Жбогар: Сакаме да ја видиме вашата земја како полноправен член во ЕУ со сите права и обврски

Многу скоро граѓаните ќе решат за патот на нивната иднина и нивните идни односи со Европската унија. 

Има многу емоции во оваа одлука и разбираме дека одлуката не е лесна, но убедени сме дека граѓаните ќе одлучат правилно и ќе ја почитуваме таа одлука, изјави евроамбасадорот Самуел Жбогар на 15-титот состанок на Мешовитиот парламентарен комитет на ЕУ и Република Македонија.

Тој посочи дека добрососедските односи се еден од принципите на ЕУ и затоа, како што наведе Жбогар, ги поздравуваме договорите кои што ги потпишавте со Бугарија и со Грција.

- Поради тие договори и вашата посветеност на реформите сега има опиплив напредок на европскиот пат и тоа му овозможи на Советот да отвори пат за пристапни преговори во јуни 2019 година, потенцираше амбасадорот на ЕУ во Македонија.

Тој изјави оти Унијата е голем поддржувач на реформските заложби на Владата особено во областа на владеењето на правото, посочувајќи дека ќе продолжат да потсетуваат на потребата за реформи и дека ќе укажат помош во однос на спроведувањето на некои клучни реформи во земјата.

- Преку програмата „Ерзмус плус“ поддржавме над 5.000 млади луѓе да учат и работат низ цела Европа. Со проектите за подобрување на инфраструктурата граѓаните и деловните субјекти можат да патуваат полесно во други земји и други градови. Работиме на подобрување на животната средина преку прочистителни станици и управување со депонии. Директно поддржуваме земјоделци да го консолидираат земјиштето, да купуваат опрема и осбено поддржуваме млади земјоделци и жени земјоделци, даваме грантови за зајакнување на конкуренцијата на младите бизниси и бизнисите општо земено, помагаме да се промовира вашето културно наследство и да се подобри туризмот, објасни Жбогар.

Амбасадорот на ЕУ во Македонија заедно со заменик-министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, како и пратениците членови на Мешовитиот комитет од Собранието на Република Македонија и од Европскиот парламент разменија мислења за односите меѓу Европската Унија и Република Македонија.

- Активностите на Владата на Република Македонија во изминатата година се одвиваа на два колосека: спроведување на длабоки и одржливи внатрешни реформи во владеењето на правото и градење на независни институции, како и обновување на македонската позиција во меѓународните односи, примарно преку унапредување на добрососедските односи, истакна Жерновски.

Тој потенцираше дека особено треба да не радува фактот што проектот за интеграција во ЕУ не обединува по етничка линија и со тоа не прави уште посилни.

- Деновите кои ги живееме и одлуката пред која сме исправени е многу поголема и поважна од меѓусебните партиски битки, кои секако ќе ги продолжиме после 30-ти септември. Но, оваа тема и нашата заедничка и просперитетна иднина мора да не обедини сите, нагласи Жерновски.

На состанокот се дебатираше за резултатите од Планот 3-6-9 и новиот реформски План 18, за прашања од владеењето на правото со акцент на изборните реформи, реформите во судството, во системот за разузнавање, борбата против корупцијата и организираниот криминал, работата на СЈО, состојбата во медиумите, добрососедските односи и регионалната соработка.

Извештај за Дијалогот Жан Моне ќе презентираат европратениците кои се директно вклучени во процесот. На крајот на состанокот ќе бидат усвоени заеднички препораки./МИА

Стано: Амбасадорите на ЕУ, САД, В. Британија,нема да присуствуваат на инаугурацијата на Путин

Амбасадорите на ЕУ, САД, Германија, Велика Британија, Балтичките земји, нема да присуствуваат на инаугурацијата на Путин.

Денеска во Москва ќе се одржи инаугурацијата на старо-новиот руски претседател, Владимир Путин, со што и официјално ќе започне неговиот петти шестгодишен мандат, а на церемонијата нема да присутвуваат амбасадорите на Европската унија и на САД во Москва.

Портпаролот на ЕУ, Петер Стано, изјави дека одлуката е во согласност со ставот на мнозинството земји-членки на Унијата.

-Нашиот амбасадор нема да присуствува, а нема да присуствуваат ни повеќето земји-членки, рече Стано, пренесен од британските медиуми.

Портпаролот на Стејт департментот, Метју Милер, изјави дека американскиот амбасадор во Москва нема да присуствува на инаугурацијата на рускиот претседател.

Британските медиуми вчера објавија дека францускиот амбасадор во Русија ќе присуствува на инаугурацијата, за разлика од Германија, која нема да испрати свој претставник.

Неименуван извор изјавил дека Париз претходно го осудил „контекстот на репресија во кој се одржаа изборите, лишувајќи ги гласачите од вистински избор“, како и организирањето избори на украинските територии „окупирани“ од Русија, за кои Франција смета дека е кршење на меѓународното право и повелбата на Обединетите нации.

Германија најави дека нема да испрати свој претставник на инаугурацијата на Путин.

Делегација на Велика Британија, исто така, нема да присуствува на денешната церемонија, соопшти Форин Офисот.

-Велика Британија нема да испрати свој претставник на инаугурацијата на претседателот Владимир Путин, изјави портпаролот на британското Министерство за надворешни работи, пренесен од британските медиуми.

Министерството за надворешни работи на Украина ги повика сојузниците на Киев да не го признаваат Путин како легитимен претседател на Русија.

„Украина не гледа правна основа да го признае како демократски избран и легитимен претседател на Руската Федерација“, се наведува во соопштението.

И Балтичките земји, кои веќе немаат дипломатски претставници во Москва, исто така, категорично ја отфрлија можноста да присуствуваат на инаугурацијата на Путин.

Сообраќајка кај Влајко на Партизанска, повреден возач

Денеска во 02.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Партизански одреди“ и ул.„Ангел Динев“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа.

Денеска во 02.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Партизански одреди“ и ул.„Ангел Динев“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шевролет“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.С.(32) од Скопје и патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.А.(27) од с.Сарај, скопско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Е.С., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Возачот Б.А. се здобил со телесни повреди констатирани во Градска општа болница „8 Септември“, додека неговиот сопатник И.А.(32) од сЉубин, скопско, исто така, се здобил со телесни повреди констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“. За настанот бил известен јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Скопје, стои во соопштението од МВР.

Минесота го доби и вториот натпревар во плејоф серијата со Денвер

Минесота го победи Денвер рано утрово на гостински терен со 106:80 во вториот натпревар од второто коло на НБА плејофот.

Најдобар играч на натпреварот беше центарот на гостите Карл-Ентони Таунс, кој постигна 27 поени и забележа 12 скока.

Во тимот на Денвер се истакна Арон Гордон со 20 поени.

Резултатот во серијата прв до четири победи е 2-0 во корист на Минесота.

Следниот натпревар ќе се одигра на 11 мај.

Во првиот натпревар од полуфиналето во Источната конференција, Њујорк ноќеска ја победи Индијана со 121:117 и поведе со 1:0.

притисни ентер