Велигденска порака на Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх монс. д-р Киро Стојанов

„Не плашете се! Вие го барате Исус од Назарет, Распнатиот. Тој воскресна, не е овде!“  Марко 16,6

Драги браќа и сестри!

Велигден е најстариот и најголемиот христијански празник, кој веќе Раната црква го слави како спомен на Исусовото воскресение. Овој подвижен празник нема одреден датум и секоја година не се слави во исто време, а се паѓа во недела по првата полна месечина во пролетта. Првата полна месечина во пролетта може да биде помеѓу 22 март и 25 април, така што овој празник се сместува токму во тоа време. Во историјата на христијанството настанати се одредени пракси, меѓу кои и употребата на јулијанскиот и грегоријанскиот календар, што го отежнува усогласувањето на единствен термин за празниникот Воскресение Христово и за жал до денес не е постигнат договор за ова прашање. Но, бидејќи Велигден е подвижен празник, понекогаш се случува славењето на Воскресението Господово во Источната и Западната црква да се совпадне и заедно.

Со празнувањето на Исусовото воскресение ја празнуваме пасхалната тајна според која Синот Божји нè откупи со својата крв, ги избрка од нас темнината на гревот и сенката на смртта, кои по падот на човекот надвиснаа како тежок товар над човечкиот род. Исус доброволно се предаде на смрт „за да го откупи робот“, како што се пее во химната на Велигденската свеќа. Христос со своето воскресение од мртвите ја победи и самата смрт.

На првиот ден од седмицата, односно во недела рано наутро, некои жени кои го придружуваа Исуса и му служеа за време на неговото проповедање во Галилеја и Ерусалим, по Исусовата смрт дојдоа на гробот за да му оддадат уште еднаш почит, бидејќи заради саботата не можеле да го сторат тоа, а немале ниту време да направат сѐ според обичајот. Купиле мириси за да го помазат. Евангелист Марко по име ги спомнува Марија Магдалена и Марија Јаковова и Саломија и истакнува дека тие разговарале меѓу себе на патот кон гробот: „Кој ќе ни го одвали каменот од вратата на гробот?“ Кога стигнале до гробот, каменот веќе бил одвален. Кога влегле во гробот, виделе млад човек, облечен во бели алишта како седи од десната страна и се уплашиле. Тој им рекол: „Не плашете се! Вие го барате Исус од Назарет, Распнатиот. Тој воскресна не е овде! Еве го местото каде што го положија. Но, одете, кажете им на учениците Негови и на Петар дека Тој пред вас ќе отиде во Галилеја; таму ќе Го видите, како што ви беше рекол.“ Тие излегле и почнале да бегаат од гробот: ги обзело страв и ужас. „И никому ништо не рекоа, бидејќи се плашеа.” Потоа, Исус ѝ се јавил на Марија Магдалена, ѝ и кажал утешни зборови и ја пратил да им каже на учениците за празниот гроб и за средбата со Исус. Така и направила.

Исусовите ученици не поверувале веднаш, но кога ја слушнале веста и самите отишле на гробот и виделе дека е празен. За да поверуваат, потребно им било полека да им се отворат очите на верата, поттикнати од многу објавувања со кои Исус ги зацврстуваше своите исплашени ученици за да ги подготви за задачата која им ја даде и која била пред нив.

Исусовите ученици, зајакнати во својата вера и со слегувањето на Светиот Дух врз нив, почнале да ја шират воскресната вера низ светот. Таа вера и ние ја наследивме и денес ја шириме. Веруваме дека Исус е Син Божји, кој за нас и заради нас зеде човечка природа, стана човек и кој од љубов кон секој човек претрпе тешки маки на крстот. Дојде кај своите, но своите не го примија. Исус со своето воскресение од мртвите ја победи смртта, најголемиот човечки непријател. И покрај тоа што смртта постои и по Исусовото воскресение, цврсто веруваме дека Тој како победник воскресна од мртвите и дека смртта повеќе го нема последниот збор.

