Заев : Заедно со иницијативите на компании донатори реализираме подобра инфраструктура за достојни услови за граѓаните во ромските населби

Премиерот Зоран Заев заедно со вицепремиерот и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска беше во посета на општина Шуто Оризари кадешто остварија средба со градоначалникот Курто Дудуш.

Потоа заедно со пратеникот Самка Ибраимовски се упатија во обиколка и разгледување на еден дел од населбата кадешто со помош на приватни донации се поплочени 6 земјени улици и се решени инфраструктурни прашања од интерес на граѓаните.

По завршување на обиколката премиерот Заев даде кратка изјава за медиумите.

„Ви благодарам што сте денеска со нас во едно од најсиромашните маала во во Шуто Оризари заедно да ја покажеме солидарноста на дело. Кога сме заедно можеме паралелно по пат на донации, државата, општината и сите други јавни институции да решаваат акутни проблеми и прашања на граѓаните. Денеска сме овде на дело да видиме практична реализација на 6 улици кои беа далеку под стандардите благодарение на фирми донатори, под раководство на пратеникот Самка Ибраимовски. Деца одеа во кал додека одеа и се враќаа од училиште. Денеска тоа е решено, 6 улици се поплочени“, рече премиерот Заев.

Премиерот Заев соопшти дека општината Шуто Оризари има поднесено апликација за поставување на атмосферска канализација во овој дел од населбата, во текот на летото, информираше дека во мај се очекува отворање на првата полициска станица во Шуто Оризари, и најави и дека ќе се отворат и детска градинка и спортска сала.

„Драго ми е што во фокусот покрај растот и развојот на државата, вниманието ни е насочено и кон најсиромашните. Кон оние на коишто им е потребна и неопходна инфраструктура и за чијашто реализација работиме сите ние заедно. Во 2018 година реализиравме од државните пари големи инфраструктурни проекти во 11 општини каде што живеат Роми. Во Шуто Оризари две улици се дел од таа реализација, едната е Виетнамска, другата е Волт Дизни. Едниот проект е 800.000 денари, другиот е 1 милион и 400 илјади денари. Такви проекти се реализираа и во Битола, Штип, Кочани и во останатите општини. Оваа година за комунална инфраструктура имаме нови 20 милиони денари“, истакна премиерот Заев, и испрати апел до сите деловни луѓе и бизнисмени да продолжат да помагаат на унапредување на квалитетот на инфраструктурата за подобри услови за граѓаните од Шуто Оризари, како и во другите општини со ромско население.

Ливерпул нема намера да го пушти Салах на лето

Ливерпул не планира да се раздели со Мо Салах.

Крилниот напаѓач продолжува да има добри односи со сите во Ливерпул. Директорот на клубот Мајкл Едвардс верува дека Салах треба да биде дел од плановите на Ливерпул за иднината, изјави новинарот Фабрицио Романо за подкастот „Here We Go“.

Кон крајот на сезоната ќе има средба помеѓу Салах и неговиот агент. Ќе разговара за иднината на крилниот напаѓач и ќе ги истражи неговите опции. Но, во моментов Ливерпул нема намера да се раздели со него.

Претходно беше објавено дека Салах би можел да го напушти Ливерпул во 2025 година кога ќе му истече актуелниот договор.

Оваа сезона играчот има 24 гола и 12 асистенции во 41 натпревар за клубот. /МИА

За Вернер од Тотенхем заврши сезоната

Напаѓачот на Тотенхем, Тимо Вернер, поради повреда ќе отсуствува до крајот на сезоната. Тренерот на премиерлигашот Анже Постекоглу изјави дека сезоната за Германецот е завршена.

Постекоглу го замени напаѓачот Тимо Вернер во првото полувреме од натпреварот од 35. коло на Премиер лигата со Арсенал (2:3) одигран изминатиот викенд.

Фудбалерот се повреди во првото полувреме и итно го напушти теренот. Неговото место го зазеде Бренан Џонсон.

Вернер игра за Тотенхем како позајмен од Лајпциг. Раководството на тимот се уште не одлучило дали ќе го купи напаѓачот на трајна основа за 17 милиони евра. /МИА

Ред Бул најавија заминување на Њуи на почетокот на 2025 година

Австрискиот Формула 1 тим Ред Бул и шефот на техничкиот оддел Адријан Њуи се договорија да ја прекинат соработката.

Стручњакот ќе го напушти тимот на крајот од оваа сезона, во првиот квартал од 2025 година. Адријан има намера да се фокусира на развојот на првиот хиперавтомобил на Ред Бул, RB17.

Њуи е во Ред Бул од 2005 година. Новото место на работа на специјалистот сè уште не е објавено. Претходно се зборуваше дека може да се приклучи на Ферари.

Ред Бул е на првото место во шампионатот на конструктори со 195 бодови. Ферари е на второто место со 151 бод. /МИА

притисни ентер