Високи дипломати ќе присуствуваат на потпишувањето на договорот

Генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш, медијаторот Нимиц, европскиот двоец Могерини-Хан се очекува да го овековечат договорот меѓу Македонија и Грција, кој според најавите, треба да биде потпишан викендов во Мала Преспа.

Според грчкиот весник Ефимерида, високите дипломати биле поканети да присуствуваат на потпишувањето на документот, кој како што се наведува, ќе биде потпишан од министрите Димитров и Коѕијас, во присуство на премиерите Заев и Ципрас веќе во сабота. Сепак, грчките медиуми не исклучуваат можност свечениот чин да биде пролонгиран за во недела или понеделник, во случај да се одолговлечи расправата во грчкиот парламент посветена на договорот со Македонија.

Таа е закажана за утре, каде е можно да се гласа и за недоверба на владата на Ципрас, процедура која може да трае најмногу три дена. Во однос на договорот синоќа на грчката ЕРТ зборуваше и грчкиот премиер Ципрас, кој оцени дека Атина не може никому да забрани да се самоопределува како Македонец. Затоа, како што вели, во спогодбата постоело решение за државјанството, а не за идентитетот.

- И јас и мојот колега, господинот Заев, во овој период, водевме тешка битка, секој во својата земја да надминеме предрасуди и опсесии, но и еден организиран обид на „трговци на патриотизам“, за да можеме да стигнеме до договор, кој веруваме, сметаме дека е во корист на нашите народи. Целта на овој договор е да не го потценува правото на самоопределување, тоа не можеме да го направиме. Не можеме да им забраниме да се самоопределуваат како Македонци. Терминот Македонци во договорот не се однесува на историјата на грчката Македонија, изјави Алескис Ципрас, премиер на Грција.

Во однос на позицијата на коалицискиот партнер, Панос Каменос, Ципрас изјави дека лидерот на Независни Грци ќе го задржел ставот да не гласа за договорот, но оти нема намера да ја напушти и да ја урне владата. Според тоа, владата на Ципрас би требало лесно да го преживее евентуалното гласање недоверба.

Десетици торнада поминаа низ централниот дел на САД, најмалку петмина загинати

Најмалку пет луѓе загинаа, вклучувајќи четиримесечно бебе, откако десетици торнада помина низ централниот дел на САД, предизвикувајќи сериозни штети. Д

есетици илјади луѓе останаа без струја откако бурите почнаа во петокот. Досега е потврдено дека четири лица загинаа во сојузната држава Оклахома, а едно во Ајова. Националната метеоролошка служба објави дека некои торнада имале налети од 218 километри на час. Особено тешко е погоден градот Сулфур во Оклахома, каде што цели домови се срамнети со земја. Во оваа сојузна држава има и повеќе од 100 повредени. Ова уследи откако повеќе од 70 торнада ги погодија небраска и Ајова во петокот. Најголем дел од нив биле околу градот Омаха.

Блинкен: Напредок во испораката на помош во Газа

Прекинот на огнот „најефикасен“ за решавање на хуманитарната криза

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен на состанокот на регионалните лидери во Ријад изјави дека најефективниот начин за ублажување на хуманитарните страдања во Газа е да се обезбеди примирје меѓу Израел и Хамас.

Говорејќи во Саудиска Арабија, американскиот државен секретар рече дека има „мерлив напредок“ во доставувањето помош за Газа, но дека е потребно повеќе. Блинкен рече и дека Иран е најголемиот извор на нестабилност во регионот. Тој посочи дека настаните од последните неколку месеци покажаа дека има два можни патишта. Едниот, рече тој, бил обележан со „поделби, уништување, насилство и постојана несигурност“.

ЕП започна кампања за поттикнување на излезноста на Евроизборите

 Европскиот парламент од денеска започнува кампања за поттикнување на граѓаните на ЕУ да учествуваат на Евроизборите закажани за од 6 до 9 јуни годинава, чија примарна цел е да се зголеми одѕивот на гласачите. 

Идејата на кампањата е да се пренесе пораката: „Користете го вашиот глас, не дозволувајте толку лесно да ви биде одземена демократијата. Таа е дадена, вие треба да ја браните“.

Почнувајќи од првите директни избори за европратеници во 1979 година кога одѕивот беше 61,99 отсто, тој беше во опаѓање на секое следно гласање, паѓајќи под 50 проценти на сите избори по 1999 година, за да ја достигне најмалата излезност од 42,61 отсто во 2014 година. На последните избори за членови на Европарламентот во 2019 година, во сенка Брегзитот, одѕивот беше 50,62 проценти.

Во фокусот на кампањата се ставени историјата на демократијата во Европа, руската инвазија врз Украина и антидемократските трендови на континентот, со потсетување на искуствата на Европејците со диктатурте и војните, Холокаустот, Прашката пролет од 1968 година, падот на Берлинскиот ѕид, па се до и достигнувањата на европскиот мир.

- Демократијата е во опасност. Искористете го вашиот глас или другите ќе одлучат наместо вас, повикува Европарламентот.

За спроведување на оваа кампања Европскиот парламент издвои буџет од 37 милиони евра, што претставува 0,08 евра по глава на граѓанин на ЕУ со право на глас на Евроизборите.

Својата последна предвидена пленарна седница во сегашниот состав Европскиот парламент ја одржа минатата недела. /МИА

притисни ентер