Вучиќ собра над 100 000 во Белград - се појави и ценовникот на ,,викачи” и ,,носачи”

Со емитување на видео спотот за кампањата на српскиот претседател Александар Вучиќ и со интонирање на химната ,почна митингот во Белград .

Како дел од кампањата ,,Иднината на Србија” , прва се опбрати премериката Ана Брнабиќ ,а потоа и шефто на дипломатијата Ивица Дачиќ. На просторот пред собранието се собраа над 100 000луѓе од кои повеќето донесени со автобуси од внатрешноста на Србија. Во неформалниот дел на собирот настапи Аца Лукас и Бора Чорба со неговито бенд.

Со автобуси од Косово доаѓаат околу 7 500 луѓе, од централна Србија 90 000 и 35 000 од Војводина. Само од Лесковац утрово тргнаа 4 500 припадници и симпатизери на партијата на Александар Вучиќ.

Според телевизијата Н1 , насобраните луѓе раскажувале дека овој пат им била побарана двојна квота од присутни отколку при посетата на рускиот претседател Владимир Путин.

Освен што морале да собираат патници за автобусите, објавен е и ценовник за учесниците кои носат знамиња и кои извикуваат пароли. Така , за носење знамиња се плаќа околу 850 денари , додека оној кој ќе извикува ,, Ацо Србине” , кон претседателот Вучиќ , добива 750 денари.

Овој список се појави на социјалните мрежи од активисти на владејачката партија , на која прецизно се наведени цените за учесниците на собирот во Белград.

Ред Бул најавија заминување на Њуи на почетокот на 2025 година

Австрискиот Формула 1 тим Ред Бул и шефот на техничкиот оддел Адријан Њуи се договорија да ја прекинат соработката.

Стручњакот ќе го напушти тимот на крајот од оваа сезона, во првиот квартал од 2025 година. Адријан има намера да се фокусира на развојот на првиот хиперавтомобил на Ред Бул, RB17.

Њуи е во Ред Бул од 2005 година. Новото место на работа на специјалистот сè уште не е објавено. Претходно се зборуваше дека може да се приклучи на Ферари.

Ред Бул е на првото место во шампионатот на конструктори со 195 бодови. Ферари е на второто место со 151 бод. /МИА

СДСМ: Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци

Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци и во тоа нема ништо социјалдемократски ниту вредносно туку единствено и само личен интерес.

За тоа кој ги отвораше клубовите со имиња како Ванчо Михајлов адресата е Белиот дворец на ДПМНЕ. Многу позната адреса каде ЗНАМ ги договара идните чекори за соработка заедно со поддршката на Гордана Силјановска Давкова. Освен сликите на Ванчо Михајлов по штабовите на ДПМНЕ доволно говорат сликите на Мицкоски со основачите на тие клубови по манастирите низ државава за кои не слушнавме ниту збор од ЗНАМ.

Дали е тоа поради враќање на стари долгови за локалните избори 2021 година во Куманово или нови долгови јавноста ќе види многу скоро.

Центар за комуникации на СДСМ

Рекорден број мигранти го преминале Ла Манш во првите четири месеци од годинава

 Бројот на мигранти кои пристигнале во Велика Британија откако го преминале ла Манш достигна ново рекордно високо ниво за првите четири месеци од годинава, и е зголемен за 27 проценти во однос на 2023 година.

Вкупно 7.567 луѓе го преминале каналот до април, покажуваат привремените бројки на британското Министерство за внатрешни работи, пренесе ДПА.

Ова е за 27 проценти повеќе од бројот на пристигнувања регистрирани во првите четири месеци од минатата година (5.946) и зголемување од 13 отсто во споредба со бројките регистрирани за истиот период во 2022 година (6.691).

Вкупно 268 луѓе вчера пристигнале во Велика Британија со пет чамци, а преминувањата продолжуваат и денеска.

Околу 2.132 луѓе патувале со 42 чамци во април, што укажува на просечно 51 лице по пловило минатиот месец.

Ова е повисоко од просекот за март – 48 луѓе по чамец – но пониско од врвот што изнесувал 56 луѓе по брод во септември 2023 година./МИА

притисни ентер