалниот центар за управување со кризи - Куманово информираат дека е пријавена штета на кров од викендица во Младо Нагоричане и уништени се родни дрвца, во липковско има пријави на штети на земјоделски површини.

Во урбаните средини во Куманово поради големата количина на дожд и недостиг на атмосфера канализација водата се слева по улиците.

На улицата „11 Октомври" пријавена е поплава на дворно место во чија близина има трафостаница за што е информирана ЕВН, соопштија од РЦУК-Куманово./МИА

Израелците срамнија со земја бегалски камп во Газа, петмина загинати во нападите на Рафа

Израелските сили денеска влегоа подлабоко во бегалскиот камп Џабалија во северниот дел на Газа, изјавија локалните жители, додавајќи дека во израелските воздушни напади загинале најмалку пет лица во јужниот град Рафа.

Симултаните израелски напади на северните и јужните рабови на Појасот Газа овој месец предизвикаа нов егзодус на стотици илјади жители во енклавата и значително ја намалија испораката на хуманитарна помош, а со тоа го зголемија ризикот од глад на населението.

Во Џабалија, бегалски камп изграден за цивили кои побегнале пред 75 години, израелската армија употребила булдожери за да ги отстрани продавниците и другите згради во близина на локалниот пазар, објавија жителите.

Израел објави дека се вратиле во тој камп, за кој пред неколку месеци соопштија дека е ослободен од борците на Хамас, со цел да ја спречи милитантната група да се прегрупира таму, тврди израелската армија.

Здравствените власти и итните служби објавија дека десетици тела се наоѓаат под урнатините на куќите во Џабалија, но спасувачите не можат да пристапат до нив. „Израел урива камп врз главите на луѓето, бомбардирањето не престанува, а светот бара повеќе храна да влезе во Газа. Сакаме да спасиме животи, а нема дополнителна храна“, рече Абу Ел-Насер, жител на Џабалија кој побегнал во градот Газа.

Повеќе од 35.000 Палестинци загинаа во израелската офанзива на Појасот Газа, тврдат локалните власти, додавајќи дека бараат уште најмалку десет илјади, затрупани под уништените згради.

Израелската армија еден ден претходно објави дека уништила „околу 70 терористички локации“ во енклавата, вклучувајќи складишта за оружје, ракетни фрлачи, воени инсталации и набљудувачки пунктови.

На југот на енклавата, во израелски воздушен напад загинаа три деца во куќа во Хан Јунис и најмалку пет лица, од кои три деца, во куќа во Рафа.

Сепак се разведуваат – Бен Афлек со еден потег покажа дека не е заедно со Џенифер Лопез

За разводот на режисерот и продуцент Бен Афлек и пејачката и актерка Џенифер Лопез, неговите последни фотографии изгледа ја потврдија веста.

Имено, иако пред некој ден беа видени заедно, се чини дека на нивната љубовна приказна ѝ дојде крајот.

Холивудскиот актер вчера беше фотографиран како го вози својот автомобил, а фотографиите на љубопитните папараци открија дека тој повеќе не носи бурма на левата рака и со тоа потврди дека се разведува од латино убавицата, објави Телеграф.

Откако не беа видени заедно повеќе од еден месец, парот неодамна се сретна на училишната претстава на 15-годишниот син на Бен, Фин.

Како што пренесуваат светските медиуми, парот на настанот пристигнал одвоено. Ова е прв пат да се видат заедно во последните 47 дена, а интересно е што според фотографиите и двајцата тогаш ги носеле бурмите.

притисни ентер