Генералот Мушараф успеа да ја оспори уставноста на специјалниот суд кој го прогласи за виновен за предавство минатиот декември, јави Би-Би-Си.
Високиот суд во Лахоре денес го ослободи Первез Мушараф, а еден од обвинителите коментираше дека Мушараф сега е „слободен човек“.
„Создавањето на судот и изборот на обвинителите беа прогласени за нелегални. И на крајот на денот, смртната казна беше укината“, рече Истијак А. Кан, владин обвинител, додавајќи дека нема повеќе обвиненија против Мушараф.
Да потсетиме, Первез Мушараф беше осуден на смртна казна во декември 2019 година. Тој беше осуден од три члена на судот под обвинение за предавство донесено против него во 2013 година.
Мушараф ја презеде власта за време на воениот удар во 1999 година и ја извршуваше функцијата претседател на земјата од 2001 до 2008 година.
Тој сега живее во егзил во Дубаи, соборувајќи го тогашниот премиер Наваз Шариф со воен удар во 1999 година и стана истакната личност на светската сцена откако се приклучи на американската војна против теророт во Авганистан.
Тој го суспендираше уставот во 2007 година за „прочистување“ на судството.