Викторија Бекам со порака до колешките кои ја почнаа турнејата без неа

Spice Girls со синоќешниот концерт во Даблин ја почнаа турнејата со настап по цели седум години, односно од Олимпијадата во Лондон во 2012 .

Викторија Бекам се откажа од турнејата на која се само Baby, Ginger, Scary and Sporty Spice. Викторија сепак не издржа и на своите поранешни колешки им упати порака на Инстаграм.

,,Среќно на девојките кои денеска ја почнаа турнејата.” напиша поранешната Posh Spice, на што доби одговор дека пријателството никогаш нема да заврши.

Фон дер Лајен го осуди ранувањето на словачкиот премиер Фицо

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, го осуди „гнасното“ пукање на словачкиот премиер Роберт Фицо.

„Силно го осудувам гнасниот напад врз премиерот Роберт Фико“, напиша фон дер Лајен на X.

„Ваквите акти на насилство немаат место во нашето општество и ја поткопуваат демократијата, нашето најскапоцено општо добро“, додаде таа.

„Моите мисли се со премиерот Фицо и неговото семејство“, порача Фон дер Лајен.

Хезболах интензивно гаѓаше воени цели на северот на Израел

Либанското движење Хезболах денеска интензивно гаѓаше воени цели во северен Израел, како одговор на израелскиот напад во кој загина локален командант на проиранското движење.

Хезболах објави дека лансирал „десетици ракети Качуша“ во воената база Мерон во северен Израел и касарната Биранит.

Бомбардирањето е одговор „на нападот на израелскиот непријател во јужен Либан“, се додава во соопштението.

Сирените за тревога се огласија во Мерон.

Израелската армија изутрината соопшти дека го убила локалниот командант на Хезболах, Хусеин Маки во напад на крајбрежниот град Тир во јужен Либан./МИА

Утврдена кандидатската листа за член на Судскиот совет од Врховниот суд

За испразнетото место во Судскиот совет ќе се борат врховните судии Цветанка Периќ и Исамедин Лимани, чија кандидатура предизвика жестока расправија на денешната седница на советот. 

Според дел од членовите, постои уставна пречка лимани да биде член поради нарушување на правичната застапеност во судскиот совет.

притисни ентер