Уште една смртна казна во САД , затвореникот побарал прошка од девојката која ја запалил (ВИДЕО)

Американец од Тенеси, кој бил прогласен за виновен за убиството на својата поранешна девојка откако ја запалил во неговиот автомобил пред скоро 30 години, егзекутиран е вчера на електричен стол во Нешвил, соопштија затворските власти.

Ли Хол (54) беше прогласен за мртов во 19:26 часот по локално време во затворот Ривербенд во Нешвил.

Хол беше осуден на смртна казна во 1992 година за убиството на 22-годишната Трејси Крозиер.

Во средата, гувернерот на Тенеси, Бил Ли изјави дека нема да интервенира во случајот, еден ден откако Хол беше преместен во ќелија веднаш до комората за извршување.

Хол поднел неколку неуспешни поплаки пред државните и федералните судови по неговото осудување за намерно убиство и подметнување пожар во 1992 година. Врховниот суд во Тенеси оваа недела го негираше неговото последно барање за суспензија бидејќи верува оти еден од поротниците бил пристрасен затоа што била жртва на семејно насилство.

Вчера попладне, Врховниот суд на САД ја одби понудата за 11-часовно одложување на извршувањето.

Хол избра да му биде извршена смртната казна на електричен стол, со што стана четвртиот осуден американски затвореник што е погубен од 2018 година. Во 2014 година Тенеси повторно започна со употреба на електричен стол за извршување на смртна казна, што се користи доколку некој затвореник го избере тоа или ако смртоносната инекција е недостапна.

Хол го изгубил видот заради глауком и е првата слепа личност што е егзекутиран во поновата американска историја, пренесува „Дејли меил“.

„Мислам дека луѓето можат да научат да простуваат и сакаат и да го направат светот подобро место“, беа последните зборови на убиецот.

Пред егзекуцијата го добил и последниот оброк ,и тоа чизстејк, пржен кромид, торта со сирење и Пепси, соопштија затворските власти.

По извршувањето, адвокатот ја прочитал неговата изјава.

„Жал ми е за болката што ви ја предизвикав ... Ве молам простете ми“, му напишал убиецот на семејството на несреќната девојка.

Според судските документи, Хол ја полил својата поранешна девојка со бензин и ја запалил во неговиот Нисан ноќта на 16 април 1991 година, по расправија пред домот на неговата баба. Таа претрпела изгореници на 90 проценти од нејзиното тело, а починала по кратко време во болница.

Хол е 20-ти затвореник во САД и трет во Тенеси што беше егзекутиран во 2019 година.

Градоначалникот на Киев ја повика владата да вложи повеќе напори во борбата против корупцијата

 Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко ја обвини украинската влада дека прави премалку во борбата против корупцијата во земјата, јави ДПА.

Кличко даде интервју за германски медиуми од групата Функе, кое беше објавено денеска. Запрашан дали владата е на вистинскиот пат во својата борба против корупцијата, тој одговори: „Можете да го поставите тоа прашање на секој граѓанин и сигурен сум дека тој ќе одговори со не“. Кличко изјави дека и тој е „на истото мислење“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски постојано најавуваше дека води тешка битка против корупцијата и злоупотребата на средства во државниот апарат. Пред само неколку дена министерот за земјоделство поднесе оставка поради обвинувања за корупција.

Во врска со односите со Зеленски, Кличко изрази жалење за недостигот на кохезија меѓу водечките политичари во Украина. „За жал, во овој период на војна, нема единство меѓу политичките сили“, рече Кличко. Тој истакна дека од почетокот на војната, постојано се обидувал да се сретне со Зеленски.

„Но, за жал, немав можност лично да се сретнам со Зеленски“, рече Кличко.

Градоначалникот на Киев укажа на штетата предизвикана од руските беспилотни летала и повика на поголема меѓународна поддршка за воздушната одбрана на Украина

По две години војна, штетите во Киев се огромни. Повеќе од 800 згради беа оштетени и уништени од воздушните напади. Повеќе од 200 луѓе загинаа, меѓу кои седум деца. /МИА

Десетици торнада поминаа низ централниот дел на САД, најмалку петмина загинати

Најмалку пет луѓе загинаа, вклучувајќи четиримесечно бебе, откако десетици торнада помина низ централниот дел на САД, предизвикувајќи сериозни штети. Д

есетици илјади луѓе останаа без струја откако бурите почнаа во петокот. Досега е потврдено дека четири лица загинаа во сојузната држава Оклахома, а едно во Ајова. Националната метеоролошка служба објави дека некои торнада имале налети од 218 километри на час. Особено тешко е погоден градот Сулфур во Оклахома, каде што цели домови се срамнети со земја. Во оваа сојузна држава има и повеќе од 100 повредени. Ова уследи откако повеќе од 70 торнада ги погодија небраска и Ајова во петокот. Најголем дел од нив биле околу градот Омаха.

Блинкен: Напредок во испораката на помош во Газа

Прекинот на огнот „најефикасен“ за решавање на хуманитарната криза

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен на состанокот на регионалните лидери во Ријад изјави дека најефективниот начин за ублажување на хуманитарните страдања во Газа е да се обезбеди примирје меѓу Израел и Хамас.

Говорејќи во Саудиска Арабија, американскиот државен секретар рече дека има „мерлив напредок“ во доставувањето помош за Газа, но дека е потребно повеќе. Блинкен рече и дека Иран е најголемиот извор на нестабилност во регионот. Тој посочи дека настаните од последните неколку месеци покажаа дека има два можни патишта. Едниот, рече тој, бил обележан со „поделби, уништување, насилство и постојана несигурност“.

притисни ентер