ИРИ: За македонските граѓани Србија е најважен сојузник, Бугарија најголема закана

34 отсто од анкетираните граѓани ја сметаат Србија за најважен сојузник на Македонија, пред САД, за кои се определиле 17 отсто, трета е Турција со 12 отсто, а по нив Русија со 8 отсто и Албанија со 5 отсто. 

Ова го покажува последната анкета на Меѓународниот републикански институт (ИРИ), спроведена во февруари и март во шесте земји на Западен Балкан.

Наспротив ова, Бугарија е најголема закана одговориле 23 проценти од македонските граѓани. Веднаш зад неа е Русија со 12 отсто, на трето место Косово со 10 отсто, па следуваат Албанија со 9 отсто и САД со 8 отсто.

Во однос на европските интеграции, скоро половина од граѓаните сметаат дека ЕУ не е сериозна во намерата да понуди членство на земјите од Западен Балкан. И покрај ваквата перцепција, сепак, бројот на оние кои што би гласале позитивно за членство во ЕУ на рефендум пораснал за 2 проценти во 2024 споредбено со 2022 година. Па така, денеска ЗА би се изјасниле 68 проценти, а против би биле само 13 посто, исто како пред 2 години.

За три проценти пораснала и поддршка за членството во НАТО.. Од 49% на 52%, а вкупно 70% од граѓаните сметаат дека тоа е многу или донекаде позитивно.

Анкетата на ИРИ ги опфаќа и демографските карактеристики на земјите од Западен Балкан.. Во однос на етничката застапеност, бројот на Македонци е 61 процент, Албанците се со 26 посто, па следуваат другите заедници со 13 проценти.

Анкетата на ИРИ била спроведена теренски, со интервјуирање лице в лице на над 7.000 возрасни испитаници во шесте земји на Западен Балкан.

Генералштаб на Украина: Русите интензивно напаѓаат во правец кон Бахмут и Авдеево

 Во изминатите 24 часа руските сили интензивно напаѓаа во правец кон Бахмут и Авдеево, соопшти Генералштабот на вооружените сили на Украина.

Наведено е дека во изминатиот ден се регистрирани 115 конфликти.

Според украинскиот Генералштаб, 33 руски напади биле одбиени на правецот Бахмут, а 24 на правецот Авдеевски.

Се додава дека повеќе од 110 населени места во Чернихив, Суми, Харков, Луганск, Доњецк, Запорожје, Дњепропетровск, Херсон и Николаев биле под артилериски оган од руските сили.

Приведен грчки државјанин поради давање поткуп

На граничен премин Табановце вчера околу 13 часот полициски службеници  лишиле од слобода 49 годишен Грк  поради сомнение за сторено кривично дело „давање поткуп“, соопштиј а од МВР.

- При пасошка и гранична контрола на возилото „Форд“ со германски национални ознаки, кое го управувал, тој во својата патна исправа ставил пари како поткуп. Парите биле одземени со потврда за одземени предмети, а лицето било предадено на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка, се појаснува во соопштението.

„Гответе со Дракче“ - Плескавица со компир

Во понеделник (29.04.2024) во емисијата гостин ни беше Јане Рафајловски.

Состојки за денешниот рецепт:

500 гр. компири

3 лажици брашно

1 главица кромид

сол и зачини по желба

масло за пржење

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

притисни ентер