Заев: Интеграцијата во ЕУ и НАТО е без алтернатива, нема докази за руско влијание

Немаме докази и аргументи дека Русија има некое влијание во однос на референдумот. 

Точно е тоа дека не е среќна со проширувањето на НАТО во Македонија, но таа нема ништо против проширувањето на ЕУ со целиот Западен Балкан, изјави денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање по средбата со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.

На прес-конференцијата во Владата, премиерот Заев уште еднаш повтори дека за граѓаните на Македонија нема друга алтернатива освен ЕУ и НАТО и изрази надеж дека сите пријатели на Македонија ќе овозможат на 30 септември граѓаните слободно да гласаат и да го искористат своето демократско право без да дозволат било какво влијание од надвор бидејќи ова е историска одлука која мора самите да ја донесеме.

- Фактите зборуваат дека ние немаме докази и аргументи дека Русија има некое влијание во однос на референдумот. Точно е и тоа дека Русија не е среќна со проширувањето на НАТО во Македонија. Таа нема ништо против проширувањето на ЕУ со целиот Западнен Балкан, но генералено е против НАТО проширувањето со Македонија и тоа го комнентираат дури и јавно. Уште еднаш ќе кажам дека нема алтернатива за граѓаните на Република Македонија од целосното интегрирање во НАТО и ЕУ. Сакаме да градиме пријателство со сите земји, вклучително и со Русија. Имаме многу што да унапредиме во нашата соработка, истакна Заев.

Сообраќајка кај Влајко на Партизанска, повреден возач

Денеска во 02.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Партизански одреди“ и ул.„Ангел Динев“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа.

Денеска во 02.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Партизански одреди“ и ул.„Ангел Динев“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шевролет“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.С.(32) од Скопје и патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.А.(27) од с.Сарај, скопско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Е.С., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Возачот Б.А. се здобил со телесни повреди констатирани во Градска општа болница „8 Септември“, додека неговиот сопатник И.А.(32) од сЉубин, скопско, исто така, се здобил со телесни повреди констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“. За настанот бил известен јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Скопје, стои во соопштението од МВР.

Минесота го доби и вториот натпревар во плејоф серијата со Денвер

Минесота го победи Денвер рано утрово на гостински терен со 106:80 во вториот натпревар од второто коло на НБА плејофот.

Најдобар играч на натпреварот беше центарот на гостите Карл-Ентони Таунс, кој постигна 27 поени и забележа 12 скока.

Во тимот на Денвер се истакна Арон Гордон со 20 поени.

Резултатот во серијата прв до четири победи е 2-0 во корист на Минесота.

Следниот натпревар ќе се одигра на 11 мај.

Во првиот натпревар од полуфиналето во Источната конференција, Њујорк ноќеска ја победи Индијана со 121:117 и поведе со 1:0.

Израел испраќа делегација на преговорите и ги продолжува операциите во Рафа

Израел испраќа делегација на преговорите и ги продолжува операциите во Рафа за да изврши воен притисок врз Палестинците.

Израел синоќа соопшти дека ќе испрати делегација на посредничките преговорите со Хамас, откако милитантната палестинска организација го прифати катарско-египетскиот предлог за прекин на огнот, додека продолжува со операциите во Рафа со цел да „изврши воен притисок“ врз Палестинците.

„Израел ќе испрати делегација (...) на посредувањето за да ги исцрпи можностите за постигнување договор за примирје, дури и доколку предлозите на Хамас се далеку од суштинските барања“ на Израел, се наведува во соопштението од канцеларијата на премиерот Бенјамин Нетанјаху.

„Воениот кабинет одлучи да ја продолжи операцијата во Рафа со цел да изврши воен притисок врз Хамас“, се додава во соопштението.

притисни ентер