На еден ден пред официјалното отпочнување на кампањата за парламентарните избори, најголемиот дел од политичките партиите и коалиции се обврзаа на демократски изборeн процес во кој ќе се почитуваат основните човекови права и слободи, со цел постигнување транспарентни, инклузивни и отчетни избори на 8-ми мај. Со потпишувањето на Кодексот за фер и демократски избори, како што рече претседателот на ДИК, Даштевски партиите се обврзуваат дека ќе го почитуваат етичкиот кодекс и во кампањата нема да користат говор на омраза и секаков вид на дискриминација.
Кодексот го потпишаа 10 партии и Коалиции, меѓу кои сите поголеми, а 7 од помалите парламентарни и вонпарламнетарни политички субјекти или не дојдоа или одлучија да не стават потпис со образложение дека изборниот систем не нуди услови за фер изборна трка.
Во пресрет на стартот на камапњата, ИПИС објави симулација направена врз основа на нивните анкети.. Според неа, најголем број пратеници во новиот парламент се очекува да има коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ меѓу 51 и 54 пратеници, СДСМ од 28 до 30 пратеници, ДУИ од 13 до 17 мандати, коалицијата ВРЕДИ од 11 до 13 мандати, Левица со 4 до 7 и движењето ЗНАМ од 4 до 6 мандати.
Инаку, претсдателот на ДИК Даштевски информираше дека училиштата во кои ќе се гласа и на 24 април и на 8 мај, ќе работат во вторниците, а заклучени ќе бидат само оние простории каде ќе биде сместен избирачкиот материјал.