Tурнир во забрзан шах „АЛКАЛОИД 2017“

Традиционалниот отворен меѓународен турнир во рапид темпо „Алкалоид 2017“ собра рекорден број учесници, 198, од пет држави. По одиграните девет кола, на врвот на турнирската табела со ист број поени, 7,5, се најдоа четворица шахисти: велемајсторите Петар Дренчев (Бугарија), Милош Перуновиќ (Србија), Интермајсторите Филип Панчевски (член на ШК Алкалоид и актуелен Шампион на Македонија) и Златановиќ Борољуб (Србија).

Според дополнителен критериум, првото место и победничкиот пехар му припадна на Дренчев. Петопласиран е велемајсторот Звонко Станојоски, исто така член на ШК Алкалоид, кој ја предводи групата од 10 шахисти со по седум поени.

Најуспешна шахистка на турнирот, со освоени пет поени, е ФИДЕ мајсторот Моника Стојковска, членка на ШК Алкалоид и прва табла на Македонската женска репрезентација.

Беа доделени и повеќе специјални награди, за најуспешни јуниори по категории, најдобар ветеран над 65 години и други.

Турнирот помина во одличена фер атмосфера, со заедничка порака до организаторот да се продолжи препознатливата традиција. Вкупниот награден фонд изнесуваше 122.000 денари.

Пред Олимпијадата, ракометна судиска двојка Начевски и Николов кај градоначалникот Ѓорѓиевски

 Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денеска оствари средба со најдобрата македонска и светска ракометна судиска двојка, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов. 

По бројните врвни натпреварувања од кои ќе ги спомнеме последните - Светското првенство во Шведска во 2022 година, финалето на СП во 2023 година во Унгарија, Шведска и Австрија, како и полуфиналето на ЕП во 2024 година во Германија, своевремено најдобра судиска двојка во светот во избор на Светската ракометна федерација (ИХФ), летово ќе ја дели правдата на Олимписките игри во Париз.

За Начевски и Николов ова ќе биде четврта Олимпијада, по Лондон, Рио и Токио. Градоначалникот Ѓорѓиевски им го честиташе големиот успех за кој тие недамна од Општина Кисела Вода добија статуетката во форма на клуч која се доделува на сите заслужни жители, информираат од Општина Кисела Вода.

Градоначалникот Ѓорѓиевски истакнал дека му причинува големо задоволство што и денеска, како што рекол, прославуваат уште еден успех на оваа светски призната ракометна судиска двојка.

-Да се суди на Олимпијада и тоа по четврти пат говори за континуиран квалитет со кој сме горди сите ние, пред се жители на Општина Кисела Вода, но и цела Македонија. Од неодамна и официјално ги прогласивме за наши почесни граѓани и се надевам дека листата со успеси ќе продолжат да ја збогатуваат со уште вакви значајни натпреварувања. Како градоначалник на Општина Кисела Вода, вложувам големи заложби за достоен третман на големите спортски ѕвезди и по официјалното завршување на нивните натпреварувања. Како локална самоуправа се трудиме да го искористиме нивниот потенцијал и тоа најмногу за младите таленти, па така нашите ученици во своите училишта спортуваат со ракометарот Аце Станковски, судијата Славе Николов, како и со поранешниот репрезентативец, ракометарот Кирил Атанасовски, истакнал градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на денешната средба со Начевски и Николов.

Романо: Хумелс нема да игра на ЕП

Одбранбениот фудбалер на Борусија Дортмунд, Матс Хумелс, нема да биде повикан во германската репрезентација за ЕП 2024 година, објави авторитетниот инсајдер Фабрицио Романо на социјалните мрежи.

Според Романо, наместо Хумелс во репрезентацијата ќе биде повикан 27-годишниот дефанзивец на Ајнтрахт Робин Кох.

Европското првенство во 2024 година ќе се одржи од 14 јуни до 14 јули во Германија.

Оваа сезона 35-годишниот Хумелс настапи на 38 натпревари од Дортмунд во сите натпреварувања, постигнувајќи четири гола и една асистенција.

Хумелс со својот тим избори финале на Лигата на шампионите против Реал Мадрид. Натпреварот ќе се одигра на 1 јуни на стадионот „Вембли“ во Лондон.

Во кината лани биле прикажани 1027 филмови и 12596 кинопретстави

Според евиденцијата на Државниот завод за статистика, во 2023 година во земјава имало 18 кина.

Бројот на прикажани филмови лани изнесувал 1 027, на кинопретстави 12 596, а бројот на посетители бил 350 637.

Во 2023 година, во споредба со 2022 година, бројот на прикажаните филмски кинопретстави е зголемен за 11.2 %.

притисни ентер