За кратко време одлука за отворање на угостителските објекти и нова поддршка од државата, најавува Бектеши

Владата за кратко време по препорака на Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство ќе донесе одлука за отворање на кафетериите и рестораните.

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска најави дека Владата за кратко време по препорака на Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство ќе донесе одлука за отворање на кафетериите и рестораните, но и дека за угостителскиот сектор ќе следи и нова поддршка од државата откако ќе бидат отворени, а за што очекува конкретни предлози од Туристичко угостителската комора.

– За отворањето на кафетериите и рестораните е формирана работна група, истовремено се консултираат стопанските комори, а посебно коморите што го претставуваат угостителскиот сектор. Мислам дека Владата за кратко по заклучок и препорака на Комисијата за заразни болести и Министерство за здравство ќе донесе одлука. Во моментов не можеме да прејудицираме каква одлука ќе биде донесена од страна на Владата или пак која би била препораката која се прави во консултација со стопанските комори, рече Бектеши, одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција на која објави дека над 19.000 компании досега аплицирале за мерката за финансиска поддршка за исплата на плати.

Прашан дали ќе се преземат мерки за нова поддршка за угостителите затоа што според истражувањето на туристичко угостителската комора, 95 проценти од угостителите не се задоволни од мерките, Бектеши потенцираше дека не знае од каде се извадени таквите податоци затоа што, вели тој, има голем интерес за владините мерки за помош на компаниите.

– Секако дека ќе се преземат. Не знам од каде се извадени овие податоци дека 95 проценти не се задоволни од мерките на Владата. Веќе ги кажав податоците, има голем интерес за мерките на Владата. Во Фондот за туризам веќе имаме финален драфт за поддршка на туризмот, угостителството и на транспортот како најпогодени сектори во моментов.Угостителската комора е информирана за сите програми. Очекуваме конкретни предлози и од нивна страна, а дополнително на тоа овозможивме посебно за овие сектори освен да добијат минимална плата, да ја комбинираат оваа мерка и со субвенционирање на придонеси, рече Бектеши.

Туристичко угостителската комора при Сојузот на стопански комори вчера објави резултати од истражување за состојбата со која се соочуваат угостителите во изминатиот период од почетокот на здравствено – економската криза, како и за мерките кои се преземаат од Владата за ублажување на последиците во секторот.

По однос на тоа дали угостителите се подготвени да започнат со работа со половина од расположивите капацитети односно според најавата со скратено работно време и ограничен простор за работа, 59 проценти одговориле потврдно дека се подготвени, додека 41 процент дека не се подготвени за делумно функционирање.

Во однос на економските мерки, на прашањето дали се задоволни од понудената мерка на Владата да даде поддршка, во висина од 9.000 денари или бруто плата од 14.500 денари, 95 проценти одговориле дека не се задоволни, а пет проценту дека се задоволни.

Воедно 70 проценти од угостителите одговориле дека очекуваат дополнителна финансиска поддршка од страна на Владата по започнување со работа, се дел од резултатите од истражувањето. /МИА

„Гответе со Дракче“ - Малиџано

Во петок (26.04.2024) во емисијата гостин ни беше Вики Среброва

Состојки за денешниот рецепт:

2 модри патлиџани

2 - 3 лажици мајонез

100 гр. ореви

10 маслинки

1 главица лук

1 лажица сенф

малку сол и зачини по вкус

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Водата во Скопје е безбедна за пиење

Анализите на Секторот за санитарна контрола, направени на 149 примероци од 41 мерни места во градот, во период од 22 до 26 април, покажаа дека водата во Скопје е безбедна за пиење, соопшти ЈП Водовод и канализација.

Секторот за санитарна контрола земал 149 примероци за физичко-хемиска и 149 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 41 мерни места во град Скопје и согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.

Неформална дводневна средба на Советот за општи работи на ЕУ

Советот за општи работи на ЕУ (ГАК) денеска и утре ќе одржи неформално заседание, на кое централен настан ќе биде одбележување на 20-годишнината од големото проширување на Унијата на 1 мај 2004 година. 

Заседанието ќе започне вечерва со свеченост во Центарот за ликовни уметности „Бозар“ во Брисел со која ќе се одбележи годишнината од приемот на Естонија, Кипар, Малта, Летонија, Литванија, Полска, Словачка, Словенија, Унгарија и Чешка во Европската унија.

Работниот дел од неформалното заседание на ГАК ќе продолжи утре во чии рамки министрите или државни секретари на земјите членки на ЕУ задолжени за европски прашања ќе одржат серија работни сесии на кои ќе разговараат за процесот на проширување, вклучувајќи и за искуствата од проширувањето во 2004 година, за потребата од зајакнување на Унијата, како и инструментите на блокот за заштита на владеењето на правото.

Меѓу другото, предвидено е европските министри да одржат размена на мислења со претставници на земјите кандидати и аспиранти за членство на ЕУ за владеењето на правото во рамките на процесот на проширување.

На заседанието ќе стане збор и за важноста за почитување на владеењето на правото во рамки на Унијата, како и за потенцијални подобрувања на постоечките механизми на заштита на овој принцип и нивната ефикасност.

На состанок европските министри ќе разговараат и за иднината на ЕУ, при што се очекува да разменат мислења за потребните чекори и реформи за зајакнување на капацитетот за дејствување на Унијата.

Неформалните заседанија на Советите на ЕУ се средби на ресорните министри на кои не се носат никакви одлуки, туку само се дебатира и се разменуваат мислења за различни теми и прашања по кои треба да се решава на формалните средби или на состаноци на други тела на Унијата. /МИА

притисни ентер