Вселенскиот телескоп „Џејмс Веб“ сними неверојатни фотографии од галаксијата „Вител“

Галаксијата „Вител“, позната и како M51, е еден од најпознатите објекти на ноќното небо. Доволно е блиску до нас и има истакната форма што астрономите аматери со децении ги снимаат и споделуваат нејзините прекрасни фотографии.

Сепак, никој досега не ја снимил толку детално како вселенскиот телескоп Џејмс Веб (JWST). Галаксијата го добила своето име по својата форма на вртење која наликува на вода која се врти. Како и другите спирални галаксии, М51 има впечатливи превртувачки краци.

Интегрираните податоци од блиску на инфрацрвената камера (NIRCam) и средноинфрацрвениот инструмент (MIRI) на JWST откриваат топла прашина концентрирана долж спиралните краци, прикажана во темно црвената боја на фотографијата. Светлите области долж краците се местото каде што се формираат ѕвездите и водат до централното сино јадро, пишува Universe Today.

Портокаловите и жолтите делови покажуваат региони на јонизиран гас што се формирале по неодамна формираните ѕвездени јата. Галаксијата Vortex е оддалечена од нас 31 милион светлосни години. На други фотографии, како онаа од вселенскиот телескоп Хабл, покрај неа гледаме и помала жолтеникава галаксија, NGC 5195.

Ние всушност сме сведоци на интеракција на две галаксии. Иако NGC 5195 е многу помала од M51, а научниците веруваат дека нејзиното гравитационо влијание е делумно одговорно за истакнатите и јасни спирални краци на галаксијата Вител.

Администрацијата на Бајден најави високи нови царини за увоз од Кина

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден денеска соопшти дека СAД ќе воведат високи нови царини за широк спектар на производи увезени од Кина, како што се полупроводници, батерии, соларни ќелии или критични минерали.

Вашингтон, исто така, ќе ги зголеми тарифите за медицински производи или пристанишни кранови покрај претходно најавените зголемувања на тарифите за кинескиот челик, алуминиум и електрични возила, пренесува Си-Ен-Би-Си.

Белата куќа соопшти дека промените ќе влијаат на околу 18 милијарди долари во тековниот годишен увоз и дека зголемувањето на царините е неопходно за да се заштити американската индустрија од нелојална конкуренција.

Нападнат полициски конвој во Франција кој превезувал затвореник, кој побегнал со напаѓачите

Двајца полицајци загинаа, а тројца се потешко повредени во напад на полициски ковој кој превезувал затвореник во Франција.

Според извештаите на француските медиуми, по нападот затвореникот избегал заедно со напаѓачите. Инцидентот се случил околу 11 часот во близина на наплатна рампа кај Руан, по што автопатот е затворен во двата правци. затвореникот требало да биде вратен во затвор, по судско сослушување.

Според засега не потврдени информации , тамошните медиуми пишуваат затвореникот заедно со напаѓачите побегнале со автомобил, кој подоцна бил пронајден запален, недалеку од местото на инцидентот.

Министерот за внатрешни работи на франција преку социјалните мрежи соопшти дека се трага по напаѓачите и затворнеикот, и дека се мобилизирани стотици полициски службеници.

Утре започнува Самитот на Македонија 2025 – во фокусот просперитетот и демократијата

Утре започнува Самитот на Македонија 2025 – во фокусот просперитетот и демократијата во ера на дигитализација и брзи промени . 

Стратешко лидерство во ера на брзи промени и иновации, дигитална трансформација и поголема регионална соработка како основа за создавање на просперитетни економии, се темите во фокусот на годинешното дводневно издание на Самитот Македонија 2025, кој ќе се одржи на 15 и 16 мај 2024 година. Покрај промените што ги носи дигиталната трансформација во општествата и во водењето на бизнисите, на Самитот ќе се дискутира и за моќта и потенцијалите на вештачката интелигенција и искористување на дигиталните здравствени иновации за унапредување на медицинските услуги во Југоисточна Европа. Демократијата, слободата на говорот во ера на дигитализација исто така ќе бидат дел од темите на Самитот Македонија 2025, како и многу други теми поврзани со бизнис моделите и стратегиите за брз и успешна трансформација.

Самитот Македонија 2025 чија главна цел е поврзување и споделување на знаења и искуства помеѓу професионалците од различни земји и области, во функција на раст, годинава ќе биде домаќин на преку 50 експерти од бизнис и научната заедница од повеќе земји во светот.

На отворањето на Самитот Македонија 2025 ќе се обратат и претседателот на државата Гордана Силјановска Давкова, Никица Мојсовска Блажевски, извршен директор на Македонија 2025 и Мајкл Чкламовски претседател на Одборот на директори на организацијата. На затворањето на Самитот Македонија 2025 ќе се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски, кој се очекува да биде и иден мандатар за составување на новата Влада.

Голем е интересот за присуство на Самитот Македонија 2025, кој годинава се одржува по 13 пат. Според поедините информации на самитот ќе учествуваат над 450 учесници. Покрај тоа, во рамките на Самитот ќе има одлична можност за вмрежување и остварување на нови партнерства и соработка со потенцијални инвеститори.

Самитот на Македонија 2025 е во организација на меѓународната невладина организација Македонија 2025, чија главна мисија е креирање и унапредување на динамична платформа за споделување знаења од областа на бизнисот, економијата, технологијата, лидерството и иновациите, во насока на поттикнување на економски развој и одржливост.

притисни ентер