Американската актерка Меган Маркл , од вчера и официјално сопруга на британскиот принц Хари и војвотка од Сесакс уште еднаш ја воодушеви јавноста со изборот на фустанот кој го носеше на приемот по венчавката.
После сведената и „затворена“ венчаница вредна повеќе од 450 000 евра со потпис на Лкер Вејт Келер, Меган повторно облече едноставен бел фустан, но, со гол грб.
Фустанот за приемот по венчавката на Меган бил дизајниран од Стела Мекартни направен од бела свила, а на нозете носела чевли од брендот „Аквакура“, исто така бели.
Во вакво издание Меган се возеше со својот сопруг Хари до Фрогмор каде принцот Чарлс правел прием за одбраните гости, по „свадбата на годината“.