Вработен во Општина Кисела Вода заразен со коронавирус, донесени препораки од кризниот штаб

Вработен во Општина Кисела Вода бил заразен со вирусот Ковид-19, а петмина вработени, кои биле во контакт со инфицираниот ќе бидат во карантин, информираат од општината. 

Градоначалникот Филип Темелковски и кризниот штаб на денешниот состанок донеле препораки како за вработените така и за жителите на Општината.

За состојбата во Општина Кисела Вода информиран е Центарот за јавно здравје од каде се добиени препораки за понатамошно постапување.

Поради новонастанатата ситуација, Општината Кисела Вода соопштува дека до 12 мај нема да работи со странки туку сите оние кои имаат прашања може да се обратат на следните телефонски броеви.

Сектор за комунални работи, инфраструктура, сообраќај и заштита на животна средина

071261194

075309930

070 292 962

078 373 779

Сектор за урбанизам и просторно планирање:

02/2785429 за легализација

02/2785420 за одобренија за градење

02/2785443 за просторно планирање

Сектор за инспекциски работи

02/2785449

02/2785456

02/2785465

Сектор за образование, предучилишно воспитување, култура и спорт

02/2785418

Сектор за месна самоуправа

02/2785427

Сектор за нормативно правни работи

070 226 037

072 314 988

-Архивата на Општината на безбеден начин ќе прима предмети од странки и истата непречено ќе работи секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот. Локалната самоуправа за своите вработени набави и им подели заштитни маски кои ќе биде потребно задолжително да ги носат во своите канцеларии. Покрај ова, Општина Кисела Вода за полесно справување со вирусот, утре ќе добие донација 3000 заштитни маски од Амбасадата на Словачка во Северна Македонија, информираат од општината.

Оттаму додаваат дека дезинфекцијата на општинските канцеларии, влезовите станбените згради, автобуските постојки, градинките и училиштата ќе продолжи да се одвива. Во зградите во кои живее некој заболен или пак каде што има лица во карантин дезинфеција ќе се врши на преку три дена. /МИА

Сопственикот на Тесла, Илон Маск, во ненајавена посета на Кина

 Сопственикот на „Тесла“, „SpaceX“ и на социјалната мрежа „X“ Илон Маск, кој е еден од најбогатите луѓе во светот, пристигна денеска во Кина, соопштија претставници од Пекинг за кинеската централна телевизија.

„Извршниот директор на Тесла, Илон Маск, пристигна во Пекинг попладнево на покана на Кинескиот совет за промоција на меѓународната трговија“, објави кинеската централна телевизија.

Посетата не беше однапред најавена.

Според западни медиуми, Маск ќе се сретне со високи претставници на кинеската влада за да разговара за имплементацијата на софтверот за автоматизирано возење и да побара одобрение за пренос на податоците собрани во земјата за обука на алгоритми за технологии за автономно возење.

Тежок маратон во Белград, победникот на маратонот ја мина целта и падна на асфалтот

Кенискиот атлетичар Гилберт Киплинг Чумба победи на Белградскиот маратон, а потоа падна на асфалтот.

Чумба постигна одлично време - 2:11.47, но се чини дека силното темпо и условите во главниот град на Србија оставија трага на неговото тело.

Кога ја мина целта како победник, Чумба колабираше на улица, по што мораа да реагираат медицинските екипикои на носилка го однесао победникот на маратонот во болница на рехабилитација.

Второто место го освои сонародникот на Чумба, Гилберт Шериот Муге со 2:12;20, додека трет беше уште еден Кениец Емануел Кипкогеи, кој се искачи на подиумот со време 2:20;41.

Ема Черуто е победничка на 37. Comtrade Belgrade Marathon, трката ја истрча навреме (2:31.31). Во полумаратонот триумфираше Мохамед Ел Гаузани од Мароко.

Белградскиот маратон, 37-ми по ред, започна во осум часот со традиционалниот почеток пред црквата „Свети Марко“. На делница од 42.195 метри тргнаа 2.000 натпреварувачи.

Ковачки: Се обврзуваме на реконструкција на пругата Велес-Кочани,....

Се обврзуваме на реконструкција на пругата Велес-Кочани, реконструкција на автопатот Катланово-Велес, нова катна гаража, реконструирање на општата болница во Велес и многу други проекти за велешани.

Ќе ги вратиме сите железнички линии во функција, ќе ја реконструираме пругата Велес-Кочани, ќе ја електрифицираме пругата Велес-Битола, ќе го реконструираме автопатот Катланово-Велес, ќе изградиме нова катна гаража во Велес, ќе ја реконструираме општата болница во Велес. Нови 26 милиони евра од проектот 250 милиони евра за општините.

Велес заслужува да се развива, Македонија заслужува да се развива, затоа ве повикувам сите заеднички да го поразиме овој ненароден режим. На 8 мај заеднички сите да излеземе и да го заокружиме бројот 2, за Гордана Силјановска Давкова за претседател и за Христијан Мицкоски за премиер за Македонија.

Драган Ковачки, носител на изборна единица 3

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер