Во Кавадарци изложба „Светски пожар“ за 100 годишнината од Првата светска војна

Во Музеј галеријата во рамки на културна есен во Кавадарци денеска е отворена изложба насловена „Светскиот пожар" во чест на 100 годишнината од Првата светска војна.

На 20 паноа можат да се видат околу 170 историски фотографии, документи, скици, карти и шаблони, од Кајмакчалан и Македонскиот или Солунскиот фронт кој траел од 1915 до 1918 година.

​- Првата светска војна била дотогаш најголемиот, најжестокиот и најтрагичниот конфликт во историјата на светот, кој траел 4 години. Како резултат на војната, престанале да постојат 4 империи. Во неа насилно биле регрутирани и повеќе од 200 илјади Македонци кои морале да се борат во три различни армии. Во српската, грчката и најмногу, во бугарската. Се случувало браќа да бидат принудени да се борат едни против други. Нашите најмногу страдале на Солунскиот фронт кој ја опфаќал територијата од Солунскиот залив преку Тиквешијата до Кајмакчалан. Тука е населението од селата Рожден, Мрежичко, Клиново, Галиште, заедно со помалите населби Мајден, Прибор, Арничко и Дупкарево. Но, умирале и од колерата која ја донеле мароканските и алжирските учесници во војната. Само во овие места умреле повеќе тиквешани, отколку во целата Тиквешија за време на Втората светска војна, појаснува меѓу другото директорот на кавадаречкиот музеј Петре Камчевски, советник историчар.

​Изложбата во Музеј галеријата е благодарение на Руската Амбасада во Република Македонија и Сојузот на македонско-руски здруженија. /МИА

Блинкен го посети Керем Шалом, преминот за хуманитарна помош меѓу Израел и Газа

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска го посети Керем Шалом, преминот за хуманитарна помош од Израел до Појасот Газа.

За време на посетата на Блинкен, десетина камиони чекаа да влезат во Појасот Газа додека неколку израелски тенкови беа паркирани во близина.

Посетата на американскиот државен секретар доаѓа во момент кога Израел изрази намера да изврши копнен напад врз Рафа, град на неколку километри од Керем Шалом, кој сега е дом на околу 1,5 милиони Палестинци, од кои огромното мнозинство се раселени поради војната. /МИА

Јојуз: Тврдам дека на крај сите ќе одат на „баци рака' кај Мицкоски

„ВМРО-ДПМНЕ ќе ги потпише уставните измени“

ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник на овие избори, не е камелеон партија, најбројна е и најорганизирана, имаат програма, има економска програма за разлика од сите нив што немаат ниту една и тврдам дека на крај сите ќе одат на „баци рака' кај Мицкоски. Но, тука ќе се отвори Пандорината кутија дента кога ќе победи ВМРО-ДПМНЕ. Во таа Пандорина кутија тие преферираат да имаат коалиција со ВРЕДИ со тоа што цело време ја користат синтагмата „бугарски диктат“ и тука оправдување ќе им биде дека сега е т.н. европски диктат и тоа ќе им служи како изговор. Во политиката нема ништо случајно, рече Агим Јонуз во Само Вистина.

Хамас тврди дека САД му вршат притисок да го прифати договорот со Израел

Блинкен претходно неколку пати го повика Хамас да ја прифати понудата на Израел да ја прекине војната и да ги ослободи заложниците.

Високиот функционер на милитантната група Хамас, Сами Абу Зухри, денеска изјави дека американскиот државен секретар Ентони Блинкен врши притисок врз Хамас да ги прифати барањата на Израел во преговорите за прекин на огнот и ослободување на заложниците.

- Коментарите на Блинкен се спротивни на реалноста. Тоа не е чудно за Блинкен, кој е познат како министер за надворешни работи на Израел, а не на Америка, да дава такви изјави, ја пренесуваат светските медиуми изјавата на Абу Зухри која тој ја дал за Ројтерс.

Тој додаде дека „дури и израелскиот преговарачки тим признал дека Нетанјаху е тој што го попречува постигнувањето договор“.

Блинкен претходно неколку пати го повика Хамас да ја прифати понудата на Израел да ја прекине војната и да ги ослободи заложниците, опишувајќи ја како „исклучително дарежлива“, додека Абу Зухри рече дека групата сè уште ја проучува понудата./МИА

притисни ентер