Здруженија на жртвите бараат истрага за Додик и Вучиќ за негирање на геноцидот во Сребреница

„Движење на мајките од енклавите Сребреница и Жепа“ побараа од правосудните институции во Босна и Херцеговина да поведат истрага против.

Здружението на жртви и сведоци на геноцид и Здружението „Движење на мајките од енклавите Сребреница и Жепа“ побараа од правосудните институции во Босна и Херцеговина да поведат истрага против претседателот на Србија, Александар Вучиќ и претседателот на босанскиот ентитет Република Српска, Милорад Додик, за негирање на геноцидот.

- По вчерашните скандалозни изјави на претседателот на Србија, Александар Вучиќ и претседателот на ентитетот на Република Српска, Милорад Додик, го повикуваме Обвинителството на БиХ, како и Обвинителството во Федерацијата БиХ, да спроведат истрага против нив согласно нивните надлежности. Негирањето на злосторствата, но и канонадата на навреди кон новинарите, особено искажани кон новинарот на Н1 ТВ, мора да доведат до вклучување на надлежните органи во истрагата, инаку вокабуларот на примитивци ќе стане практика. а понижувањето на жртвите и на сите останати ќе стане модел, се наведува во барањата од здруженијата.

Здруженијата бараат Министерството за правда преку Министерството за надворешни работи на БиХ да го извести Меѓународниот суд на правдата во Хаг и Обединетите нации за негирањето на судската пресуда од февруари 2007 година според која Србија за одговорна за неспречување и неказнување на геноцидот во Сребреница“.

Вучиќ, за време на вчерашната посетата на Саем во Мостар, изјави дека „пред Меѓународниот суд на правдата е утврдено дека Србија на ниту еден начин не е одговорна за наводниот геноцид во Сребреница“.

Од здруженијата истакнуваат дека Вучиќ со таквата изјава го прекршил Кривичниот законик на БиХ, кој беше изменет со одлуката на високиот претставник за негирање на пресудите на меѓународните и домашните судови и негирање на злосторствата геноцид и злосторствата против човештвото.

Членовите на Претседателството на БиХ, Денис Беќировиќ и Жељко Комшиќ утре ќе отпатуваат Њујорк, по повод најавата за усвојување на резолуцијата за геноцидот во Сребреница. Резолуцијата за Сребреница подразбира одлука да се одбележува 11 јули секоја година како Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот извршен во Сребреница во 1995 година.

Предлагачи на резолуцијата за геноцидот во Сребреница се Германија и Руанда. /МИА

Сообраќајот умерен, застои нема

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. 

На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Дневен хороскоп за 30. април 2024 година

Дневен хороскоп за вторник, 30. април 2024 година. 

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Со помош на вашите драги пријатели ќе заборавите на сите љубовни грижи и ќе се отворите за нови можности.

Кариера

Ќе ги усогласите своите ставови и планови со околината , така што во иднина ќе работите полесно и усогласено.

Здравје

Делата се посилни од зборовите.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Нежноста и емотивноста на вашата сакана личност пријатно ќе ве изненади , така што ќе мора да се согласите на неговите или нејзините идеи.

Кариера

Додека се одморате во пријатен амбиент, во душата ги исмевате оние кои не се согласуваат со вас. Тоа и не е многу убаво.

Здравје

Бидете пообјективни.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Ќе дознаете дека некој ве сака и тоа ќе ви го освежи денот. И вие ќе се чувствувате слично , па можете во акција.

Кариера

На работното место ви оди добро, а повеќето од вас ќе му се посветат на приватниот живот, на своето хоби или на спорт.

Здравје

Одете на сонце и на свеж воздух.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Не навалувајте се премногу за да не паднете преку оградата. Чувајте го она што го имате и уживајте со цело срце во тоа.

Кариера

Ќе бидете фокусирани на себеси , во длабоки мисли за вашите деловни предизвици и за тоа кон што се стремите.

Здравје

Не брзајте.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Веројатно околностите ќе ве поттикнат за да размислите за себеси и за својот статус во врската.

Кариера

Ќе бидете во центарот на вниманието и од вас многу чќе се очекува.Многумина ќе се затекнат во ситуација во која ќе се наметнуваат во работата.

Здравје

Можна е минлива главоболка.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Можеби ќе ве нервираат сите и се околу вас , па потрудете се да го најдете она зрно на мир во себеси за да ги надминете провокациите.

Кариера

Во моментов малку може да влијаете на работите , но тоа нема да значи дека оние за кои се однесува ова , нема да продолжат добро да работат. Прифатете ги.

Здравје

Зајакнете се со прошетка на свеж воздух.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Ќе успеете да и се прилагодите на саканата личност без да поставувате премногу прашања. Верувајте во подобро утре.

Кариера

Со олеснување ќе го дочекате крајот на работното време , зашто знаете дека ви е потребно што повеќе опуштање и одмор. Работата нека причека.

Здравје

Осмислете пријатен ден за себеси.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Ќе бидете среќни и задоволни во друштво на саканата личност , а нема да ги заборавите ниту контактите со пруијателите што може да бидат инспиративни.

Кариера

Некои го чекаат финалето на едно истражување , чии резултати може да стигнат во секој момент. Размислете какви ќе бидат.

Здравје

Јадете здрава храна .

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

И натаму сте среќни и радосни во душата , саканата личност ве поддржува. Денеска идеите за љубов ќе ви доаѓаат самите од себе.

Кариера

Психолозите, психијатрите и сличните професии денеска ќе приведат до крај една фаза од својата работа и ќе дојдат до нови откритија. Останатите ќе читаат меѓу редови.

Здравје

Терапиите се ефективни.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ќе поверувате дека љубовта доаѓа низ желудникот и на саканата личност ќе и подготвите вечера што ќе ја воодушеви.

Кариера

Добро ќе се снаоѓате во новонастанатата ситуација . Дури и ќе им бидете од полза на другите , па помогнете им.

Здравје

Помалку јадете , повеќе спортувајте.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Во прашањата за чувствата сите коцкички ќе се поклопат по ваша желба. Оттаму многумина денеска ќе сфатат колку се среќни.

Кариера

Не само што одлично ќе функционирате во редовните работни задачи , туку ќе успеете да ги забавувате сите околу вас.

Здравје

Нема пречки пред вас.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Најдобро ќе се чувствувате во својот свет , што самиот го создавате со помош на фантазијата. Се друго ќе биде главно фрустрирачки.

Кариера

Добро ви оди , а на повидок се и некои нови работи. Без оглед што вашите шефови миослат поинаку, вие се држите за своето.

Здравје

Не се откажувајте од вашата цел.

притисни ентер