Влада : Декларацијата од Самитот ЕУ- Западен Балкан потврдува дека регионот е составен дел на Европа и геостратешки приоритет за ЕУ

Лидерите на земјите членки на ЕУ, првите луѓе на Европскиот Совет, на Европскиот Парламент и на Европската Комисија, како и шефовите на држави и влади на земјите од Западен Балкан донесоа и прифатија заедничка декларација од Самитот на ЕУ.

Во Декларацијата ЕУ уште еднаш ја потврди својата недвосмислена поддршка за европската перспектива на Западен Балкан. Од своја страна земјите од Западен Балкан ја реафирмираа својата посветеност кон европската перспектива како цврст стратешки избор.

Декларацијата од Загреб ја адресира и кризата со коронавирусот повикува на единство и солидарност. Во таа насока ЕУ се залага за своите партнери од Западен Балкан и останува посветена на активна поддршка на нивните напори за борба против коронавирусот и за справување со последиците врз општествата и економиите.

Во заедничката декларација се потенцира дека ЕУ и земјите од Западен Балкан заедно се борат против коронавирусот и со последиците од пандемијата КОВИД-19. ЕУ мобилизираше многу бргу пакет од над 3,3 милијарди евра во корист на земјите од Западен Балкан. Овие средства, освен за пост-пандемичкото закрепнување, се наменети за непосредна поддршка за здравствениот сектор, за потребите на социјалното и економско закрепнување на земјите од регионот. Дополнителна поддршка се пакетот од 750 милиони евра за макрофинансиска помош и 1,7 милијарди евра од Европската инвестициска банка.

Декларацијата од Самитот на ЕУ за Западен Балкан Загреб 2020 истакнува дека пандемијата покажува дека ЕУ и земјите од Западен Балкан заедно се справуваат со заедничките предизвици. Оваа соработка вклучува заедничка набавка и неограничен пристап до заштитна лична опрема, обезбедување и брз проток на основните производи преку зелените коридори што ги поврзуваат ЕУ и Западен Балкан, снабдување од страна на ЕУ со коронавирус тестови на Западен Балкан, како и тесна соработка со релевантни здравствени тела во земјите на ЕУ и на регионот.

Со декларацијата партнерите од ЕУ и од Западен Балкан се обврзуваат за безбедна, силна, стабилна и обединета Европа, обединета со историските, културни и географски врски и за заштита на взаемно прифатените политички, безбедносни и економски интереси.

ЕУ ја поздравува силната посветеност на земјите партнери од Западен Балкан за суштинската важност на демократијата и владеењето на правото, доброто управување, како и почитувањето на човековите права, родовата еднаквост и правата на малцинските заедници и особено борбата против корупцијата и организираниот криминал.

Со декларацијата земјите членки на ЕУ и на Западен Балкан прифаќаат да ја зајакнат соработката за справување со дезинформациите и другите хибридни закани, кои доаѓаат од трети страни кои сакаат да ја поткопаат европската перспектива на регионот.

Во декларацијата од Загреб 2020 ЕУ целосно ја поддржува определбата на земјите од Западен Балкан за инклузивна регионална соработка и зајакнување на добрососедските односи. Во таа насока добрата волја и опипливите резултати во спроведувањето и придржувањето до билатералните договори, вклучително и Договорот од Преспа со Грција и Договорот за добрососедски односи на Македонија со Бугарија, се оценува како важно и се истакнува дека изнаоѓањето и спроведувањето на конечни, инклузивни и обврзувачки решенија треба да се бара во согласност со меѓународното право.

Декларацијата констатира дека тесната соработка на земјите од Западен Балкан во рамките на постојните регионални структури ја покажа својата вредност и во соочувањето со кризата КОВИД-19, и во таа насока ЕУ ќе продолжи да ја поддржува ваквата инклузивна регионална соработка и ги повикува лидерите на Западен Балкан целосно да го искористат потенцијалот за соработка за да го олеснат економското закрепнување по кризата.

Во точката 11 од декларацијата се нагласува дека откако ќе се постигнат проектираните резултати за запирање на пандемијата од КОВИД-19, ќе следи нова фаза на тесна соработка за справување со социо-економски последици од кризата. За таа цел Европската Комисија подготвува масивен економски и инвестициски план за Западен Балкан, со цел да ги зајакне економиите на земјите од регионот, да ја подобри нивната конкурентност и да го поттикне квалитетното поврзување на регионот со ЕУ.

