Во Србија продолжува потрагата по двегодишно девојче од Бор безуспешно веќе над 24 часа

Според медимите, двегодишното девојче е исчезнато на работ од приградската населаба Бањско поле, каде има густа шума.

Во Србија се уште е безуспешна потрагата по двегодишно девојче од Бањско поле крај Бор, Данка Илиќ, која вчера попладне изчезна крај својот дом, а денеска потрагата се прошири и преку контрола на патните правци од Бор кон Зајечар и други населени места, јави дописникот на МИА од Белград.

-Данка Илиќ, стара две години исчезна во 13 часот и 45 минути во населбата Бањско поле во град Бор. Девојчето исчезна на непристапен терен, обраснат со густа шума. Таа има кафена коса, кафени очи, висока е околу 85 сантиметри, во моментот на исчезнувањето носела виолетови панталони, маслинесто зелена јакна, црни патики и косата и е врзана во опавче. Доколку имате информации јавете се во полиција на 192, добија за прв пат СМС порака граѓаните на Србија преку системот „Пронајди ме“ и со прекинување на ТВ и радио програмите, прикажување на екраните на автопатите, аеродромите, железничките и автобуските станици.

Се прегледавме. Шумата ја пребаравме 15 пати. Само постои можност некој од страна да не дошол и го собрал детето. Од тоа најмногу се плашам, изјави комшија на фамилијата Илиќ, изразувајќи сомнеж дека детето е киднапирано.

Според медимите, двегодишното девојче е исчезнато на работ од приградската населаба Бањско поле, каде има густа шума. Полицијата почнала со претрага 15 минути по пријавувањето на исчезнувањето, а потоа, за еден час пристигнале 200 полицајци кои извршиле безуспешна претрага во шумата и околу домот на девојчето. Претпоставка е дека двегодишно дете неможе далеку да отиде од својот дом.

Сомнежите дека девојчето е киднапирано за откуп се отфрлени од полицијата, оти нејзините родители не се добро ситуирани.

-Комшијата кажа дека таа била сама пред мојата врата, но јас не ја видов. Вакво нешто досега не се случило. Ова е многу жално. Навистина велам, не дај Боже на некој вакво нешто да му се случи. Душата ме боли и ми доаѓа да умрам, изјави жителка на Бањско поле.

Потрагата по двегодишното девојче трае над 24 часа, а се проверуваат домаќинства и викендици, патиштата, полињата, густата шума. На терен е полицијата, пожарникари-спасувачи, Жандармеријата со кучиња трагачи, рударите од градот и бројни граѓани. Во потрагата по девојчето во која се вклучени околу 2.000 луѓе се користат и дронови со термо камери и хеликоптери. Се врши и строга контрола на сите возила на патните правци околу Бор.

Во Србија за прв пат е лансиран системот Пронајди ме! кој е наменета за итно известување на јавноста во случај на исчезнување на малолетно лице, со што ќе се овозможи брза дистрибуција на информации до сите граѓани преку субјектите надлежни за информирање на јавноста, кога полицијата ќе оцени дека објавувањето на оваа информација во јавноста би придонела за пронаоѓање на детето./МИА

Вработените во фондот за здравство утре излегуваат на протест

Вработените во фондот за здравство утре повторно излегуваат на протест.

Целта како што велат е да го изразат незадоволството дека не добиле усогласување на платите со растот на минималецот. Дополнително, бараат да се донесе и вредносен бод, за да се зачуваат тие плати што ги имаат. Велат дека се разочарани од односот на управниот одбор на фондот, бидејќи членовите според нив, не сакале да изгласаат порамнување на платата.

На протестот според Деаноски ќе се бара и разрешување на управниот одбор кој обвинува дека е против барањата на вработените.

Доколку утрешниот протест на вработените во ФЗОМ не вроди со плод, синдикалците најавија штрајк од 1. Јуни. Инаку, ова не е првпат да има проблеми во Фондот за здравство. Во февруари, вработените два дена штрајкуваа поради најавата од Управниот одбор дека платите ќе им бидат намалени за 21 процент. Сепак, до такво нешто не дојде.

Предизборни калкулации околу составот на идната влада

Откако ги прозваа дека за да му се допаднат на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ се откажале и од условот за уставни измени, албанските опозиционери ги повторија нивните барања за  учество во новата влада. 

Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши порача дека коалицијата „Вреди“ е доследна на ставот за усвојување на уставните измени и тоа во конкретен рок, како и дека претседателот на државата треба да се избира во Собранието. Според Гаши, тие се обврзани да бидат дел од идната влада во која ќе водат важни институции од секторот за внатрешни работи. Со ВМРО-ДПМНЕ, вели, се уште не разговарале за темата уставни измени, но оти за тоа е потребен поширок консензус и дебата.

Позициите од кои не планираат да се откажат ги повтори и потпретседателот на ДУИ, Османи - усвојување на уставните измени, почитување на договорите како и ветинг, се условите за коалицирање на „интегративците“. На Мицкоски му одговори дека тој не одлучува кој ќе биде претставник на Албанците во новата влада туку народот, а скандирањето „УЧК“ од лидерот на ДУИ Ахмети на митинг среде Скопје, според Османи, е реакција на националистичката реторика од Мицкоски која ги иритирала Албанците.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на митинг синоќа од Битола упати порака до Мала Речица, како што рече, да не праќаат емисари да го премислат, бидејќи партнерот за новата влада ќе го бара во албанската опозиција, а на ДУИ време и е за опозиција и одговорност.

Отворена врата за коалицирање Мицкоски остави и за движењето ЗНАМ на Максим Димитриевски и во партиите со кои ќе споделуваат исти принципи и вредности и чии гласови ги очекува на контото на Силјановска Давкова во вториот круг од претседателските избори.

МФ-Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките

Министерството за финансии пред малку информираше дека комисијата за осигурување од автомобилска одговорност на денешната седница го разгледала извештајот за зголемените цени на осигурителните полиси за возилата. 

Од таму велат дека комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување. Пред Минситерството за финансии е Игор Манасиевски, целосниот извештај погледнете го во видеото.

притисни ентер