Трипуновски: Директорот на Македонски Шуми да си поднесе оставка, а Владата да обезбеди плати

Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски преку својата facebook страница даде мислење за денешниот протест на вработените од сите подружници на ЈП Македонски Шуми.

Вработените од ЈП Македонски Шуми протестираат бидејќи два месеци доцни платата и теренскиот додаток.

Трипуновски вели дека Менаџментот на ЈПМШ има пари да се луксузира со набавка на нови возила и луксуз, но нема за плата за вработените. Сето ова е резултат на превработеноста во претпријатието кое што го наполнија со партиски кадри и недомаќинското работење. Тој апелира директорот на Македонски Шуми да си поднесе оставка, а Владата да обезбеди пари за платите на вработените.

Додека Љупчо Николовски троши државни пари за политичка кампања и да се шета по Македонија, вработените протестираат и се молат за плата за да ги прехранат семејствата. Наскоро им доаѓа крајот на криминалот, корупцијата и непотизмот, ќе се воведе ред во сите институции, македонскиот народ не заслужува ваков третман! - изјави Трипуновски.

Димитриевски ги соопшти условите за евентуална соработка со СДСМ ИЛИ ВМРО-ДПМНЕ

Лидерот на партијата ЗНАМ, Максим Димитриевски, ги испорача своите услови за евентулни пост-изборна соработка со СДСМ или со ВМРО-ДПМНЕ.

Од актуленото раководство на СДСМ бара оставки во рок од 24 часа и повлекување од пратеничките листи на носителите и коносителите за да не се спасуваат од одговорност со имунитет. Во тој случај, рече подготвени се да разговараат со преодно раковдство на СДСМ, врз основа на крушевските и асновските вредности.

Со ВМРО-ДПМНЕ рече, се согласува околу ставовите против уставни измени и несоработката со ДУИ, но за евентулани разговори побара претходно одговор од партијата дали имаат договор со поранешниот лидер на СДСМ Зоран Заев за некаква пост-изборна соработка.

Осигурителните компании не ја почитуваат препораката на министерството за финансии

Молк по вчерашниот состанок помеѓу осигурителните компании и Министерството за финансии.

Цените на полисите за возилата и денеска останаа непроменети, иако Министерството на осигурителните компании им наложи до крајот на вчерашниот ден да се вратат на ниво од пред 25 април 2024 година.

Сега Владата е на потег. Министерството за финансии на нов состанок кој се очекува да биде закажан за денеска, ќе одлучува за доставување на предлог до владата за формирање на нов тарифник. Владата денеска има редовна владина седница, но се уште не се знае дали предлогот за нов тарифник за осигурителните полиси ќе биде разгледуван.

На средбата во Министерство за финансии се очекува повторно да присуствуваат претставници од финансии, од Агенција за супервизија на осигурениците и од Националното биро.

По вчерашниот двочасовен состанок финансии освен што побара осигурителните компании да ги вратат старите цени на полисите, од АСО побара во меѓувреме да направи анализа дали е опавдано да се зголемат цените. Но, од Агенцијата и пред неколку дена се изјаснија дека ваквата одлука за зголемување на цената е неоправдана.

Инаку, минатата недела осигурителните компании донесоа одлука да ги покачат цените за полисата за возилата за 15, 4 отсто, со образложение дека не се променети повеќе од 10 години, а трошоците им се пораснати.

Лишени од слобода двајца неготинци за напад врз малолетна ќерка и сестра

Двајца неготинци синоќа биле лишени од слобода поради напад врз малолетната ќерка и сестра, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.

- Во 23.10 часот, полициски службеници од ОВР Неготино ги лишиле од слобода Г.З., на возраст од 50 години и В.З., на 24-годишна возраст, двајцата од овој град, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнале нивната малолетна ќерка и сестра. Г.З. и В.З. биле задржани во полициска станица, известени биле јавен обвинител, Центарот за социјални работи. По документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, појаснуваат од СВР Велес.

Претходно, во 09.30 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода кавадарчанецот М.Т., на возраст од 30 години, постапувајќи по претходна пријава од неговата 30-годишна сопруга, дека во семејниот дом физички ја нападнал.

М.Т. бил приведен во полициска станица. Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

притисни ентер