ЕУ и земјите од Западен Балкан со декларацијата се согласуваат да ја унапредат взаемната соработка за основните безбедносни прашања на систематски начин и на оперативно ниво, на прашања како што се спречувањето и борбата против тероризмот и екстремизмот, вклучително и финансирањето, радикализацијата и враќањето на странските терористички борци.

Во декларацијата од Загреб 2020 партнерите на ЕУ и Западен Балкан ги ставаат во врвот на приоритетите борбата против корупцијата и организираниот криминал како неопходност за политичката и социо-економската трансформација на регионот.

Декларацијата определува дека земјите од Западен Балкан, во соработка со ЕУ, и едни со други, ќе продолжат да преземаат решителни активности против трговија со луѓе, против трговијата со дрога, како и против недозволената трговија со оружје, вклучително и миграциските предизвици, и шверцот со мигранти.

Во заедничката декларација од Самитот на ЕУ за Западен Балкан Загреб 2020, се потенцира и важноста на заедничките политики за енергетската безбедност со приоритет на обновливите извори на енергија.

Со цел понатамошно промовирање на заедничките интереси, лидерите на ЕУ во декларацијата ја изразуваат подготвеноста да го зајакнат политичкиот дијалог на редовно и на највисоко ниво, меѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан, се наведува во соопштението од Владата.

55 години од создавањето и развојот на дипломатската служба

Османи: Успеавме државата да ја поставиме на пиедесталот на меѓународната сцена

Денеска министерот за надворешни работи, Бујар Османи, по повод одбележување на 29 Април, Денот на Министерството за надворешни работи на прес конференција ги наброи клучните достигнувања на дипломатијата во последните четири години. На 55 години, или повеќе од половина век, од создавањето и развојот на дипломатската служба, Османи ја истакна цврстата заложба и непоколебливиот стремеж на дипломатите за максимален придонес кон изградбата на нашата држава како отворено, културно богато, развиено и плуралистичко општество. Воедно, потенцира дека вистински успех е етаблирањето на државата во меѓународнaтa сцена како модерна и стабилна земја, успешен модел на функционална мултиетничка демократија, членка во сите важни регионални и меѓународни организации, земја која ги почитува меѓународните принципи и правила и земја која помага на другите земји при потреба.

“Во изминатите четири години направивме многу, како во однос на исполнувањето на главните стратешки приоритети во надворешната политика, така и во однос на реализацијата на нови проекти и иницијативи и со гордост можам да заклучам дека и покрај условеноста од комплицираните регионални и меѓународни случувања, успеавме Македонија да ја поставиме на пиедесталот на меѓународната сцена како активен, доверлив и кредибилен фактор во глобални рамки“ истакна Османи.

Меѓу клучните достигнувања Османи ги издвои: почетокот на преговорите за членство во Европската Унија и целосната стопроцентна усогласеност со надворешната и безбедносна политика на ЕУ; Стратешкиот дијалог со САД; поддршката на Украина; заедничкото учество со сојузниците во мисиите предводени од НАТО долж Источното крило на Алијансата, во рамки на зајакнатото истурено присуство во Латвија, во Романија и во Бугарија.

“Направивме видливи промени во регионални рамки, наметнувајќи се како регионален лидер во промовирањето на добрососедската политика преку изнаоѓање решенија на долгогодишните отворени билатерални прашања и преку промовирање стабилност во регионот. Како посебна додадена вредност за промовирање на државата во меѓународната сцена и во регионот беше иницирањето и развивањето на платформите: Преспа форум за дијалог, кој во јуни 2024, ќе го доживее своето четврто издание, неформалната платформа за политичка соработка Иницијатива Б6 и Иницијатива 8 за поддршка на инвестициските проекти долж Коридорот 8” додаде Османи.

Османи ги изброи и следните успеси: членството во Црноморската економска соработка во 2020 г., во Меѓународната организација за сеќавање на холокаустот во 2021 и во Унијата за Медитеранот во 2022 г.; успешното претседавање со Фондот за Западен Балкан во 2021 г., со Медитеранските партнери на ОБСЕ во 2022 г., со ОБСЕ и со САД-Јадранската Повелба во 2023г. и актуелното претседавање со ПСЈИЕ кое ќе го завршиме во јуни оваа година, а во чии рамки како посебно значаен дел ќе биде одржано и четвртото издание на Преспа форумот за дијалог како и екипирањето на дипломатско конзуларните претставништва, унапредувањето на економската дипломатија, проектот МКарта, поставувањето базни и мобилни станици и СОС дежурната линија во ДКП-та.