Исус, со своето воскресение од мртвите, не оживеа како Лазар, кого го повика од гробот, туку неговото воскресно тело се преобрази, повеќе не е подложно на распаѓање, смрт и болест, така што над Него стариот безбожен свет нема никаква власт. По воскресението од мртвите, телото на Исус било продуховено и преобразено од Божјиот Дух. Тоа е спас на човечкото тело и човечката природа од распаѓање. Тој ја преобрази човечката природа, ја отвори вратата за преобразба на целата природа, на секој човек, на целото човештво и на целата човечка историја. Со ова Бог го зацврстува човекот во верата дека има излез, има спас, дека може да се ослободи од страдањата, тиранијата, смртта, убивањето и неправдата. Непријателот на човекот и човештвото, стариот заводник од почетокот на светот, ја загуби битката засекогаш. Смртта, гревот, ѓаволот, темнината и страдањето се поразени. Од тука, ние христијаните, цврсто веруваме дека еден ден ќе воскреснеме во нов живот со Бога.

Ние христијаните го славиме Христовото воскресение и се надеваме на сопственото „воскресение“ по смртта. Без вера во воскресението, нашата вера би била бесмислена.

Како Исусови ученици и учесници во велигденското славење и ние сме испратени во светот со иста задача да им го објавиме на луѓето Исуса распнатиот и воскреснатиот и да бидеме вистински сведоци на силните Божји дела преку кои Тој постојано ја покажува својата љубов кон нас. Нашето сведоштво и порака до светот треба да ги допре срцата на луѓето, да ги поттикне на вера во Исус Христос, за да му одговорат соодветно и да постапуваат со вера во светот. За нас, Христовите верници, се поставува прашањето: Дали навистина сме трогнати од велигденската порака која со векови одекнува низ целиот свет? Дали сме веродостојни сведоци на Христос или сме, како жените на празниот гроб, обземени од страв, повеќе би сакале да побегнеме од Исусовиот празен гроб и да молчиме од страв пред осудата или омаловажувањето. Но Господ е тука и ни приоѓа велејќи: „Не плашете се!“ „Одете и соопштете им на браќата Мои!“ „Ете, Јас сум со вас преку сите дни до крајот на светот“.

На сите Ви посакувам Честит празник Воскресение Христово - Велигден и благословени велигденски празници. Амин, алилуја!

Христос воскресе! Навистина воскресе!

Мицкоски:ДУИ секогаш, буквално секогаш кога краде највеќе, се прикрива со етнички теми

Кога Ахмети вели дека Македонците немале паметници, тоа значи дека не знае каде да погледне, денес 28 април, најзвучно се говорат имињата на 8 бранители кои ги положија животите 2001 година во Вејце убиени во заседа

ДУИ секогаш, буквално секогаш кога краде највеќе, се прикрива со национални и етнички теми. А денес тие се прикриваат зад завесата Европа. И додека устите им се полни со Европа, а Ковачевски понизно ги слуша и коленичи пред Ахмети, него го слушаме среде Скопје како скандира УЧК, УЧК, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митинг во Битола.

„Тие зборови кажани од овој човек извалкан со тежок криминал и крвави раце облечен во одело кое не му ги пере гревовите, се навреда и за Албанците кои ги краде најмногу, и за нас Македонците. И кога Ахмети вели дека Македонците немале паметници, тоа значи дека тој само не знае каде да погледне. А овде Битола раѓала јунаци со храбри срца кои своите животи ги поклонувале пред олтарот на слобода за нашата татковина. И има многу такви, стотици и илјадници, но денес 28 април, најзвучно се говорат имињата на 8те бранители меѓу кои четворица битолчани, македонски херои кои ги положија животите таа 2001 година во Вејце, ѕверски убиени во подла заседа“, кажа Мицкоски.

Мицкоски укажа дека токму тие бараа херои.

„Еве ги нашите. Марјан Божиновски 27 години, Кире Костадиновски 24 години, Бошко Најдовски 25 години, Илче Стојановски 24 години, Роберт Петковски 27 години, Бобан Трајковски 28 години, Миле Јаневски 30 години, Игор Костески 25 години... Слава им. Македонија вечно ќе го памети нивното дело за нашата слобода. И оттука испраќам порака во иднина да се внимава кога се изговараат лесно зборови кои отвораат рани кои не се залечени“, кажа Мицкоски.

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ партнерот ќе го бара во албанската опозиција, во партиите со кои ќе споделуваме исти вредности и принципи, а за ДУИ време е за опозиција и одговорност

ДУИ како политичка партија дојде на власт со приказна за човекови права, а заврши како партија која печали врз човековите права и ги краде и своите и другите. И затоа овие избори е времето кога треба да им се каже толку беше. Време е за опозиција и одговорност, рече Христијан Мицкоски претседател на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митинг во Битола.

