Застојот настанал во 2 часот рано утрово кога грчките гранични служби донеле одлука забрана за влез на тешките товарни возила влез во Р.Грција поради лошите временски услови и состојбата на патиштата.

Покрај заглавените камиони пред Евзони,20тина камиони има и на македонска страна кои очекуваат дека ќе го продолжат патот кон Грција.Возачите на тешките товарни возила кои се со часови на Богородица велат дека немаат алтернатива, ќе чекаат се додека не се кренат рампите,стоката која е натоварена мора да се транспортира.

Од граничен премин Богородица велат дека немаат засега информации до кога ке трае забраната за влез на камионите во Грција.Но се надеваат дека грчките власти ќе превземат конкретни мерки за разчистување на завеаниот пат со што се овозможи нормален тек на возилата кои од рано утрово заглавија во меѓузоната но се создаде колона и на македонска територија,.

Датум на објава: среда, 11 јануари 2017 во 16:59
Стојне Митева
Обновено во: 17:00

коментари

остави коментар