Историјата на институција надлежна за надворешната политика започна на 29 април, пред точно 55 години, во Скопје, кога беа зачнати корените на дипломатската служба со формирањето на Бирото за односи со странство. По стекнувањето на независноста во 1991 година, ова исто тело прерасна во Секретаријат за односи со странство, за три години подоцна, конечно да се трансформира во Министерство за надворешни работи.

Премиерот на Австралија семејното насилство по протестите го нарече „национална криза“

 Австралискиот премиер Ентони Албанез го нарече семејното насилство „национална криза“, откако илјадници луѓе ширум земјата се собраа да протестираат против насилството врз жените.

Илјадници луѓе од цела Австралија вчера протестираа за да привлечат внимание на смртта на 27 жени во текот на оваа година во земјата со 27 милиони жители. Се верува дека секоја од нив починала како резултат на родово засновано насилство.

„Митинзите се повик за акција на сите нивоа на австралиската влада за да направи повеќе за да се спречи родовото насилство“, рече Албанез.

„Сосема е јасно дека треба да направиме повеќе. Не е доволно само да покажеме емпатија“, нагласи премиерот за телевизијата „Најн Нетворк“ (Nine Network).

Тој додаде дека „фактот што во просек на секои четири дена една жена умира од рацете на нејзиниот партнер е едноставно национална криза“.

Во текот на викендот низ Австралија се одржаа 17 собири, а на протестот во Мелбурн учествуваа околу 15.000 луѓе.

Албанез рече дека во среда ќе организира состанок на лидерите на австралиските држави и територии за да разговараат за координиран одговор од властите. /МИА

Додик: Ќе побарам од Србија и Вучиќ поддршка за разидување на Република Српска од БиХ

Претседателот на Република Српска Милорад Додик синоќа изјави дека ќе побара од Србија да разбере дека Република Српска мора да оди по патот на одвојување од Босна и Херцеговина, поради Резолуцијата за Сребреница.

Додик рече дека, без разлика што резолуцијата на Генералното собрание на ОН не е обврзувачка, таа ќе биде отфрлена бидејќи нејзината содржина бидејќи ја сметаат за политички мотивирана. Да се ​​биде политички мотивиран на овој начин не придонесува за стабилизација на односите во Босна и Херцеговина, особено за стабилизација и нормализирање на бошњачкиот и српскиот народ, изјави Додик за сараевската телевизија „Фејс“.

„Мислам дека Вучиќ работи добро, дека е одговорен државник на Србија и дека го разбира контекстот во кој секоја осуда на српскиот народ ја затвора можноста за некои идни развојни позиции на самиот народ“, рече Додик.

Претседателот на Република Српска најави дека ќе му предложи на Вучиќ РС и Србија заеднички да ја отфрлат резолуцијата на Соборот на српскиот народ, што ќе се одржи веднаш по гласањето на резолуцијата.

Дoдик најави и дека ќе побара Србија, како меѓународно призната земја и членка на ОН, формално да продолжи да ги оспорува елементите на таа резолуција.

Сакаме Србија да разбере дека треба да одиме по патот на одвојување во Босна и Херцеговина, рече Додик, а на забелешката на новинарот дека бара Србија да ги поддржи во отцепување, тој одговори дека тоа не е отцепување, туку разделување.

На повтореното прашање дали од Вучиќ на Саборот јасно ќе биде побарано да ја поддржи РС во отцепување, тој рече дека немаат план за отцепување, туку дека сакаат да одат на раздвојување.

„Има ентитетска линија... Раздвојување е да ги преземеме сите функции што ги имаме, да обезбедиме пари во буџетот за сите вработени што работат во Министерството за одбрана, да ги повлечеме војниците, да ги повлечеме луѓето што работат во Централната изборна комисија, да прогласиме дека нема да се спроведуваат одлуките на судот и обвинителството и кој и да е орган на Босна и Херцеговина на територијата на Република Српска“, посочи Додик. /МИА

притисни ентер