„И една порака до ДУИ. Овие денови сум преплавен со пораки и абери кои ми ги праќаат од Речица. Па како човек секогаш сум бил директен, престанете да ми ги праќате оние емисари и курири по разно разни канали кои велат да сум размислел да направиме коалиција после изборите. Не знам дали знаете или не, но јас не сум ви Ковачевски, ниту неговиот претходник. Со мене такви договори на штета на народот и под маса немало и нема да има“, рече Мицкоски.

Мицкоски укажа дека ВМРО-ДПМНЕ партнерот ќе го бара во опозицијата, во партиите со кои ќе споделуваме исти вредности и принципи.

„Време е ДУИ да биде заменето со партии кои ќе работат за сигурна иднина на сите граѓани и со која заедно ќе се бориме за заедничката иднина“, изјави Мицкоски.

Со Почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Секси боксерка заврши во затвор поради кражба!!

Атрактивната Арабела Дел Брусо е поранешна реалити ѕвезда,  сега боксерка и девојка на американскиот фудбалер Џош Рејнолдс.

Сексапилната Арабела моментално отслужува 20-месечна затворска казна за грабеж на работно место од 52.000 долари, што го направила пред нејзината кариера во боксерскиот ринг.

На атрактивната дама зад решетки не и е лесно, а на новинарите им открила детали од траумата зад решетки и испратила писмо до медиумите.

- Претресите не само што трауматизираат, ме прават да се чувствувам понижено затоа што секој пат морам да се соблечам пред двајца чувари. Едниот стои пред мене, другиот позади. Потоа прво треба да го подигнам градникот и да ги покажам градите, а после тоа едната ми ги соблекува гаќите до колена или целосно, па морам да се наведнам, да го раширам задникот и да ја подигнам едната, а потоа другата нога. Се чувствувам несигурно, се плашам дека другите ќе дознаат кој сум. Деновите ги поминувам со наведната глава, но секој ден е потежок. Изоставив некои работи бидејќи знаев дека вработените во затворот ќе го прочитаат писмото, не сакав да знаат некои работи кои ќе ја загрозат мојата безбедност – напишала меѓудругото Арабела во писмото до медиумите.

Ковачевски: Гласањето ПРОТИВ е краткорочна казна со долгорочни последици за државата

Гласањето ПРОТИВ е краткорочна казна со долгорочни последици за државата, гласањето ЗА значи прогрес и подобра држава.

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, на вечерашниот митинг во Крушево, ги повика граѓаните пред да гласаат на 8-ми мај, убаво да размислат дали ќе дадат глас „за“ или глас „против“. Го повикувам сите граѓани да размислат кој заслужува да ја води државата, рече Ковачевски.

„Гласањето ПРОТИВ не ѝ носи добро на Македонија. Само ако гласаме ЗА може да одиме напред и да изградиме подобра држава за нашите деца, држава во која тие ќе сакаат да живеат. Со глас ПРОТИВ можеби ќе казните некого, но во исто време ќе ги казните и сопствените деца. Таа краткорочна казна може да има долгорочни последици за државата. Затоа ве повикувам масовно да гласате ЗА европска иднина. Да гласате ЗА Стево Пендаровски, за претседател и ЗА СДСМ и Коалицијата за европска иднина на парламентарните избори“, порача Ковачевски.

При тоа, Ковачевски им се заблагодари на членовите, симпатизерите и поддржувачите на СДСМ кои останале доследни на социјал-демократската идеја на партијата.

„Многу е поголемо задоволството кога ќе се измачиш во борба со својот политички и идеолошки противник, отколку да ја избереш полесната опција и да се свртиш против своите. Тоа е јалова борба, во која никогаш нема победник, а тој што се борел против своите си оди дома како најголем губитник. Затоа ние избравме да се бориме со идеи, со визија, со конкретни проекти, а не со кавга со довчерашните сојузници и истомисленици“, истакна Ковачевски.

Лидерот на СДСМ порача дека основната цел на програмата на Коалицијата за европска иднина е брзи, ефикасни и успешни преговори со ЕУ затоа што само на тој начин како држава може да обезбедиме повисок животен стандард, поефикасна борба против криминалот и корупцијата, подобро образование и здравство.

Скопје, 28 април 2024

СДСМ

притисни ентер